Неделава Данска стана првата земја која дозволи користење на интернет за време на испитите, бидејќи според данците „живееме во модерни времиња“ и знаењето не е „бубање“ книги туку знаењето е да се најде информацијата и да се искористи. Неделава и Google го објави Dashboard, интересен сервис кој покажува колку Google знае за вас, колку пати сте гледале YouTube видеа, колку мејлови имате... Иако звучи страшно, сепак е голем чекор кон транспареноста и давање контрола на корисниците врз своите информации. Кога сме кај Google, тие и должат на Турција околу 32 милиони евра бидејќи гигантот затајувал данок. Така велат турските власти, додека Google се брани дека сметките за нивниот европски бизнис со онлајн рекламирање се праќаат од Ирска па затоа не мора да плаќа национален данок на земјите.
Од македонското ИТ општество, имаме интересна Facebook група против семејното насилство која за само 6 дена допре до 20.000 македонски корисници кои со своите коментари отвораат интересна дискусија на друштвената мрежа. Исто така неделава се најави AutoDesk проектот вреден 9 милиони евра со кој ќе се опремат 3 универзитети во Македонија со лиценциран и професионален софтвер за дизајн и архитектура.
Не заборавајте да не следите на Twitter - @IT_info или пак на Facebook за добивање кратки информации од случувањата во ИКТ индустријата. Нашите содржини се достапни и преку категоризирани RSS канали, вклучувајќи и посебен RSS канал за неделниот преглед.
Дали сакате да го спонзорирате неделниот преглед на IT.com.mk?

Вклучете сé и вие во дискусиите за информатичка технологија на форумот на
IT.com.mk. Можете да дискутирате, да научите нешто или пак да помогнете
на почетниците да се снајдат во ИТ светот...
Kои вести ја одбележаа неделава...
Ќе препишувате ли ако дозволат интернет за испити?
Данска стана првата земја во светот која дозволи да се користи интернетот за испитите. Студентите можат да сурфаат каде сакаат, Facebook, YouTube... но не смеат да комуницираат со пријателите, да копираат делови од текстови и да ги пастираат, туку само да ги користат за наоѓање на потребната информација. Поентата е да се научат учениците да користат и процесираат информации.
Што се знае Google за вас? Повелете...
Dashboard помага да дознаеме што знае Google за нас, информации зберени
додека сме биле логирани со Google профилот и сме ги користеле
сервисите. Можеби кога ќе погледнете што се знае Google за вас
навистина ќе се уплашите за вашата приватност.
Пример, Google знае за мене дека имам околу 600 мејла, 300+ испратени,
дека имам десетина документи на Gdocs... Тоа се неверотно голем број
информации! Приватноста како да не постои.
ИТ.ЕУ: Пиратите ја освојуваат Европа; телеком реформи
Мојата политичка амбиција вклучува целосна ревизија и промена на авторските права, целосно одстранување на системот за патенти и побалансиран пристап кон безбедноста, и пристапот на пазарот кон приватноста, каде последново треба да се разгледа со многу внимание. Верувам во правата на граѓаните, дури и во дигитална околина.“ пишува г-ѓа. Андерсдотер на својот блог.
- Intel повторно на суд поради манипулација на пазарот - Овојпат компанијата е тужена од државата Њу Јорк откако по 20 месечна
истрага се откри дека Intel нудел „специјални“ попусти вредни милијарди
долари на Dell, IBM и Hewlett-Packard за да ги користат Intel-овите
процесори наместо тие на конкурентите.
- Како интернетот ни овозможува интимност- Поради технологијата ние сега комуницираме со пријателите и семејството
многу повеќе отколку кога не би користеле технологија, вели Стефана
Броадбент, етнограф од University of London која дваесетина години
проучува како луѓето користат технологија.
- Радиото како медиум е пред интернетот - Анализа на Nielsen и Council for Research Excellence потврди дека
телевизијата се уште е крал на медиумите, но изненади со информација
дека радиото се конзумира почесто од интернетот. Aнализата на Nielsen
покажала дека скоро 77 отсто од возрасните слушаат радио дневно!
- Сите се криви за кражба на нашиот филм, вели Paramount - Филмот се објави на 9 мај, а истиот ден се појави и руска кино снимка
од филмот, вели Paramount. По руската следела филипинска верзија,
украинска, шпанска, германска, американската... Потоа во септември се
појави верзија со DVD квалитет за која Paramount открил дека преку 5
милиони IP адреси симнале 6 јазични верзии од филмот. Тие 5.3 милиони
симнувања се извршиле од преку 73.625 URL адреси.
- Турција вели дека Google избегнува данок - После едно годишна истрага, властите во Турција го казнија Google со 32
милиони eвра заради избегнување да платат национaлен данок, пишува
TechCrunch.
- Совет: Firefox додаток со Dislike опција за Facebook - Знаете дека на Fаcebook има опција да 'Like' постови кои ви се
допаѓаат. Но нема опција да 'Dislike' постови кои не ми се допаѓаат и
кои се глупави? Епа имам добри вести ... се пјави интересен Firefox
додаток кој овозможува да 'Dislike' постови.
- Совет: Splashup, бесплатна веб замена за Photoshop - Splashup е бесплатен веб сервис за обработување на фотографии, се работи со него
преку прелистувач и е лесен за користење, можеби не е Photoshop но има
доволно опции за брза изработка на фотографијата.
IT.MK
20.000 FB члена против семејно насилство
Facebook групата „„Вистинскиот маж никогаш НЕ удира жена!““
за само 6 дена стигна до 20.000 члена. Toa што може да се заклучи од
успехот на групата е дека Facebook е одлично место за ширење на
сериозна порака. Читајќи ги коментарите можете да видите дека членовите
ја подржуваат групата. Има и несоодветни шали, но тоа не е ништо ново
на интернет
Тоа што е интересно е што самите фанови допринесуваат со содржината,
видео спотови за подршка на жените, разни интересни идеји и пораки кои
отвараат мини дискусија...
Моја Кариера, интерактивен портал за практиканство
Целта на Програмата е намалување на јазот помеѓу понуда и побарувачка
на квалитетна работна сила преку градење на партнерски односи помеѓу
образовниот сектор и компаниите, зголемување на вештините за
работоспособност на студентите и учениците преку обуки за пишување на
CV, мотивационо писмо, комуникациски вештини и работна етика,
подготовка на компаниите за организиран прием на практиканти преку
обуки за методологија за успешна практикантска работа и механизам за
евалуација на ментори од компаниите кои ги следат практикантите во
нивното работење и организирање на успешни практикантски ангажмани кои
би прераснале во нови вработувања.
9 мил. евра вредна Autodesk донација за универзитите
Вредната донација опфаќа софтверски пакети за проектирање и визуелизација на проекти поврзани со техничките науки и е наменета за четирите факултети на Универзитетот „Кирил и Методиј“ и тоа: Машинскиот факултет, Електротехничкиот, Градежниот и Архитектонскиот факултет, како и за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и University American College од Скопје.
Донацијата ќе се искористи да се опремат 400 работни места на трите универзитети со околу 3.300 поединечни програми наменети за идните инжинери.
- Блог: Родова стратегија: забрането овошје? - Во ред, портал за
девојки и жени, со карактеристичен и допадлив дизајн, поп-космо-теми, не е лошо
да се има, и така доста ни е веќе од општи/забавни/вест портали. Чувството на
познато и видено се појави заради http://zadovoljna.com.hr/,
првиот хрватски портал на таа тема. Сличностите во решението и фокусот е
очиледен, што ме натера на мисла за дијаметрално различниот пристап во
именувањето. Додека хрватското решение за именување удира повеќе на
препознатливост по идеја на имиџ и слика за себе, нашето удира на идеја за
забрането овошје, припадност, ексклузивност на пристап по род..
- Запознајте се со д-р. Павле спамерот - Интересно не се работи за никаков Павле туку се работи за Paul што може
да се види од неговиот мејл paulvanxxio119... Преводот е направен со
веб сервиси, најверојатно со Google Тranslate,
чии преводи пак наликува на некој иселеник што не го знае македонскиот
јазик. Исто така има и многу зборови на англиски кои најверојатно
Google Тranslate не знаел како да
го преведе.
ИТ анкета: Се чека пиратски Windows 7
Од 495 испитаници 70 отсто или 347 луѓе ќе користат
Windows 7, новиот оперативен систем на Microsoft. Но, само 10 отсто или 50 луѓе планират да купат лиценцирана верзија од софтверот, додека 60 отсто или 297 чекаат пиратска верзија на оперативниот систем. Оваа „пиратско“ расположение се должи само на две работи: Или лиценциран софтвер е скап за македонските корисници или пиратските бесплатни верзии се лесно достапни.
Од останатите испитаници, 10 отсто ќе останат на старите верзии на Windows ХP и Vista. 8 отсто не се сигурни дали сакаат Windows 7, дедека 12 отсто, односно 60 луѓе, користа друг оперативен систем како Linux, OS X...
Како надополнување на оваа анкета, на форумот на IT.com.mk има уште една анкета т.е тема „Дали оперативниот систем на вашиот компјутер е легален?“ која покажува слични резултати, дека повеќето корисници користат пиратски оперативен систем.

Weird bukve - Клучни зборови: Данска Турција неделен преглед Facebook друштвени мрежи Google Dashboard Вистинскио маж никогаш не удира жена Моја Кариера Intel Њу Јорк Windows 7 анкета пиратски лиценциран софтвер Autodesk Универзитети донација
|