IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести
Стив Џобс го престави Apple iPad
Објавено на: 28.01.2010
Стив Џобс го престави Apple iPad Конечно Apple го објави iPad. Со таблетот ќе можете да читате новини, да гледате филмови, слушате музика, прегледувате слики, да споделувате на друштвени мрежи... целиот интернет на дланка т.е на 7 инчен екран со допир со харддиск од 16,32 и 64 гигабајти. iPad е 1.5cm тенок и тежи помалку од килограм. Батеријата му држи скоро 10 часа. А колку чини? Цената се движи од 500 до 800 долари зависи од просторот и можноста за WiFi и 3G.
Клучни зборови:  Apple   iPad   Стив Џобск   tablet   таблет   хардвер   7 инчен екран   уред   мултимедија

 
Во исчекување на Apple Tablet...
Објавено на: 27.01.2010
Во исчекување на Apple Tablet... Денеска во 19 часот Apple на „Come see our latest creation“ настанот ќе го објави долгоочекуваниот Tablet. Apple успеа да го скрие името, дизајнот и другите детали за уредот, но не успеа да ги спречи шпекулациите и прераскажувањата. Додуше сето тоа одговора на Apple за да се популаризира уредот.

Клучни зборови:  Apple   tablet   таблет   весници   iSlate   блогирање   во живо   настан   Come see our latest creation

 
Надополнето: Oбјавен хакот на PlayStation 3
Објавено на: 27.01.2010
(линк до постото на Џорџ Хотз, каде е објавен хакот ќе го најдете под првобитниот текст)

PlayStation 3 хакнат после 3 години Sony PlayStation 3 е еден од уникатните гејминг производи кој не работи со пиратски софтвер... т.е не работеше до сега. Хакерот Џорџ Хотз познат по хакнувањето на iPhone за да работи и на други мрежи, изјави дека по неколку недели работа успеал да го пробие системот на PlayStation 3 да пушта пиратски видео игри.


Клучни зборови:  PlayStation   Sony   PS3   Џорџ Хотз   George Hotz   хакер   хакнување   пробивање   пиратски видео игри

 
umoevreme... немавме интернет мемиња
Објавено на: 27.01.2010
umoevreme... немавме интернет мемиња Помалку носталгично, но доста креативно и забавно македонската Twitter заедница започна интернет меме „umoevreme“. Секој од околу 375 твита започнува со хаш тагот и потоа следи спомен од минатото кога времињата можеби или не беа подобри.

Интернет меме започнува кога некој корисник најде интересен линк или направи нешто интересно, по што останатите корисници продолжуваат да го споделуваат линкот или пораката, понекогаш и да ја изменуваат. Целта на мемето е забава и интеракција меѓу корисниците. Понекогаш се откачени, понекогаш се глупави, но во овој случај „umoevreme“ се претвори во неверојатн креативно меме кое ја демонстрира промената на општеството во кое живеевме.


Клучни зборови:  umoevreme   носталгија   креативно   интернет меме   meme   Twitter   Trendistic   tag   минато   општество   ИТ.мк

 
Aвстралија го гаси интернетот
Објавено на: 26.01.2010
Aвстралија го гаси интернетот Од страв дека интернетот во Австралија ќе стане регулиран и цензуриран како во Кина, австралиските корисници започнаа бојкот со гасење на интернетот.

Австралиските власти сакаат да воведат филтри за содржина на сите интернет провајдери во земјата и со тоа да ја блокираат сета незаконска содржина како детска порнографија, пиратерија, насилничка содржина... но internetblackout.com.au вели дека тие филтри нема да ги заштитат децата и дека ова е опасен преседан.


Клучни зборови:  Australia   свет   Австралија   цензура   филтер за содржина   internetblackout.com.au   blackout   затемнување   провајдери   бојкот   Electronic Frontiers

 
ИТ.мк: Студенти, интернет-киосци, дигитално наследство
Објавено на: 25.01.2010
ИТ.мк: Студенти, интернет-киосци и дигитално наследство Најдобрите 125 студенти по ИТ од државните и приватните факултети ќе добијат стипендии од вредност од 5.500 денари. Министерот за образование Никола Тодоров изјави дека со ова младите ИТ професионалци ќе станат конкурентни на домашната и светска сцена.

Клучни зборови:  ИТ.мк   студенти   информатичари   ИТ   образование   дигитализација   интернет-киосци   рурални средини   културно наследство

 
Првиот твит од Вселената
Објавено на: 25.01.2010
Првиот твит од Вселената Здраво Твитерверзум. Сега од живо твитаме од Интернационалната Вселенска Станица - првиот твит од вселената, пишува @Астро_TJ, oдносно астронаутот Тимоти Кремер.

Ова е мал твит за астронаутот кој е долго време активен на сервисот за микро-блогирање, но огромен твит за човештвото кое се почесто наоѓа корисна употреба на Twitter. Првото нешто што е забележително за сервисот е што секој корисник, без врска дели регистриран или не на сервисот, може да ги следи твитовите на астронаутот. Второ и поинтересно, Twitter овозможи да споделуваме информации и да комуницираме со астронаут во вселената!


Клучни зборови:  Тwitter   Astro_TJ   NASA   вселена   интернационална вселенска станица   астронаут   твит   свемир

 
Неделен преглед 23.01.10: Деца генијалци,Тетрис и Twitter
Објавено на: 23.01.2010
Неделен преглед 23.01.10: Деца генијалци, мобилни апликации, Tетрис и Twitter Неделава имавме неколку текстови за најмладите ИТ корисници, за Марко Чаласан кој стана најмладиот Microsoft aдминистратор и за децата од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес кој имаа видео повик со нивните соученици од Долна Нормандија, како и за 11 годишниот Камерон кој напиша iPhone апликација и донира дел од профитот за детска болница. Кога сме кај апликациите и iPhone според истражувањето на Gartner од сите симнати мобилни апликации, 99 отсто се симнуваат од Apple App Store.

Клучни зборови:  Неделен преглед   Тетрис   Марко Чаласан   генијалци   апликации   IPhone   Apple   Велес   

 
Пишување вести само од Twitter и Facebook?
Објавено на: 22.01.2010
Пишување вести само од Twitter и Facebook? Пет радио новинари ќе се изолираат во куќа во француско село за 5 дена и само со пристап само до Тwitter и Facebook ќе се обидат да објавуват актуелни и веродостојни вести. Забрането им е пребарување низ интернет, а најверојатно нема да користат телефон за да ја потврдат веродостојноста на вестите.

На двете друштвени мрежи има вкупно 400 милиони корисници кои споделуваат најразновидни информации секоја секунда.


Клучни зборови:  Twitter   Facebook   новинари   изолација   друштвени мрежи   новинарство   веродојстојност   вести   информација

 
ИТ.мк: Пилот-проект за електронска размена на податоци
Објавено на: 22.01.2010
ИТ.мк: Стартува пилот-проект за електронска размена на податоци Започна проектот за поврзување на државните институции во систем за интероперабилност со цел да се користи една дата бази во изработка на податоците. Пилот-проектот ќе ги опфати Царинската управа, МВР, Централниот регистар, Управата за јавни приходи и Катастерот. Тие пет институции во рок од шест месеци ќе бидат поврзани и ќе имаат една дата база на податоци, при што нема да има потреба од дуплирање информации, а преносот на информациите со УСБ и дискови ќе биде минато, вели ИТ министерот Ивановски.

Клучни зборови:  МИО   ИТ.мк   Министерство за информатичко општество   интероперабилност   адмиинистрација   институција   Иво Ивановски   еВлада   Влада 2.0

 
<< 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 >>
IT.com.mk форум

Twitter сервиси

Повеќе од 50% од сите твитови на Twitter се објавени користејќи мобилни и веб-базирани алатки, а не платформата на Twitter.com. Најпопуларен сервис е TweetDeck со 19.7% искористеност. (Мај, 2009)
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(104 глас/а)

  • 78.8%
  • 5.8%
  • 5.8%
  • 9.6%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност