IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести
Време е да ги замениме професорите со роботи
Објавено на: 04.03.2010
Време е да ги замениме професорите со роботи Корејскиот институт за наука и технологија (KIST) и Нипон институтот за технологија (NIT) успешно изработиja и тестираa робот-професор. Хуманоидот е-Nuvo ќе започне да предава во 500 пред-школи и градинки во 2011 година, а во 2012 година ќе биде спремен да започне со официјални предавања во основните и средните училишта, пренесува корејскиот ETNews.

Има две верзии од роботот. Корејски кој е наменет за помладите, пример да им пее песнички, и јапонски кој е наменет за повозрасна публика и има вградено проектор на кој ќе проектира лекции од наука, технологија, инжинерство и математика.


Клучни зборови:  Кореја   Јапонија   робот   професор   предавања   e-Nuvo   хуманоид   училишта   градинки   учител   свет

 
Facebook со 1 милијарда долари профит во 2010?
Објавено на: 03.03.2010
Facebook со 1 милијарда долари профит во 2010? Facebook направи околу 600 милиони долари профит во 2009 година, и е на пат да направи 1.1 милијарда долари во 2010 година, пишува блогот Inside Facebook, блог кој е кредибилен извор на информации за друштвената мрежа.

Facebook не го открива профитот бидејќи е приватна компанија, но лани во семптември само најави дека стана профитабилен. Тогаш, во септември, неколку извори објавија дека приходите достигнаа 550 милиони и продолжуваат да раснат, скоро дуплирајќи се секоја година - 150 милиони долари во 2007 година, 300 милиони во 2008 и 600 милиони во 2009 година.


Клучни зборови:  Facebook   Inside Facebook   профит   бренд   реклами   локални брендови   апликации   виртуелна економија   бизнис   интернет

 
Android апликација заработува 13.000 долари месечно
Објавено на: 03.03.2010
Android апликација заработува 13.000 долари месечно И покрај големиот број бесплатни апликации за Аndroid девелоперот Едвард Ким успеа да го освои тој пазар и да заработува 13.000 долари месечно со својата апликација „Car Locator". Користејќи GPS, слики, радари и тајмери, апликацијата ве потсетува каде сте паркирале, колку сте далеку од колата и уште колку време ви останало од купеното паркинг место.

Клучни зборови:  апликација   Car Locator   Android   Apple App Store   Мобилен   GPS   паркирање   Едвард Ким   девелопер   софтвер

 
Египетски блогер пред воен трибунал
Објавено на: 03.03.2010
Египетски блогер пред воен трибунал Дваесет годишниот Ахмед Мoстафа, студент по инжинерство, на 7 март ќе се најде пред воен трибунал бидејќи на својот блог ја критикувал војната академија за непотизам.

Доказите против блогерот се само еден блог пост напишан пред година дена во кој Мостафа напишал дека син на професор бил тргнат од акадамијата за да на негово место дојде друг син на некој побогат кој го платил местото. Најчудно е што воопшто не е спроведена истрага во тоа што блогерот го напишал.


Клучни зборови:  Египет   Ахмед Мостафа   блог   цензура   воен трибунал   судење   непотизам   војна академија   Репортери без граници   човекови права   слобода на говор   свет

 
Претпазливо со мејловите и линковите од ИК Банка
Објавено на: 02.03.2010
Претпазливо со мејловите и линковите од ИК Банка Наидовме на имејл измама која ја користи ИК Банка. Мејлот вели дека некој ви влегол во сметката од банката и со лажен линк ве води на сајт преку кој ви ја краде лозинката до правата сметка. Имејлот е доста уверлив. Го има логото на банката, ве предупредува да не споделувате лозинки, ве советува што да правите, дури и вели дека ќе ви ja запамети вашата ИП адреса. Доколку испаничите и ги испуштите неколкуте работи што се истакнуваат може наивно да ја дадете вашата сметка.

Клучни зборови:  измама   ИК Банка   скам   имејл измама   Павле од Нигерија   Линкови   приватност   безбедно   лозинка   сметка

 
Microsoft преведува во реално-време
Објавено на: 02.03.2010
Microsoft преведува во реално-време Microsoft тестира преведување во реално време за мобилен телефон. Целиот телефонски разговор се преведува на различен јазик додека зборувате. Сличен проект беше најавен и од Google но за разлика од нив, кои само го најавија преведувањето, Microsoft објави видео од прототипот „Преведувачки телефон“ објаснуваjќи како работи преведувањето.

Клучни зборови:  Microsoft   translation   Project Gustav   превод   преведување во реално време   разговор   јазици

 
Стартуваше Mafia.mk
Објавено на: 02.03.2010
Стартуваше Mafia.mk Mafia.mk е прва македонска онлајн игра налик на друштвена мрежа која се бави со организираниот криминал. Играта е веб базирана, значи ви треба прелистувач за да ја играте и е едноставна текстуална игра. Вие сте криминалец кој се обидува да стигне до врвот на подземјето. Крадете автомобили, лижавчиња од деца, продавате дрога со цел да се збере поголема почит и секако - пари. Звучи навистина криминално, но покрај забавниот аспект има и едукација вели Трајче Петров алијас SkechBoy, студент на електро-технички факултет и еден од креаторите на Mafia.mk.

Клучни зборови:  mafia.mk   ИТ.мк   Трајче Петров   масовна онлајн игра   веб базирана игра   игра   мафиа   организиран криминал   електро-технички факултет

 
ИТ.еу: Google Street View и поефтини роаминг сметки
Објавено на: 01.03.2010
ИТ.еу: Google Street View и поефтини роаминг сметки Европската Унија бара подобрување на приватноста за Google Street View, поточно промени на начинот на кој се складираат сликите од овој проект на Google со кој сака да ги отслика сите улици во светот. Oвој проект често е критикуван поради приватноста, неколку ЕУ земји забранија Google да ги слика улиците, додека пак селаните од едно британско селце поставија и блокади на патот да го спречат Street View амвтомобилот.

Клучни зборови:  EU   ЕУ   Google   Street View   приватност   улици   мобилни   шок сметски   телефон   роаминг   дата роаминг   Европска Унија   Европска Комисија

 
ИТ.мк: Дефинитивно нема ваучери за апсолвентите
Објавено на: 01.03.2010
ИТ.мк: Дефинитивно нема ваучери за апсолвентите Во сегашниот буџет не се предвидени средства за студентстки ваучери, рече министерот за информатичка технологија Иво Ивановски. Но иако со изјавата потврди дека нема да има ваучери, сепак министерот за Сител рече дека постои можност со ребаланс на буџетот да останат некои 2.5 милиони евра кои ќе се наменат за апсолвенти.

Клучни зборови:  ваучери   Сител   Министерство за информатичко општество   апсолвенти   ИТ.мк   буџет   Facebook

 
Неделен преглед 27.02.10: Mедицина, безбедност, прoдавници..
Објавено на: 27.02.2010
Неделен преглед 27.02.10: Mедицина, безбедност, прoдавници... Италија затвори тројца екс-дирекотори на Google поради онлајн видео, Facebook ја најави виртуелната економија, а и Далеј Лама отвори официјален профил. Ова се дел од случувањава неделава. Најинтересните вести сепак доаѓаат од ИТ.мк сцената каде стартуваше новиот Zero Science Lab, Семос Едукација најави официјални Javа тренинзи, беше направен WordPress плугин за Ping.mk, се објави интернационален извештај кој ја споредува ИКТ развиеноста во Македонија со останатиот свет и направивме кратка листа на онлајн .mk продавници. Линковите до вестите ќе ги најдете подолу.

Клучни зборови:  неделен преглед   Италија   безбедност   ИТ.мк   неделава   извештај   ИКТ   Македонија   Zero Science Lab   Медицина   Ping.mk   TED

 
<< 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 >>
IT.com.mk форум

Facebook манија

Facebook има над 200 милиони активни корисници од кои 100 милиони се логираат на сајтот дневно. Просечниот член има 120 пријатели и повеќе од 20 милиони корисници го обновуваат својот статус барем еднаш дневно. Секој месец повеќе од 8 милиони видеа и над 850 милиони фотографии се објавени од страна на членовите. (Мај, 2009)
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(141 глас/а)

  • 75.2%
  • 6.4%
  • 7.1%
  • 11.3%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност