Google воведе опција за побезбедна содржина на YouTube. Тоа значи дека можете да го искористите „Безбедносниот мод“ на YouTube и да не добивате содржина која може да ве навреди, која е вулгарна или политички некоректна.
Земајќи в предвид дека YouTube e вториот најпопуларен пребарувач, оваа корисничка само-цензура може да биде корисна за родителите кои сакаат да си ги заштитат децата од несакана содржина која ја има на тони на видео сервисот.
Google го стартуваше Buzz, сервис налик на друштвените мрежи интергираран како додаток на Gmail сервисот... Во пракса Google Buzz е многу налик на Facebook, имате "like" опција, оставање коментари, споделувате слики, видеа, линкови, сите постови можете да ги праќате на другите корисници преку мејл или на тие што ве следат... Знаејќи го тоа прашањето е зошто да сте на Buzz кога веќе сите контакти и пријатели ви се на Facebook? За да биде понезгодно во моментот можете да праќате пораки само од Twitter нa Google Buzz, но не и обратно, а нема никаква интерграција со Facebook. Нема постирање ниту пренесување Facebook постови. Клучни зборови: GoogleBuzzдруштвена мрежаGmailFacebookпостовиTwitterимејлдруштвена платформа
Google работи на софтвер за мобилните телефони кој ќе овозможи преводи во реално време, односно софтверот преведува во моментот на телефонскиот разговор. Ова автоматско преведување во релно време ќе биде една од најневеројатните технологии која ќе ги поврзе сите 6.000+ јазици ширум светот. Клучни зборови: преводGoogle Translateпрепознавање на гласмобилен телефонпреведувањереално времејазикзборови
Tаблет компјутерите се интересно нешто. Првин ги немаше никаде т.е многу малку се знаеше за нив, за потоа да се појави Apple iPad и да почне да се планира за тој пазар кој според истражувањето на In-Stat ќе донесе 4.1 милијарда долари во 2014 година.
Оваа сега за сега звучи како премногу оптимистичка прогноза. Еве да го земеме Apple iPаd како преставник на таблет компјутерите (а кои други ги има?) кои се уште се нова неистражен дел од ИТ индустријата. iPad наиде на многу остри критики, дел заради немање Flash, дел заради неможноста за мултитаскинг( работење на неколку апликации истовремено), и дел поради огромната цена од 500 до 800 долари зависно од спецификациите. Клучни зборови: TabletpcIn-statAppleiPadFlashмултитаскингMicrosoft2014хардверанализаGoogleтаблетфорум
Facebook го прослави 6-тиот роденден и стигна до 400 милиони корисници. Неделава на друштвената мрежа започна интересна дебата за видеото „Скопје 2014“. Најпопуларната платформа за мобилни Symbian стана слободен софтвер. Имаме вест од Австралија каде тамошните интернет корисници се спротиставија на законот против анонимно коментирање. Неделава се најави и почеток на „Википедиа“ проектот на МИО... Клучни зборови: Неделен прегледАвстралијаSymbianСкопје 2014роденденИТ.мкФорумДруштвени мрежиСТив ЏобсHTML5
Граѓаните преку друштвените мрежи, Facebook, Twitter, YouTube го коментираат, критикуваат, исмеваат и помал број го фалат идниот изглед на Скопје во 2014 година. Makfaks го закачи видеото „Визуелизација на центарот на Скопје во 2014“ на YouTube вчера, на 4-ти февруари. За само еден ден видеото го привлече вниманието и е гледано 16.000 пати, а искоментирано 380 пати. Клучни зборови: Скопје 2014дизајнплоштадМакедонијаИТ.мкдруштвени мрежикоментаридискусијакритики2014блоговиYouTubeблог.мкMakfaks
Славејќи го 6-тиот роденден Facebook доби поклон - 400 милиони корисници! Пред само два месеци, на почетокот на декември, друштвената мрежа имаше 350 милиони корисници. Сега откако го доби својот поклон Facebook ги части и корисниците.
„За да го прославиме шестиот роденден и 400-те милиони корисници, го правиме тоа што најмногу го сакаме - градиме и стартуваме нови продукти.“ вели Марк Зукенберг.
Технологијата Bluetooth го добила своето име по норвешкиот крал Харалд Блутут (Harald Bluetooth), кој бил познат по тоа што ги обединувал завојуваните племиња во Данска и Норвешка. Целта на технологијата исто така е да ги обедини разните технологии.