IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести
Google Buzzzz... ?
Објавено на: 10.02.2010
Google Buzzzz... ? Google го стартуваше Buzz, сервис налик на друштвените мрежи интергираран како додаток на Gmail сервисот... Во пракса Google Buzz е многу налик на Facebook, имате "like" опција, оставање коментари, споделувате слики, видеа, линкови, сите постови можете да ги праќате на другите корисници преку мејл или на тие што ве следат... Знаејќи го тоа прашањето е зошто да сте на Buzz кога веќе сите контакти и пријатели ви се на Facebook? За да биде понезгодно во моментот можете да праќате пораки само од Twitter нa Google Buzz, но не и обратно, а нема никаква интерграција со Facebook. Нема постирање ниту пренесување Facebook постови.


Клучни зборови:  Google   Buzz   друштвена мрежа   Gmail   Facebook   постови   Twitter   имејл   друштвена платформа

 
ИТ.еу: Мисли пред да постираш
Објавено на: 09.02.2010
ИТ.еу: Мисли пред да постираш Според истражувањето на EУ, 75% од тинејџерите се на интернет, а околу 50% од нив постираат свои лични инфомарации на интернет кои „остануваат засекогаш и можат да бидат видени од секој“. За да се заштитат корисниците Европската Унија на Денот за побезбеден интернет, 9 фебруари, стартуваше кампања „Think B4 U post“.

Клучни зборови:  Think B4 U post   ИТ.еу   Вивиен Рединг   Европска Унија   ИКТ   друштвени мрежи   безбедност   9 фебруари   безбедно на интернет   europa.eu   saferinternet.org

 
ИТ.мк: Собранието за побезбеден интернет
Објавено на: 09.02.2010
ИТ.мк: Собранието за побезбеден интернет По повод европскиот ден на безбеден интернет Собранието на РМ одржа јавна расправа на оваа тема. Во своето воведно обраќање, претседателот на Собранието, Трајко Вељановски зборуваше за секојдневното користење на интернетот, за потребата од безбеден интернет, но при тоа да се „внимава да не се повредат општите начела од корпусот на човекови права.“

Клучни зборови:  Sobranie.mk   јавна дебата   Трајко Вељановски   обраќање   текст   безбедност   приватност   побезбеден интернет   злоупотреба   лични податоци

 
ИТ.мк: Интернетот е страшен
Објавено на: 09.02.2010
ИТ.мк:: Интернетот е страшен „Дали сте размислувале дека секој може на Интернет да објави или да монтира дискредитирачка видеоснимка, текст или аудио и со тоа засекогаш да ви ги уништи угледот и кариерата?“ вака започнува текстот на Нова Македонија која користејќи го 9 фебруари како ден за онлајн безбедноста пишува за тоа како луѓето се плашат од интернетот.

Клучни зборови:  Нова Македонија   ИТ.мк   безбедност   прифатност   друштвени мрежи   интернет   страв   плашење   криминал   глупости   Македонци   Сашо Аќимовски   докторка   заштита   лични податоци

 
Google размислува за преведување во реално време
Објавено на: 08.02.2010
Google размислува за преведување во реално време Google работи на софтвер за мобилните телефони кој ќе овозможи преводи во реално време, односно софтверот преведува во моментот на телефонскиот разговор. Ова автоматско преведување во релно време ќе биде една од најневеројатните технологии која ќе ги поврзе сите 6.000+ јазици ширум светот.

Клучни зборови:  превод   Google Translate   препознавање на глас   мобилен телефон   преведување   реално време   јазик   зборови

 
Ќе се продадат 50 мил. таблет PC во 2014
Објавено на: 08.02.2010
Ќе се продадат 50 мил. таблет PC во 2014 Tаблет компјутерите се интересно нешто. Првин ги немаше никаде т.е многу малку се знаеше за нив, за потоа да се појави Apple iPad и да почне да се планира за тој пазар кој според истражувањето на In-Stat ќе донесе 4.1 милијарда долари во 2014 година.

Оваа сега за сега звучи како премногу оптимистичка прогноза. Еве да го земеме Apple iPаd како преставник на таблет компјутерите (а кои други ги има?) кои се уште се нова неистражен дел од ИТ индустријата. iPad наиде на многу остри критики, дел заради немање Flash, дел заради неможноста за мултитаскинг( работење на неколку апликации истовремено), и дел поради огромната цена од 500 до 800 долари зависно од спецификациите.
Клучни зборови:  Tablet   pc   In-stat   Apple   iPad   Flash   мултитаскинг   Microsoft   2014   хардвер   анализа   Google   таблет   форум

 
Неделен преглед 06.02.10: Скопје 2014, Symbian, Facebook, Aвстралија...
Објавено на: 06.02.2010
Неделен преглед 06.02.10: Скопје 2014, Symbian, Facebook, Aвстралија... Facebook го прослави 6-тиот роденден и стигна до 400 милиони корисници. Неделава на друштвената мрежа започна интересна дебата за видеото „Скопје 2014“. Најпопуларната платформа за мобилни Symbian стана слободен софтвер. Имаме вест од Австралија каде тамошните интернет корисници се спротиставија на законот против анонимно коментирање. Неделава се најави и почеток на „Википедиа“ проектот на МИО...

Клучни зборови:  Неделен преглед   Австралија   Symbian   Скопје 2014   роденден   ИТ.мк   Форум   Друштвени мрежи   СТив Џобс   HTML5

 
Онлајн бунт против Скопје 2014
Објавено на: 05.02.2010
Онлајн бунт против Скопје 2014 Граѓаните преку друштвените мрежи, Facebook, Twitter, YouTube го коментираат, критикуваат, исмеваат и помал број го фалат идниот изглед на Скопје во 2014 година. Makfaks го закачи видеото „Визуелизација на центарот на Скопје во 2014“ на YouTube вчера, на 4-ти февруари. За само еден ден видеото го привлече вниманието и е гледано 16.000 пати, а искоментирано 380 пати.

Клучни зборови:  Скопје 2014   дизајн   плоштад   Македонија   ИТ.мк   друштвени мрежи   коментари   дискусија   критики   2014   блогови   YouTube   блог.мк   Makfaks   

 
Facebook со нов дизајн и 400 милиони корисници
Објавено на: 05.02.2010
Facebook со нов дизајн и 400 милиони корисници Славејќи го 6-тиот роденден Facebook доби поклон - 400 милиони корисници! Пред само два месеци, на почетокот на декември, друштвената мрежа имаше 350 милиони корисници. Сега откако го доби својот поклон Facebook ги части и корисниците.

„За да го прославиме шестиот роденден и 400-те милиони корисници, го правиме тоа што најмногу го сакаме - градиме и стартуваме нови продукти.“ вели Марк Зукенберг.


Клучни зборови:  Facebook   Mark Zuckenberg   Марк Зукенберг   400 милиони   дизајн   пребарување   фотографии   друштвена мрежа

 
Видео разговори со аугментирана реалност
Објавено на: 05.02.2010
Видео разговори со аугментирана реалност Најновата идеја со дигитално проширената реалност доаѓа од компанијата Zugara која денеска го објави „ZugSTAR" , технологија која овозможува луѓето во различни локации да споделуваат искуство во дигитално проширената реалност преку видео разговори.

„Замислете си веб базиран конференциски систем сличен на Skype, но со додадена функционалност да споделувате аугментирано искуство.“ вели Zugara.


Клучни зборови:  Zugara   ZugSTAR   аугментирана реалност   дигитално проширена реалност   Skype   видео   видео разговори   конференции   медицина   образование   продукт

 
<< 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 >>
IT.com.mk форум

Twitter посетеност

Бројот на посетители на Twitter.com се зголемил двојно во Март, 2009, од 4.3 милиони во Февруари на 9.3 милиони. Порастот на популарноста на сервисот за микро-блогирање се должи на неговата присутност во традиционалните медиуми, како и отворање на профили од страна на популарните холивудски ѕвезди.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(169 глас/а)

  • 75.7%
  • 7.1%
  • 5.9%
  • 11.2%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност