IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести
ИТ.мк: МИО започна со Википедија проектот
Објавено на: 02.02.2010
ИТ.мк: МИО започна со Википедија проектот Министерството за информатичко општество го објави својот „Википедија“ проект кој е иницијатива за збогатување на онлајн енциклопедијата со македонска содржина, иницијатива во која се вклучени неколку универзитети.

Интересно е што иако инволвираните можат лесно да ја закачат содржината на Википедија, сепак од МИО се решија за нов сајт wiki.mio.gov.mk кој личи на енциклопедијата. На сајтот на МИО има одредено кои теми ќе се обработуваат како и дополнителни информаци и упатства.


Клучни зборови:  MIO   Wikipedia   енциклопедија   иницијатива   македонска содржина   студенти   ИТ.мк   Марија Николовска   министерство   информатичко општество   Википедија

 
Секој ден 175 мил. луѓе се логираат на Facebook
Објавено на: 01.02.2010
Секој ден 175 мил. луѓе се логираат на Facebook Facebook има над 350 милиони корисници, а од нив скоро 50% односно 175 милиони луѓе се логираат на друштвената мрежа секој ден! Во таа бројка не припаѓаат луѓето кои се логираат користејќе ја Facebook Connect опцијата (како коментарите подолу).

Инаку вкупно има 1.7 милијарди интернет корисници во светот. Тоа значи дека 1 од 5 има профил на друштвената мрежа.


Клучни зборови:  facebook   статистика   Facebook Connect   друштвена мрежа

 
Пристигна Firefox зa мобилен
Објавено на: 01.02.2010
Пристигна Firefox зa мобилен Мozilla го објави Firefox за мобилните, кој во моментот работи само на Маемо, мобилниот оперативен систем на Nokia N900. Подолу е видео од Mozilla која ги објаснува навистина интересните опции за мобилниот Firefox, како синхронизација на прелистувачот на вашиот декстоп PC на мобилниот. Уште поинтересно, има и додатоци за мобилниот Firefox.

Клучни зборови:  мобилен   Mozilla   Firefox   додатоци   прелистувач   софтвер   Nokia N900   Maeme

 
Неделен преглед 30.01.10: Apple iPad, вселена, премиер, медиуми..
Објавено на: 30.01.2010
Неделен преглед 30.01.10: Apple iPad, вселена, премиер, медиуми...Долгоочекуваниот таблет на Apple е објавен и се вика iPad. Неделава беше објавен и првиот твит од вселената - „Здраво Твитерверзум. Сега од живо твитаме од Интернационалната Вселенска Станица - првиот твит од вселената“ пишува астронаутот Тимоти Кремер. Европската унија најави дека Директивата за заштита на податоците од 1995 год. ќе добие нова верзија во која ќе бидат опфатени друштвените мрежи за да се зајакне приватноста на корисниците. Ова е сосема различно размислување од тоа на Марк Зукенберг, основачот на Facebook, кој рече дека, сега, јавното споделување е норма.

Клучни зборови:  Ит.ЕУ   неделен преглед   iPad   Apple   Twitter   премиер   вселена   таблет   Facebook   ИТ.мк   приватност   споделување   совет   медиуми   оригинална содржина

 
ИТ.ЕУ: Заштита на приватностa на друштвените мрежи
Објавено на: 29.01.2010
ИТ.ЕУ: Заштита на приватностa на друштвените мрежи ИТ евро-комесарката Вивиен Рединг најави нови закони за заштита на приватноста на корисниците, закони кои пред се ќе го разгледаат проблемот со друштвените мрежи и скенерите за тела. Евро-комесарката одбележувајќи го „Денот за заштита на податоците“ (28 јануари) рече дека „не може да очекуваме граѓаните да и веруваат на Европа ако не сме сериозни во бранење на нивното право за приватност.“

Клучни зборови:  ИТ.ЕУ   Европска комисија   ЕУ   Унија   Facebook   Марк Зукенбер   RFID   таргет реклами   Марк Зукенберг   Вивен Рединг   Ден за заштита на податоци   Директива   приватност   безбедност

 
Mобилен радар концепт на Nokia
Објавено на: 29.01.2010
Mобилен радар концепт на Nokia Истражувачкиот тим на Nokia престави нова идеја за идната интеракција со мобилниот телефон. Не се работи за екран со допир туку за радар на мобилниот телефон кој го следи важето движете и реагира со намалување и зголемување на звукот зависно од близината меѓу раката и телефонот.

Основната функција за намалување на звукот на телефонот е одлична и корисна. За демонстрација тимот од Nokia го користи мобилниот телефон за мерење на брзината на одење на еден нивен член. Тоа можеби е малку и непотребно. :)


Клучни зборови:  Nokia   радар   демонстрација   истражување   мобилен телефон   

 
Дигитална (хипер)реалност
Објавено на: 29.01.2010
Дигитална (хипер)реалност „Дигитална (хипер)реалност: домашен робокап“ е можеби малку хаотично и застрашувачко видео, но е доста интересно видео кое ги рагледува сите секојдневни аспекти каде можеме да ја вклучиме дигиталната реалност која се почесто и почесто се појавува меѓу нас.

„Втората половина од 20-тиот век ја запозна изградената оголлина споена со медиумскиот простор, и архитектурата зеде нова улога поврзана со брендирањето, сликите и конзумеризмот. Дигиталната реалност може да ја реконтекстуализира функцијата на конзумеризмот и архитектурата, и да го промени начино на кој функционираме во неа.“ вели Кеичи Матсуда креаторот на видеото и студент по архитектура на лондонскиот Bartlett School of Architecture.


Клучни зборови:  Augmentet   reality   дигитална реалност   хипер реалност   Кеичи Матсуда   архитектура   иднина   

 
ИТ.мк: 89 медиуми на структурален пребарувач
Објавено на: 29.01.2010
ИТ.мк: 89 медиуми на структурален пребарувачМакедонските интернет корисници ќе добијат нов структурален пребарувач кој би требало да им даде овозможи подетално пребарување низ архивите на 89 медиуми и институции. Пребарувачот е без име моментално и не е онлајн, но бета, тест верзијата од пребарувачот e најавена во понеделник.

Клучни зборови:  Ворисав Јаневски   структурален пребарубач   медиуми   информација   пребарување   таг   Игор Трајковски   дискусија   презентација   ИТ.мк

 
ИT.мк: Премиерот тестира свој сајт
Објавено на: 28.01.2010
ИT.мк: Премиерот тестира свој сајт Изгледа премиерот Груевски ќе се дели од владата, ама во смисла ќе има нов сопствен свој веб сајт. Ова се откри откако на Twitter се појави линк до тест верзијата на новиот сајт. Еве што планира премиерот да каже кога ќе се објави сајтот.

„Објавувањето на оваа веб страна претставува ставање во функција на уште еден дополнителен механизам за директна комуникација на граѓаните и медиумите со претседателот на Владата на Република Македонија, за објаснување на владините политики, но истовремено и средство кое ќе овозможи поголема координација и размена на информации помеѓу членовите на Владата и останатите државни институции.“


Клучни зборови:  Премиер   ИТ.мк   vlada.mk   транспарентност   веб портал   веб страна   претседател на влада   мултимедија   комуникација   информација   Drupal

 
Стив Џобс го престави Apple iPad
Објавено на: 28.01.2010
Стив Џобс го престави Apple iPad Конечно Apple го објави iPad. Со таблетот ќе можете да читате новини, да гледате филмови, слушате музика, прегледувате слики, да споделувате на друштвени мрежи... целиот интернет на дланка т.е на 7 инчен екран со допир со харддиск од 16,32 и 64 гигабајти. iPad е 1.5cm тенок и тежи помалку од килограм. Батеријата му држи скоро 10 часа. А колку чини? Цената се движи од 500 до 800 долари зависи од просторот и можноста за WiFi и 3G.
Клучни зборови:  Apple   iPad   Стив Џобск   tablet   таблет   хардвер   7 инчен екран   уред   мултимедија

 
<< 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 >>
IT.com.mk форум

Facebook манија

Facebook има над 200 милиони активни корисници од кои 100 милиони се логираат на сајтот дневно. Просечниот член има 120 пријатели и повеќе од 20 милиони корисници го обновуваат својот статус барем еднаш дневно. Секој месец повеќе од 8 милиони видеа и над 850 милиони фотографии се објавени од страна на членовите. (Мај, 2009)
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(89 глас/а)

  • 76.4%
  • 6.7%
  • 5.6%
  • 11.2%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност