Кинеските власти го предупредија Google дека „ќе ги плати последиците“, дури и ќе го изгаси google.cn, доколку интернет гигантот не го почитува законите во земјата.
Google се побуни против Кина откако неговите сервиси, заедно со уште десетина компании, беа хакнати од „софистициран напад“ кој беше лоциран дека потекнува од Кина. Google остро реагираше и реши да престане да цензурира содржина што е против кинеските закони со кои интернет гигантот во 2006 година се обрза да ги почитува за да започне бизнис на истокот.
Репортерите без граници (RSF), огранизација која промовира за слобода на говор, обави извештај за денешниот онлајн пристап по повод 12 март, Свестки ден против сајбер цензура. Извештајот ја содржи и „Непријатели на интернетот“ листата на земји кои ја контролираат слобдата на изразување, ја цензурираат содржината и го ограничуваат пристапот до информации. Клучни зборови: Репортери без границацензуравеб 2.0блокирањефилтир за содржинаКинаРусијаАвстралијасветблогериблокирање сајтови
Корејскиот институт за наука и технологија (KIST) и Нипон институтот за технологија (NIT) успешно изработиja и тестираa робот-професор. Хуманоидот е-Nuvo ќе започне да предава во 500 пред-школи и градинки во 2011 година, а во 2012 година ќе биде спремен да започне со официјални предавања во основните и средните училишта, пренесува корејскиот ETNews.
Има две верзии од роботот. Корејски кој е наменет за помладите, пример да им пее песнички, и јапонски кој е наменет за повозрасна публика и има вградено проектор на кој ќе проектира лекции од наука, технологија, инжинерство и математика.
Дваесет годишниот Ахмед Мoстафа, студент по инжинерство, на 7 март ќе се најде пред воен трибунал бидејќи на својот блог ја критикувал војната академија за непотизам.
Доказите против блогерот се само еден блог пост напишан пред година дена во кој Мостафа напишал дека син на професор бил тргнат од акадамијата за да на негово место дојде друг син на некој побогат кој го платил местото. Најчудно е што воопшто не е спроведена истрага во тоа што блогерот го напишал.
Ќе се жалиме на одлуката, вели Google откако италијанскиот суд пресуди 6 месечна затворска казна за двајца (поренешни) извршни директори и советникот за приватност на Google Италија поради видео на Google Video во кое се гледа малтретирање на момче до Даунов синдром.
Конкретното видео е постирано во 2006 година, а Google вели дека по поплаки од корисниците го тргнале видеото за само неколку часа, додека италијанските обвинители велат дека видеото стоело 2 месеци на Google Video (ова е кратко пред Google да го купи YouTube). Tоа што е интересно e што судот од Милано вели дека Google е крив што видеото воопшто се нашло онлајн, барајќи секое видео да биде прегледано пред да биде закачено на видео сервисот. Тоа би значело дека Google ќе мора да ги прегледува целиот материјал што се закачува на YouTube, а се закачува по
20 часа видео содржина секоја минута!
Тибетантскиот лидер е уште едно добро познато политичко име кое се приклучи на сервисот за микро-блогирање кој иако ограничува само 140 знака сепак се покажа како одличен сервис за комуникација и интеракција меѓу политиката и обичните граѓани. @DalaiLama за само 1 ден има над 50.000 следбеници на сервисот. Клучни зборови: Dalei lamaTwitterполитичарКинаТибетДалеј Ламаполитички лидерсервис за микро-блогирање
Училиште од Филаделфија ги шпионирало студентите во домашна атмосфера преку вебкамери на лаптопи кои им биле дадени за да им се помогне при учењето. Шпионирањето е откриeно откако едно дете било казнето „поради недолично однесување дома“, а заменик-директорот покажал фотографија сликана од веб камера како доказ, пишува BoingBoing. Клучни зборови: училиштешпионирањестудентивебкамеридомаФиладелфијасветтужба
Национално Заседание на Франција одобри закон за безбедност познат како Loppsi2. Доколку помине и во Сенатот ќе се креира огромна датабаза за интернет корисниците, крстена
„Pericles", и ќе ги обврзе интернет провајдерите да блокираат сајтови кои ќе се најдат на црната листа креирана секако од самите власти. Како и
Австралија, французите велат дека цензурата е наменета за заштита на корисниците и блокирање на детската порнографија и пиратерија. Клучни зборови: ФранзијаАвстралијаНиколас СаркозиLoppsi 2SpiegelLa Quadrature du Netголемиот братинтернет цензурабезбедност
Доколку сакате, а не можете да се возите со воз низ Транс-сибирската железница која поминува низ 2 континенти, 12 руски региони и 87 градови, тогаш не очајувајте. Google заедно со Руската железница стартува веб сајт со виртуелна тура од Москва до Владивосток без да се мрзнете на ниските руски температури. Иако правото патување е многу подобро, сепак виртуелна тура е одлична алтернатива. Клучни зборови: Trans-siberianТранс-сибирска железницавиртуелна тураСибирРусијажелезницавозвидеолитератураYouTubeGoogle
Google и Yahoo се придружија на независните организации, корисниците и групите хакери, со цел да ја одвратат австралиската влада од воведување филтри за цензура и блокриање пристап до сајтови за кои властите ќе ги оценат како „сајтови со недолична содржина“.
Интернет гигантите заедно со Aвстралиската библиотека и информатичка асоцијација и Inspire фондацијата објавија писмо до австралиската влада велејќи дека филтрите нема да помогнат во блокирање на порнографијата која „се наоѓа не на јавните веб сајтови, туку во четовите и P2P мрежите и затоа предложениот филтер нема да биде ефективен во заштитата на децата од непристојна содржина.“ Клучни зборови: АвстралијаGoogleYahooцензурагигантиинтернетсодржинадетска порнографијапринципибезбедност
Технологијата Bluetooth го добила своето име по норвешкиот крал Харалд Блутут (Harald Bluetooth), кој бил познат по тоа што ги обединувал завојуваните племиња во Данска и Норвешка. Целта на технологијата исто така е да ги обедини разните технологии.