IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Брзиот и квалитетен интернет, клуч за економски развој
Брзиот и квалитетен интернет, клуч за економски развој Испечати Е-пошта
Автор: Митко Стојановски   
Објавено на: 02.07.2009
worldbank Kвалитетниот и брз интернет, како и услугите во мобилната телефонија, претставуваат можност за развој на повеќе области на економијата, се вели во најновиот извештај на Светската банка во кој се презентирани опсежни анализи за тоа како ИКТ влијае на економскиот раст на земјите во развој.

Според Information and Communications for Development 2009: Extending Reach and Increasing Impact извештајот, секое зголемување на интернет конекциите од 10%, резултира со зголемување од 1.3% на економскиот развој. Исто така, анализите покажуваат дека мобилната телефонија е најмоќното средство за дистрибуција на јавни и приватни услуги до стотици милиони луѓе од оддалечените рурални области.

„Бројот на интернет корисници во земјите во развој се зголеми за неколку десетици пати во периодот од 2000 до 2007 година, а исто така има околу 4 милјарди корисници на мобилни телефони во овие земји,” вели Мосен Калил, директор за информатички и комуникациски технологии во Светската банка. „Овие технологии нудат извонредни можности. Владите можат да работаат заедно со приватниот сектор на проширување и подобрување на широкопојасните мрежи, како и доближување на услугите до посиромашните корисници.”
Широкопојасниот интернет е важен за локалните ИТ компании кои овозможуваат вработување за млади луѓе, подобрување на продуктивноста и извозот, како и промоција на социјалното здружување. Земјите во развој треба да ја зграпчат оваа неискористена можност, која бележи помалку од 15% искористеност на потенцијалниот глобален пазар на ИТ услуги. Во 2007 година, овој пазар забележа промет од околу 500 милјарди долари.

worldbank
worldbank.org

Според економистот и уредник на извештајот на Светската банка, Кристин Зен-Ваи Кванг, „Владите треба проактивно да го охрабрат развојот на ИТ компаниите преку стимулативни мерки и иницијативи насочени кон менаџерите и приватниот сектор, како и со инвестирање во знаење и инфраструктура.

Анализите покажуваат дека современите технолошки влади можат да бидат поефикасни, потранспарентни и поодговорни. Истражувањето спроведено во повеќе од 30 земји, покажува дека за успешна е-Влада потребни се организациски промени кои треба да бидат водени од високо ниво на политичка посветеност и ефективна координација.

Според Кетрин Сиера, потпретседател за одржлив развој во Светската банка, „Пристапот кон широкопојасните мрежи го комплетира процесот на создавање на информациите во модерните економии и треба да биде приоритетна задача во националните развојни планови. Владите може да ја одиграат клучната улога во проширување на широкопојасниот интернет преку мерки и активности кои ќе ја охрабрат конкуренцијата и приватните инвестиции.”

Извештајот е изработен врз основа на искуствата од вклученоста на Светската банка во овој сектор. Банкарската групација е најголемиот меѓународен донатор на средства наменети за развој и поддршка на ИКТ проектите во преку 100 земји ширум светот, со буџет од преку 3 милјарди долари.



Клучни зборови:  Светска банка   World Bank   ИКТ развој   економски развој   development   широкопојасен интернет   broadband   

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Facebook нации

Според добиените статистики од Facebook во април, 2009 скоро 143.000 жители на Македонија (околу 7% од популацијата) имале свој профил на оваа друштвена мрежа. Истиот месец, 10% од србите биле Facebook корисници, додека само 3.4% од бугарите а 13.4% од хрватите биле FB членови.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали користите интернет на мобилен?

(390 глас/а)

  • 28.7%
  • 26.2%
  • 22.8%
  • 22.1%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...