Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Cisco награди студенти од централна и источна Европа
Cisco награди студенти од централна и источна Европа Испечати Е-пошта
Автор: Стефан Петрушевски   
Објавено на: 25.07.2008
Cisco SystemsДенеска беа објавени петте победници на интернационалниот натпревар организиран од страна на Cisco за конфигурација на интернет мрежи, NetRiders. Натпреварот за прв пат се одржа онлајн на 9 јули и во него учествуваа претставници на над 24 земји. Наградата за победниците е спонзорирана академска тура низ Силиконската долина во Јануари 2009 година.

Во најобeмниот досега NetRiders натпревар учествуваа повеќе од 70 номинирани студенти на Cisco академиите, а како победници беа прогласени Ксила Бесенеј од Унгарија, Борис Дековиќ од Хрватска, Грега Пресерен од Словенија, Крстијан Сандеску од Романија и Павел Стефанов од Бугарија.

- Ова не е мојот прв предизвик во конфигурација на мрежи, но беше најдобриот. Можноста да одпатувам во САД ми даде екстра поттик да дадам се од себе. Одсекогаш сум сакал вакви натпревари, но овој беше најреален и вистински тест. Навистина сум возбуден за патувањето, и одвај чекам да научам повеќе за мрежите и за тоа како работи индустријата. - изјави по прогласувањето на победниците, студентот Ксила Бесенеј.

Студентите се натпреваруваа во разни активности кои вклучуваа писмено одговарање на технички прашања, рачно конфигурирање на мрежи и оддржување на симулиран телефонски повик за техничка поддршка.

Петте победници ќе добијат спонзориран транспорт и сместување во Калифорнија, каде што една цела недела ќе поминат во претставништвото на Cisco и останатите компании со кои Cisco соработува, притоа состанувајќи се со извршни директори, системски инжињери и други експерти кои ќе се обидат преку пракса и корисни информации да им го збогатат знаењето и работното искуство на студентите.

Cisco академиите се институции кои се создадени преку глобална партнерска алиjанса меѓу образовните институции, спонзорирана од компанијата. Целта на овие академии е да помогнат во развојот и создавањето на квалитетен ИТ кадар. Во светот повеќе од 2 милиони студенти имаат стекнато образование во над 10,000 Cisco академии во повеќе од 165 земји, вклучувајќи ја и Македонија каде што постои регионална Cisco академија на Институтот за информатика при Природно-математичкиот факултет.


Клучни зборови:  Cisco   Циско   Академија   Мрежи   Натпревар   Конфигурација   NetRiders   Силиконска Долина   Студенти   Институт за информатика   ПМФ

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум
RSS канали на it.com.mk

Ламер

Технофобик или личност која се плаши од технологијата и не ужива во нејзино користење, како и вистински почетник во компјутерите и технологијата.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
Last.fm
FriendFeed
LinkedIn
MKHOST - www.mkhost.com.mk
Веб хостинг, регистрација на домени, аудио стриминг, дизајн на веб страни

IT.com.mk на Twitter