Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Facebook со нов изглед!?
Facebook со нов изглед!? Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 20.07.2008
Facebook со нов изгледДруштвената мрежа Facebook.com денеска ќе го објави редизајнот на својот сајт откако не успеа да го стори тоа на предвидениот датум - 16 јули. Според она што засега може да се види на тест страната, редизајнот ќе донесе едноставност и поголема прегледност, што значи дека најпопуларната друштвена мрежа и целосно ќе биде прилагодена на веб 2.0 трендот.

Компанија го најави редизајнот и започна со работата уште во пролет, притоа дозволувајќи им на создавачите на апликации посебен пристап до кодот на подобрениот сајт со цел да ги прилагодат своите апликации.

Новиот изглед носи поголем број на промени, најкарактеристична од нив се вградените табови за подобра и полесна навигација кои несомнено ќе ја намалат должината на корисничките профили, кои во многу случаи до сега, заради додадени преголем број на апликации знаеше да биде проблематична.

Редизајнот кој ја задржува карактеристичната плава боја и претпознатливиот стил ќе биде во првична бета фаза, а за време на и по неговата имплементација од компанијата очекуваат поголем број на мали проблеми за кои ветуваат дека ќе бидат разрешени во најкраток можен рок. Исто така најавена е и можна недостапност на сајтот во одредени периоди.

Новиот изглед на Facebook.com
Новиот изглед на Facebook.com


Клучни зборови:  Друштвени мрежи   Социјални мрежи   Редизајн   Дизајн   Facebook   Фејсбук   Веб 2.0   Апликации   Интернет

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
Македонски ИТ форум
RSS канали на it.com.mk

W3C

World Wide Web Consortium (W3C) е интернационален индустриски конзорциум основан во 1994 од Tim Berners-Lee со цел да развива веб стандарди. W3C стандарди се: HTML, XML, URL/URI,SOAP, P3P и др.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
Дамјан Арсовски
Сашо Андријески
Стефан Петрушевски
Зоран Ивановски
Ѓоко Крстиќ
Столе Китановиќ
Игор Наумов
Александар Лазаров
Членство
Е-билтен
RSS канали

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
Last.fm
FriendFeed
LinkedIn
MKHOST - www.mkhost.com.mk
Веб хостинг, регистрација на домени, аудио стриминг, дизајн на веб страни