IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Гласини, Apple, срцев удар, новинарство и паднати акции
Гласини, Apple, срцев удар, новинарство и паднати акции Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 06.10.2008
Steve JobsНе е само актуелната економската криза фактор за падање на акциите на ИТ компаниите. Во овој случај, фактор за ниската вредност на акциите на Apple до најниската точка во последните 52 недели е гласина од iReporter, сајт за граѓанско новинарство на CNN, на кој се најде приказна дека Steve Jobs, извршниот директор на Apple, има доживеано срцев удар и е одведен во болница.

CNN веднаш го банираше „трачерот“ и ја тргна приказната, поради која се верува дека акциите на Apple паднаа најниско до сега за околу 6-7%, под 90$. Најновото продолжение на приказната е дека сега и SEC (Државна комисија за контролирање на берзата) се вмеша во случајот, ја бараат личноста Јohntw која стои зад приказната.

Акциите на Apple на 06.10.2008
Акциите на Apple на 06.10.2008

Оваа приказна ги вознемири медиумите кои на своите сајтови дозволуваат граѓанско новинарство. Многу од медиумите со таква опција, ги проверуваат приказните и коментарите пред да ги објават, но не и CNN, кои веднаш по сфаќањето на грешката излегоа со официјална изјава дека: "iReport.com е сајт со содржина целосно генерирана од корисниците. Содржината која не е соодветна според „Правилата на заедницата“ ќе биде тргната“.

Сепак оваа приказна, односно трач, ги наметна прашањата: Дали кредибилитетот на CNN е срушен? Дали и колку треба да се верува на граѓанското новинарство? Колкава штета може да направи еден трач ако се стави под крилата на новинарството?

- Тоа што е објавено на сајт на CNN, има поголема тежина отколку да е објавено на Тwitter. - изјави Erick Schonfeld, блогер од TechCrunch за Computerworld.

Новинарот Rory Cellan-Jones на блогот за технологија Dot.life на BBC пишува дека границата меѓу професионалното и аматерското новинарство станува се поматна.

- Овој вид на трач никогаш немаше да биде објавен од големите медиуми без да се провери. Но „mainstream“ медиумите, вклучувајќи го и BBC, се под притисок да имаат повеќе контакт со нивните читатели и гледачи, да докажат дека го „разбираат“ веб 2.0 светот - напиша Cellan-Jones.

За љубопитните - текстот кој беше објавен на iReporter.com, кој сега е тргнат од сајтот.

„Steve Jobs was rushed to the ER just a few hours ago after suffering a major heart attack. I have an insiderong who tells me that paramedics were called after Steve claimed to be suffering from severe chest pains and shortness of breath. My source has opted to remain anonymous, but he is quite reliable. I haven't seen anything about this anywhere else yet, and as of right now, I have no further information, so I thought this would be a good place to start. If anyone else has more information, please share it.„


Клучни зборови:  Apple   Steve Jobs   Епл   Стив Џобс   Акции   Берза   Граѓанско новинарство   Новинари   CNN   Гласини   Срцев напад

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Bluetooth?

Технологијата Bluetooth го добила своето име по норвешкиот крал Харалд Блутут (Harald Bluetooth), кој бил познат по тоа што ги обединувал завојуваните племиња во Данска и Норвешка. Целта на технологијата исто така е да ги обедини разните технологии.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(127 глас/а)

  • 76.4%
  • 7.1%
  • 5.5%
  • 11%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност