Дел од екипите на Google задолжени за проектите Google Earth,YouTube и други интернет сервиси обединети како Google Earth Outreach (GEO) тим минатиот месец на покана на поглаварот на едно
племе од Амазон, Алмир Нарамајога, направија едно необично патување каде што имаа за цел да спроведат обука за користење на интернет со цел да се подигне свеста и да се информираат луѓето за состојбите во прашумите на Амазон.
Амазонско племе кое користи GPS
Племе кое што беше дел од едукативната програма на Google Earth Outreach (GEO) тимот беше амазонското племе Суруи, кое заради
нелегалното искористување на прашумите од некогашни 5.000 членови, сега брои само 1.200. Со цел да си ги заштити последните 600.000 акри, племето уште одамна го контактирало бразилскиот Тим за заштита на Амазон кој ги научил како да ја користат GPS технологијата.
 Поглаварот и директорот на GEO тимот
Според
официјалниот блог на Google, се започнало во 2007 година, кога поглаварот Алмир, советуван да оди во Google за помош од страна на единствениот образуван припадник на племето Суруи, пристигнал во САД и барал средба со претставници на компанијата. Поглаварот на средбата извадил хартиена мапа од територијата која припаѓа на племето, а директорката на GEO тимот, Ребека Мур, веднаш го лоцирала земјиштето преку Google Earth. Таа била вчудоневидена од тоа како земјиштето на Суруи било зелено, додека околу него владееле суви земјишта и уништени прашуми кои претставувале сериозна опасност за суруитското зеленило. Ова било инспирација за GEO тимот да се впуштат во авантура и да му помогнат на амазонското племе да си ја
заштити територијата.
Бидејќи Суруите се племе кое зависи од земјоделството и одгледување на кафе и овошje, една од целите на проектот била да се вклучат разновидни веб алатки и интернет во
нивниот живот за да се помогне во промоција на племето и негова транзиција во
модерниот свет.
Поглаварот барал
тренинг програмата да се концентрира на користење на дигитални слики, видео, блогови и други интернет алатки како начини за лесна комуникација и соработка и
зачувување на историјата на племето. Земјиштето на Суритите
Чувство како мерка за време?
- Кога пристигнавме во селото, на прв контакт бевме пресретнати од само 14 припадници на племето, што само е доказ за намалувањето и скорото исчезнување на ова племе. Културниот лидер Итабира, чиј дедо некогаш уживал во 40 жени и "умрел од среќа", е човек од старите денови. Кога тој се потсетува на старите добри времиња, и кога ќе размисли што се случува сега на неговите луѓе, посакува да заплаче. - пишува
на блогот на GEO тимот.
Подготвувајќи се да започнат со агендата составена од тренинзи, прецизирани времиња и распореди, тимот бил навистина збунет кога го виделе пристапот на припадниците на племето кон времето. Имено, кога директорката на GEO тимот била повикана на церемонија за добредојде, по навика од модерниот свет запрашала во колку часот ќе започне церемонијата, на што добила одговор дека времето за започнување ќе биде објавено кога поглаварот Итабира ќе почуствува дека се е подготвено. За подобро да се прилагодат и да заминат со успешно завршена мисија, Google тимот морал да го прифати овој обичај без
никакви замерки.
Церемонијата за добредојде била подготвувана неколку месеци од страна на Суруите. Настанот бил интересен со најдобрата храна и пијалоци подготвени од племето, тетовирање со капки од дрво кое може да се пронајде само во Амазонските прашуми, традиционални танци, и пиење по една голтка од ферментираниот напиток касава,
по што секој кој ќе го проба станува почесен член на племето.
 Дел од церемонијата за добредојде
Обучувањето на 20 млади припадници на Суруитите
По првичното адаптирање на тимот на Амазонскиот предел, тие биле спремни да помогнат на Суруите да преживеат во модерниот свет. Тренингот започнал со претставување на основите за компјутерот, прелистувачите и сервисите на Google предвидени да помогнат на ова племе. Биле обучувани 20 млади припадници на Суруите, секој со компјутер пред него, пратејќи ја главната презентација на платното од проекторот. Тренингот се
одвивал на англиски јазик, со паралелен превод на португалски.
За време на предавањата, член на Суруите, учејќи ги основите на пребарувањето на интернет, го напишал името на директорката на тимот, Ребека Мур и добил слика од некоја друга личност со име Ребека Мур, која била претставник на изборот за убавици на
САД, по што се зачудил и го поставил прашањето дали е ова директорката кога била помлада, а предавачот со насмевка на лицето осетил погоден момент да
појасни како да се сегментираат резултатите од пребарувањата.
 Фотографија од тренингот
За време на обуката детално биле објаснети техниките за пребарување, сегментација на резултатите, користење на Google Earth, YouTube, Blogger и други алатки.
Google како курир
По неколку неделна обука, GEO тимот оставајќи зад себе 20-тина млади Суруити обучени како да ја искористат технологијата за да си ги подобрат животите и да ја зачуваат прашумата, ја означил мисијата како успешна и почнал да се
подготвува за патот назад до Калифорнија.
 Целиот GEO тим со Суруитите
На испраќање, Google бил наречен “рragogmakan” што во јазикот на Суруитите значи курир, бидејќи ги доставувал нивните
пораки до сите луѓе во светот и помогнал на воспоставување на комуникација. Клучни зборови: Гугл Google Google Earth Youtube Суруити Племе Амазон Прашуми Екологија Интернет Технологија Патување Авантура Google Earth Outreach Тренинг Обука
|