Почетна arrow Вести arrow Свет arrow И Бугарија побара кириличен интернет домен
И Бугарија побара кириличен интернет домен Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 23.06.2008
И Бугарија побара кириличен интернет доменЗапочна дебатата за користење на кирилична скрипта наместо латинична за интернет домените откако Димитри Медведев, претседателот на Русија рече дека кириличните домени се важни за зачувување на рускиот јазик. Сега и Бугарија официјално поднесе барање дo Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN) за добивање на кириличен домен .бг. Со влегување на Бугарија во ЕУ, кирилицата стана трета официјална азбука по латинската и грчката.

Најголем проблем за воведување на кирилична скрипта во имињата на домените е сличноста на буквите. Coordinative Center for TLD .RU во една своја презентација објаснува дека 8 од 33 кириличните мали знаци се исти со латинските (а, c, е, к, м, о, р, х, у), како и 12 од 33 големи букви (A, B, C, E, H, K, M, O, P, T, X, У).

Тоа значи дека ќе има тешкотија да се препознае скриптата со која доменот е напишан . На пример: доменот што го бара Русија - .ру е всушност официјален домен на Парагвај - .py само напишан на латиница.

Како додатен проблем се и тастатурите. За пишување во кирилична скрипта на латинска тастатура мора да се менува кодот со популарното „Alt + Shift“.

Ваква кампања за зачувување на кириличното писмо постои и во Македонија – „Мојата Кирилица – Го чувам своето“ во која сеуште не се разгледува прашањето за кириличен домен .мк.



Клучни зборови:  Бугарија   Кирилица   Кирилично   TLD   Домен   Домеин   Веб   Русија   Медведев   Мојата Кирилица

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
Македонски ИТ форум
RSS канали на it.com.mk

Web 2.0

Web 2.0 не е нова технологија, туку обичен термин кој стана популарен благодарение на медиумите. Web 2.0 е описен збор за "новиот интернет" кој се базира на корисничка интерактивност и подобрени веб искуства. Web 2.0 дизајн вклучува користење на интензивни сенки, рефлексии, наклонети бои и др.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
Дамјан Арсовски
Сашо Андријески
Стефан Петрушевски
Зоран Ивановски
Ѓоко Крстиќ
Столе Китановиќ
Игор Наумов
Александар Лазаров
Членство
Е-билтен
RSS канали

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
Last.fm
FriendFeed
LinkedIn
MKHOST - www.mkhost.com.mk
Веб хостинг, регистрација на домени, аудио стриминг, дизајн на веб страни