IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow Надополнето: Кина ги забрани Twitter, Flickr...
Надополнето: Кина ги забрани Twitter, Flickr... Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 04.06.2009
Кина ги блокира Twitter, Flickr... пред 20 годишнината од Тиананман Кина во пресртет на 4 Јуни, ден што ја одбележува 20 годишнина од демократските протести на Тиананмен плоштадот ги блокираше најпопуларните сервиси на интернет. Flickr, Twitter, Bing - новиот пребарувач на Microsoft кој беше објавен пред 3 дена, Hotmail, ... сите се недостапни од пред 3 дена, додека Blogger.com и YouTube се недостапни за кинеските корисници од мај, односно март. Блокирани се и сајтовите на странски медиуми, претежно американски како CNN и блогот HuffingtonPost.

Покрај популарните сајтови кинеската цензура блокираше и околу 6.000 онлајн форуми поврзани со студенти и универзитети, велат од Центарот за Човечки права и Демократија од Хонг Конг.

„Ние нет-граѓаните сме победени од 'комбинациски удар'. Толку многу познати веб сајтови не се достапни сега... Овој пат, ова е големо“ твита Вилијам Лонг. Иако Twitter не е достапен сепак корисниците твитаат, најверојатно преку трети клиенти и мобилни.

Иако кинеските корисници се навикнати на домашни сајтови и „кинески интернет“, сепак популарните онлајн сервиси, посебно Twitter, станаа хит меѓу младите и студентите. И токму тоа е проблемот за кинеската влада. Со блокирање на овие сервиси 20 годишницата од Тиананмен се најде во сите медиуми, но доколку никој не зборува за неа во Кина тогаш за властите во Пекинг сé е во ред.

Имено на 15 Aприл во 1989 година на Тиананмен плоштадот во Пекинг, околу 100.000 студенти и интелектуалци се собраа на плоштадот за погребот на Ху Јаобанг, политичар кој пропагирал демократија и бил против корупцијата. Изреволтирани од комунистичката влада тие започнаа демократски протести. Протестите продолжија низ универзитетите во Кина се до крајот на мај 1989 година. Евентуално кинеската влада ја повика војската и реши со сила да ги спречи протестите при што од 3 до 5 Jуни се случи масакрот на Тиананман плоштадот. Бројката на загинатите не е утврдена, се шпекулира дека војската ги палела телата за да не се најдат, но според кинеската влада е 251, додека кинескиот Црвен крст вели дека загинале 5.000 лица.

Најверојатно ја знаете познатата фотографија која го одбележа тој настан.

Кина ги блокира Twitter, Flickr... пред 20 годишнината од Тиананман


Надополнето 04.06.2009

Кинеските корисници со интернет протест освен блокада на популарните онлајн сервиси денеска ги најдоа блокирани и локалните друштвени мрежи како Fanfou и Xiaonei. На тие веб сајтови се најде пораката дека „сајтот се поправа“. Се уште нема официјални извештаи за притисок на властите врз сајтовите, но се зборува дека властите запретиле со сериозни последици за секој кој ќе објави материјал за Тиананмен. Поради блокадите многу од други сајтови во знак на протес самоиницијативно ги ставија сајтовите „во одржување“. Поради тоа кинеските корисници денов саркастично го нарекуваат „Кинески ден за одржување на страните“.

На кинеските сајтови стои порака дека сајтот/сервисот ќе биде достапен по 6 јуни, односно по 20 годишнината на Тиананмен масакрот. Се очекува до тогаш да се тргнат и блокадите на не-кинески сервисите.

Eве интересно видео на CNN кои додека се обидуваат да направат прилог од Тиананмен плоштадот во Пекинг, кинески агенти со чадори ги спречуваат да снимаат.



Клучни зборови:  Кина   Тиананмен   Кинески интернет   Цензура   Демократија   Комунизам   Веб   Интернет   Корисници   Сајтови   Медиуми

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Facebook нации

Според добиените статистики од Facebook во април, 2009 скоро 143.000 жители на Македонија (околу 7% од популацијата) имале свој профил на оваа друштвена мрежа. Истиот месец, 10% од србите биле Facebook корисници, додека само 3.4% од бугарите а 13.4% од хрватите биле FB членови.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(187 глас/а)

  • 73.8%
  • 6.4%
  • 6.4%
  • 13.4%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност