Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Кинеските хакери број 1?
Кинеските хакери број 1? Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 10.11.2008
Кинески хакери број 1?Овој викенд се одвиваше масивна хакерска кампања со закачување штетни линкови на скоро 10.000 сервери. „Само во последниве два дена преку 10.000 сервери, главно од западна Европа и Америка беа хакирани. Се уште не знаеме кој го прави ова.“ пишува на сајтот на Kasperski Lab -произведителот на безбедносен софтвер.

Напаѓачите користат SQL напад и додаваат JavaScript кодови на хакираниот сајт кој што ги пренасочува до еден од шест сервери, конкретно до сервер во Кина кој пак врши неколку напади напаѓајќи ги грешките (читај: дупки) во Firefox, IE, Flаsh Player и Active X. Доколку не се санира проблемот се инсталираат спајвер и тројанци на компјутерот на жртвата.

Роџер Томпсон (Roger Thomspon) истражувач за AVG Technologies, исто така фирма за безбедносен софтвер, изјави за ComputerWorld дека според неговите истражувања и според користените техники најверојатно е дека нападите се направени од студенти од Кина.

Кинески хакери број 1?

По завршување на претседателската кампања во САД се откри дека кампањата на Обама и Белата Куќа биле хакирани и биле преземени неколку важни документи. Во неделата ФБИ и Тајната служба рекоа дека нападите потекнуваат од Кина, но додадоа дека се уште не се знае дали хак-нападите се направено од владата на Кина или од поединци.

Интересно во саботата имаше нова вест - беше обелоденето дека кинески хакери често влегувале во мрежата на Белата куќа и преземале важни фајлови во неколку наврати. Исто така минатата година Кинеската армија го хакираше Пентагон.

Со хакерскиот викенд и со претседателските кампањи, прстот се покажува на хакерите од Кина. Но и во двата случаеви се прецизира дека „се уште не се знае кој ги врши“, односно се вели дека можеби зад тие хакерски напади не стои владата на Кина која има стриктна контрола на интернетот. Дали ова можеби значи дека некој сака да се скрие зад „лошата“ Кина или пак дека Кина може да влезе во кој систем сака?


Клучни зборови:  Кина   Кинески хакери   Сигурност   Безбедност   Заштита   Бела Куќа   Интернет   Сајтови   ФБИ   Тајна служба

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
Гласајте за најдоброто во 2008
RSS канали на it.com.mk

Убунту

Популарна Линукс дистрибуција базирана на Дебиан верзијата на Линукс и претставена во 2004 година. Убунту е спонзориран од Canonical Ltd. и е спакуван со различни апликации како Firefox и OpenOffice.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
YouTube
FriendFeed
LinkedIn
IWM NETWORK - iwmnetwork.com
ИТ Консалтинг, Интерактивен маркетинг, Истражувања и анализи, Веб дизајн...

IT.com.mk на Twitter