IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Кој стои зад спамот од Нигерија?
Кој стои зад спамот од Нигерија? Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 22.07.2009
Кој стои зад спамот од Нигерија?Секој од нас добил барем една е-маил порака од амбасадор или важна личност од некоја афричка земја која бара ваша помош да префрли неколку милиони долари бидејќи е протеран од земјата или неговата сметка е блокрана итн... За трансферот му се потребни вашите информации за кредитна картичка или сметка од банка, а за возврат ќе добиете 10% од парите.

Тоа е познатa скам порака, наречена „Нигериско писмо“ или „419 измама“. Името го добива од Нигерија, афричка земја со само 7% интернет пенетрација, но земја која е 3-та во светот по испратени спам пораки, веднаш зад САД и Британија. Комисијата за електронски и финансиски криминал на Нигерија (EFCC) во 2007 година отворила 18,000 случаеви за интернет измама кој е мулти-милионски бизнис во афричката земја. Во земјата постојано се вршат рации нис интернет кафулињата, кои и самите помагаат да се намали овој криминал.

„Ги набљудуваме тие што прават нелегални работи, и ако ги фатиме ги истеруваме. Ако тој се врати не го служиме“ вели Кенет Окендо, директор на Steadylink интернет кафето од градот Фестак. „Ако е некој тврдоглав ги викаме трупите[нигериската EFCC] да дојдат да ги соберат.“ вели г-дин. Окендо за Global Post.

Повеќето од скамерите се млади луѓе кои се добро образование, но сиромашни и без работа. „Овие млади луѓе се постојано во интернет кафулињата. Како и зградите од градот Фестак, тие се направени за иднина која што ветуваше многу повеќе одошто нуди.“ пишува Емон Китле-Ален од Global Post.

И покрај борбата на нигериските власти против ваквот криминал, Нигерија веќе неколку години е третиот најголем извор на спам во светот, покажува американскиот Центар за интернет криминал (Ic3). Спамерите дури го користат и EFCC, чиј сајт е небезбеден според Mozilla Firefox, како извор за да извлечат пари. Подолу можете да видите видео од BBC, чиj новинар ja придружува рацијата на нигериските полицајци во интернет кафе која на крај завршува со престрелка.



Клучни зборови:  Нигерија   scam e-mail   spam   спам   419 fraud   EFCC   e-mail   онлајн криминал

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

ENIAC

ENIAC е првиот електронски компјутер, објавен во 1946, кој тежел 30 тони, имал над 17.000 цевки и бил долг 25 метри. Денешниот десктоп компјутер во просек може да сними милион пати повеќе информации отколку ENIAC и истото да го направи 50.000 пати побрзо.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(156 глас/а)

  • 75%
  • 7.1%
  • 6.4%
  • 11.5%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност