Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Konami доби права за Лигата на шампионите
Konami доби права за Лигата на шампионите Испечати Е-пошта
Автор: Игор Наумов   
Објавено на: 05.11.2008
Konami доби права за Лигата на шампионитеКреаторите на сега веќе најиграната фудбалска игра Pro Evolution Soccer успеаа да се договорат со УЕФА за лиценцирање на Лигата на Шампионите со цел да додадат нова опција во самата игра која од година во година ќе е се поактуелна и подобра.

Претседателот на Konami Digital Entertainment Кунио Нео изјави:
"Со ова постигнавме чекор напред во лиценцирањето и реалноста на играта. Лигата на шампиони е кремот на фудбалот и е само една од многуте новости кои се присутни во новата игра. Сакам да им ветам на фановите на PES многу возбудливи новости во наредните месеци."

Konami доби права за Лигата на шампионите

Konami доби права за Лигата на шампионите

Од другите новости во играта би можел да спомнам дека графиката е значително подобрена, стадионите, звукот и навивањето се побогати и поживи. Додадени се доста дриблинг финти кои ќе биде интересно да се употребуваат и подобрена е севкупната игривост.

Konami доби права за Лигата на шампионите

Konami доби права за Лигата на шампионите

Освен модот "Лига на Шампиони" додаден е и нов мод "Стани легенда" во кој ќе може да се креирате себеси и да одите по патот на професионалните фудбалери односно да играте како професионален играч. Секако тука ќе постојат можности за трансфер од еден во друг тим и за играње на интернет каде што можете да оформите заеднички тим со други онлајн играчи.

Новaта верзија на Pro Evolution Soccer 2009 е веќе излезена за Play Station 3, Xbox 360, PC и мобилни телефони следуваат верзиите за PSP (Play Station Portable) и Nintendo Wii кои се очекуваат на пролет.

За повеќе информации и занимливости од светот на PES погледнете го официјаниот сајт.

Клучни зборови:  PES   Konami   Игри   Champions league   Лига на шампиони   Фудбал   Фудбалска игра   Pro Evolution Soccer

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
Гласајте за најдоброто во 2008
RSS канали на it.com.mk

Fiber Optics

Се однесува на системи кои користат оптички влакна. Fiber Optic мрежите го трансформираа светот a eдвај започнаа во 1960 година кога телефонските компании почнаа да ги менуваат своите бакарни долги жици со фајбер кабли. Уште некое време, сите системи за комуникација и мрежи се очекува да бидат базирани на fiber-optic технологијата.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
YouTube
FriendFeed
LinkedIn
IWM NETWORK - iwmnetwork.com
ИТ Консалтинг, Интерактивен маркетинг, Истражувања и анализи, Веб дизајн...

IT.com.mk на Twitter