IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Кризата на Вол Стрит влијае на технологијата
Кризата на Вол Стрит влијае на технологијата Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 01.10.2008
Кризата на Вол Стрит влијае на технологијатаДодека се одвива драмата во американскиот конгрес околу инвестирањето на 700 милијарди US долари од владината каса во приватни компании, едни од најиновативните технолошки компании во светот, особено оние базирани во САД, се загрижени за своите профити и бројот на потрошувачи и веруваат дека американската економска криза ќе влијае на нивната работа.

Извршниот директор на Microsoft, Steve Ballmer за време на својата посета во Норвешка изјави дека "финансиските проблеми ќе влијаат на потрошувачката можност на компаниите и на потрошувачите, и особено на потрошувачката од страна на финансиските институции."

Дополнително, во својата изјава за Ројтерс, Ballmer изјави:
"Ние имаме многу бизнис активности со корпоративниот сектор како и со потрошувачкиот сектор и што и да се случи во економијата дефинитивно ќе влијае на Microsoft."

Откако предлогот за 700 милијарди владини долари да се преточат во касите на едни од најголемите финансиски инститиции на Вол Стрит за да помогнат со нивните долгови беше одбиен, светските берзи забележаа огромни падови. Не беа поштедени ниту акциите на компаниите од ИКТ секторот. Дури и една од најстабилните компании на берзата, Google (GOOG) чии акции во Ноември минатата година имаа вредност од скоро 750$, забележа драстичен пад од околу 15%. Акциите на Yahoo! и eBay исто така паднаа за околу 10%.

Графички приказ на акциите на Google
Графички приказ на акциите на Google

По вчерашните падови, европската и американската берза денеска полека започнаа да заздравуваат, но сеуште се подложни на разните случувања и шпекулации на пазарот што се чини дека кулминираат на секој час. Исто така не би требало да не изненади доколку во следнава недела повторно забележиме огромни падови во технолошките акции бидејќи досегашните активности на американскиот пазар несомнено ќе влијаат на профитите на компаниите, кои пак наскоро ќе треба да прикажат финансиски извештаи со завршувањето на третиот квартал од годината.

Ваквите случувања и се поактивни шпекулации дополнително ги ставаат луѓето во паника што може да доведе до голема рецесија во САД. Особено е загрижувачки фактот што американскиот пазар за ИТ компаниите е еден од главните потрошувачи.


Клучни зборови:  Бизнис   Е-бизнис   Технологија   ИТ   Вол Стрит   Wall Street   Берза   Акции   Google   GOOG   Microsoft   Рецесија   Економија   Потрошувачи

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Hubble

Телескопот Hubble е лансиран од страна на САД на 24 Април, 1990 година а името го добил по астрономерот Едвин Хабл (Edwin Hubble). Hubble е LEO (Low Earth Orbiting) тип на сателит кој е лоциран 600 километри над површината на Земјата. Телескопот завршува цела орбита околу Земјата секои 97 минути.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(169 глас/а)

  • 75.7%
  • 7.1%
  • 5.9%
  • 11.2%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност