Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Локацијата - најдоброто ново нешто?
Локацијата - најдоброто ново нешто? Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 13.08.2008
Локацијата - најдоброто ново нешто?Yahoo! го објави новиот сервис Fire Eagle, алатка која овозможува да ја надополнувате вашата локација која ќе ве поврзе со разни интернет сервиси. Доколку интернетот ја знае вашата локација во светот ќе ви ги достави вестите од регионот, ќе ве информира за сообраќајот, ќе ги информирате вашите Facebook/Twitter пријатели каде се наоѓате. Но има и контраверзна страна - можете да бидете пратени и надгледувани?

Нормално, тоа не е намерата на Fire Eagle. Во апликацијата си има опција за „криење“ и бришење на информациите за вашето движење. Но зошто постои таква опција за бришење во софтвер чија намена е целосно за една причина - лоцирање?

Дали ќе бидат добро искористени или злоупотребени? Ова е прашањето на кое ќе мора да одговорат системите за глобално позиционирање (GPS) и другите технологии кои работат на сличен принцип.

Во Сан Франциско веќе се имплементира CitySense, софтвер за мобилен телефон, кој со GPS i Wi-Fi ви ги лоцира сите „жешки“ места во градот, места каде што се наоѓаат многу луѓе и активности. Тој софтвер ви ги снима навиките, и по тој шаблон ви ги прикажува местата кои би ви се допаднале.

Сепак, CitySense не е ново нешто од Sense Networks. Апликација работи на Macrosense платформа, која веќе се користи од бизнисмените и фирмите за анализирање на потрошувачите и конкуренцијата. Колку се далеку од гужвата, колку потрошувачи нуди конкуренцијата, од каде доаѓаат потрошувачите ...?

Друга алатка која користи GPS, Wi-Fi технологија и вештачка интелигенција, доаѓа од Microsoft. Тие планираат да го објават Clear Flow, софтвер кој ќе ве предупреди за сообраќајните гужви и ќе нуди варијанти како да се избегнат. Ова може да се сфати само како надополнување на стандардниот GPS. Имено GPS само ви ги прикажува патот и мапата.

Локацијата - најдоброто ново нешто?

Ваквите технологии веќе подолго време се во развој, но најверојатно Fire Eagle ќе го преземе приматот „водечки“ поради тоа што е лесен за користење и поради големиот број имплементирани апликации во софтверот. Во соопштението до јавност Yahoo! ги спомна додатните апликаци. Еве некои од нив:

  • Brightkite: друштвена мрежа која ви овозможува да си ги пратите пријателите.
  • Dash: GPS-навигационен систем за мониторирање на сообраќај.
  • Dopplr: сервис за туристи и патници, и помага за информирање и разменување на податоци.
  • Outside.in Radar: овозможува да се персонализираат локалните вести, кои ќе ве известат за се што се случува наоколу, каде и да сте.
  • Loki: Loki ја додава локацијата во друштвените мрежи за да се сподели со пријателите, Loki ги користи Facebook, Twitter, Fire Eagle, RSS Feeds...

Во секој случај, овие технологии ќе го сменат изгледот на дружење и начинот на информирање.

Најава: рецензија на Fire Eagle наскоро на IT.com.mk.

Поврзано со оваа тема: Читајте вести според географска локација

Надополнување 14.08.2008:
„Овие сервиси ќе станат моќен двигател во нашиот живот, но и потенцијален кошмар за приватноста“ - рекоа за BBC од Центарот за Дигитална Демократија, коментирајќи ги новите сервиси кои се базираат на локации, поточно Fire Eagle na Yahoo!.

„ Овие услуги ќе им бидат продадени на потрошувачите како корисно нешто. Никој не зборува за фактот дека тие ќе градат и збираат податоци, не само за содржината што ви се допаѓа туку и каде одите и каде сте во моментот“ - рече директорот на ЦДД, Џеф Честер.


Клучни зборови:  Yahoo!   Јахѕ   Fire Eagle   CitySense   Друштвени мрежи   Интернет   Локација   Геолокација   Информирање   Пријатели   Вести   Веб 2.0   Microsoft

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум
RSS канали на it.com.mk

Web 2.0

Web 2.0 не е нова технологија, туку обичен термин кој стана популарен благодарение на медиумите. Web 2.0 е описен збор за "новиот интернет" кој се базира на корисничка интерактивност и подобрени веб искуства. Web 2.0 дизајн вклучува користење на интензивни сенки, рефлексии, наклонети бои и др.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
Last.fm
FriendFeed
LinkedIn
MKHOST - www.mkhost.com.mk
Веб хостинг, регистрација на домени, аудио стриминг, дизајн на веб страни

IT.com.mk на Twitter