Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Microsoft најави две нови закрпи
Microsoft најави две нови закрпи Испечати Е-пошта
Автор: Митко Стојановски   
Објавено на: 10.11.2008
Microsoft најави две нови закрпиMicrosoft подготвува две нови закрпи за во вторник. Од компанијата велат дека ноемвриското издание на закрпи вклучува две поправки од кои едната е означена како 'критична' а другата како 'важна'. Критичната закрпа се однесува на ранливост во делот на Microsoft XML Core Services во Windows 2000, XP, Server 2003, 2008 и Windows Vista.

Иако Microsoft не ја откри точната природа на оваа ранливост, од компанијата велат дека доколку би била злонамерно искористена, би можела на напаѓачот да му овозможи далечинско активирање на код на системот на жртвата.

Иако и втората ранливост би можела на напаѓачот да му овозможи далечинско активирање на код на системот на жртвата, Microsoft ја означи само како 'важна'. Оваа ранливост се наоѓа во рамките на една компонента на Windows 2000, XP, Server 2003, Server 2008 и Windows Vista. Од Microsoft вообичаено одбиваат да откријат повеќе детали во врска со пропустите се додека закрпите не се објават.

Ноемвриските закрпи доаѓаат само после две недели од откривањето и закрпувањето на друга критична ранливост во компонента од Windows. Кратко откако компанијата ги објави закрпите, беше пријавен напад на таа ранливост.

Microsoft го планира пуштањето на закрпите за во Вторник во претпладневните часови според Американско време.


Клучни зборови:  Microsoft   Виста   Vista   Микрософт   Виндоус   Windows   Закрпа   Сигурност   Софтвер

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
Гласајте за најдоброто во 2008
RSS канали на it.com.mk

WWW2,WWW3...

Обични префикси користени од некои организации за да ги оделат своите содржини од веќе стандардизираниот WWW. Не станува збор за нова конекција, нов глобален стандард или пак Интернет 2.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
YouTube
FriendFeed
LinkedIn
IWM NETWORK - iwmnetwork.com
ИТ Консалтинг, Интерактивен маркетинг, Истражувања и анализи, Веб дизајн...

IT.com.mk на Twitter