Почетна arrow Вести arrow Мобилните стануваат поатрактивни за напади
Мобилните стануваат поатрактивни за напади Испечати Е-пошта
Автор: Митко Стојановски   
Објавено на: 18.10.2008
Мобилните стануваат поатрактивни за сајбер криминалцитеСпоред последните сигурносни извештаи, ризиците од спам и вируси кои ги напаѓаат мобилните телефони, се повеќе се зголемуваат. Заштитата на крајниот корисник во поглед на антивирусен софтвер, сеуште не е доволно развиена на пазарот на мобилна телефонија, така да целата работа сеуште се префрла на мобилните оператори.

Во годишниот извештај за новите сајбер закани од Сигурносниот Центар при Институтот за Технологија и Информации од Џорџија, мобилните телефони се наведени како посебно ранлива категорија. Понатаму се посочува дека колку повеќе луѓето користат smartphones, толку повеќе апликациите ќе дозволуваат влез за финансиските и платежни фактори кои ги ангажираат, а со тоа и можноста за развој на такви "чувствителни податоци" ќе се покаже како вистинска мета за сајбер криминалците.

Според Simeon Coney од Adaptive Mobile мобилните оператори се соочуваат со 100.000 инциденти со вируси дневно, скоро 50% повеќе од минатата година. Исто така се проценува дека вирусите се причина за порастот на спамот од 0.5% на 6% во периодот од последните 12 месеци.

Мобилните стануваат поатрактивни за сајбер криминалцитеПрвата генерација на овие вируси беше лесна за откривање од страна на мобилните оператори. Но во последните неколку месеци, вирусите со кои се среќаваме се од нов тип и најчесто се камуфлираат како MP3 фајл, слика или медиа фајл.

Експертите препорачуваат корисниците да обрнуваат внимание на безбедноста кај мобилните телефони исто како и кај компјутерите.

Се до сега, сигурноста на мобилните телефони беше во рацете на мобилните оператори, кои имаа заземено проактивен став спрема безбедноста на нивните корисници. Но последните безбедносни извештаи сугерираат дека соработката помеѓу мобилните оператори, производителите и компаниите кои ги развиваат апликациите ќе биде неопходна.

Просечниот животен цикус на мобилните телефони е само 2 години, споредено со животниот циклус на компјутерите кој е 10 години, и токму затоа, развојот на сигурносна инфраструктура за мобилните телефони ќе се случи за многу брзо време.

"Бидејќи областа на мобилните комуникации се развива многу брзо, тоа претставува единствена можност сигурноста да се дизајнира правилно - можност која ја пропуштивме кај компјутерите," вели Patrick Traynor во извештајот на Институтот за Технологија и Информации од Џорџија.


Клучни зборови:  Мобилни телефони   Мобилни оператори   Сигурност   Заштита   Безбедност   Хакери   Сајбер криминалци   Корисници   Напади   Извештај

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
Гласајте за најдоброто во 2008
RSS канали на it.com.mk

Samba

Софтвер кој овозможува Unix сервери да работат како фајл сервери за Windows клиенти. Samba е бесплатен софтвер, open source имплементација на CIFS (Common Internet File System) протоколот кој настана од SMB, од таму и SMB во SaMBa. Работи на Linux, FreeBSD и други Unix варијанти.

Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
YouTube
FriendFeed
LinkedIn
IWM NETWORK - iwmnetwork.com
ИТ Консалтинг, Интерактивен маркетинг, Истражувања и анализи, Веб дизајн...

IT.com.mk на Twitter