Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Најавен Ubuntu за мобилните телефони
Најавен Ubuntu за мобилните телефони Испечати Е-пошта
Автор: Митко Стојановски   
Објавено на: 17.11.2008
Најавен Ubuntu за мобилните телефониПроизводителот на чипови за мобилни телефони Arm, објави дека склучиле партнерство со дизајнерите на Ubuntu слободниот софтвер. Резултат на овој договор ќе биде изработка на верзија на овој оперативен систем за новата генерација на мобилни телефони со интернет прелистувач. Овој потег означува почеток на нов курс за Arm, кој порано беше познат највеќе по изработката на чипови за мобилните телефони.

Новиот оперативен систем за мобилните телефони на Arm најверојатно ќе биде достапен во април 2009 година.

Роб Комбс (Rob Coombs), Директор за мобилен маркетинг во Arm, вели дека се очекува првите телефони со верзија на Ubuntu да бидат претставени за прв пат на саемот Computex, во јуни наредната година. Овие телефони ќе бидат базирани на Arm7 архитектура, односно на Cortex A8 и A9 процесорите.

Најавен Ubuntu за мобилните телефони

Исто така, се очекува дека ќе поседуваат дисплеј со дијаметар до 25 цм (10 инчи) и ќе овозможуваат прикажување на видеа со добар квалитет, веб прелистувач, како и добро познатиот пакет програми Open Office. Комбс нагласува дека овие мобилни направи ќе го имаат истиот работен век на батеријата како и кај повеќето мобилни телефони.

Фактот што овие направи се мали, во голема мерка придонесе за огромната популарност кај корисниците кои бараат мали уреди што ќе ги користат за поврзување онлајн кога се надвор и во движење. Интересот за овој пазарен сегмент е придвижен исто така и од направи како што се XO лаптопите од проектот "Лаптоп за секое дете" како и од Eee моделите на лаптопи од Asus.

Arm произведува чипови кои компании како TI, Qualcomm и многу други ги користат како процесори кои работаат на 70-80% од мобилните телефони во светот. Чиповите дизајнирани од Arm исто така управуваат со многу мобилни телефони од новата генерација како што е случајот со G1 - првиот телефон базиран на Google-овиот софтвер Android.

Ова партнерство на Arm со Ubuntu, се надоврзува со најавата на Canonical во мај 2007 за развивање на верзија на Ubuntu, специјално наменета за ефтините мобилни платформи.


Клучни зборови:  Ubuntu   Убунту   Мобилни телефони   Оперативни системи   Arm   Чипови   Слободен софтвер   Интернет   Веб

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
Гласајте за најдоброто во 2008
RSS канали на it.com.mk

LOL

LOL е кратенка на терминот "Laughing Out Loud" или "се смеам на глас". Најчесто се користи во комуникацијата преку инстант месенџери за да се избегне непотребно пишување, а во последно време се повеќе популарна станува и во СМС пораките.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
YouTube
FriendFeed
LinkedIn
IWM NETWORK - iwmnetwork.com
ИТ Консалтинг, Интерактивен маркетинг, Истражувања и анализи, Веб дизајн...

IT.com.mk на Twitter