Производителот на Blackberry, Research in Motion (RIM) откри нови детали за планираната Blackberry Enterprise Server платформа, за која велат дека ќе биде најфлексибилната платформа за работа воопшто досега. RIM дискутираше за платформата на нивната промотивна Blackberry Developers конференција во Санта Клара, Калифорнија, на која присуствуваа околу 900 делегати од целиот свет.
Под кодно име Argon, од RIM
најавија дека мобилната платформа ќе биде официјално именувана како Blackberry Enterprise
Server (BES) 5 кога ќе се објави на 31 Март, 2009 година.
Името Argon доаѓа од инертниот гас
кој се наоѓа сосема десно во периодниот систем на елементи. Alan Panezic,
потпретседател на одделот за софтверски продукти во Blackberry Software, вели
дека Argon е стабилен, не-запалив и лесен за користење. Тој истакна дека со
оваа промоција RIM се фокусира на полесно разменување на пораки како и
соработка и развој на поширок еко-систем на поддржувачи и производители на
софтвер за Blackberry.

Иако Research In Motion се одлучи да не понуди првична
интеграција со Microsoft Active Directory на почеток, BES 5 ќе ја има првата бета
достапна за интеграција со Active Directory кратко после промоцијата. Овој
чекор ќе резултира со поблиска врска помеѓу апликациите на мобилните и фиксните
компании.
"Вие самите ги поставувате улогите што
ги сакате - работите што вашите корисници можат и не можат да ги користат од
стотиците, нешто што на администраторите им ја дава флексибилноста која ја
бараат од нас" - вели Ken Schneider,
технички директор во Blackberry
Software.
RIM го користи JBoss интер-медијалниот систем
за да ги испорача овие додатни контроли за корисниците.
Нов производ во рамките на BES 5 се
Blackberry администраторските апликации, кои моментално се достапни во бета
верзија, а кои ќе бидат вградени во BES 5 со промоцијата.
Запрашан од британскиот Computer Weekly, дали компанијата
која ќе побара од RIM да инсталира BES за прв пат ќе плати повеќе за BES 5
отколку што би платила за постоечката верзија, Panezic вели, "Цената е
нешто за што секогаш одлучуваме на крај и ништо не е финализирано до
сега.Мој совет за тие потрошувачи е да не
чекаат од Октомври до Март за да дознаат. Треба да си продолжат со користење и
надоградба и најверојатно нема да загубат."
Всушност ова може да значи "ДА"
како одговор.
Клучни зборови: Blackberry Enterprise Server Мобилни Research in Motion Телефони Платформа Blackberry Блекбери Сервер Софтвер
|