Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Откриен баг во G1, телефонот на Google
Откриен баг во G1, телефонот на Google Испечати Е-пошта
Автор: Митко Стојановски   
Објавено на: 12.11.2008
Откриен баг во G1, телефонот на GoogleТекстуалниот одговор откри голем проблем кај G1, телефонот на Google базиран на софтвер на Android. Новооткриениот баг предизвикува телефонот да се рестартира кога сопствениците ќе го напишат зборот "reboot" веднаш после вклучувањето на телефонот.

Google побрза да го одстрани проблемот кој предизвикува телефонот веднаш после вклучувањето било кој внесен текст да го интерпретира како команда. Како резултат на тоа, Google за брзо време создаде закрпа за багот, која наскоро ќе биде достапна за корисниците во Велика Британија.

Багот бил откриен кога еден корисник на телефонот го напишал зборот "reboot" во текстовна порака, веднаш после рестартирање на телефонот. "Јас бев на средината од текстуалниот разговор меѓу мене и мојата девојка и таа ме праша зошто не одговарам на пораките", вели корисникот jdhorvat, во објаснувањето на откриениот проблем на веб страницата за пријавување на проблеми на Google. "Тукушто го рестартирав мојот телефон и првото нешто што го напишав беше одговор на нејзината порака кој во себе го содржеше зборот "Reboot" - кој на мое изненадување, го рестартира мојот телефон."

Откриен баг во G1, телефонот на Google

Телефонот на Google, којшто користи  оперативен систем Android, се продава од страна на T-Mobile под името "G1".

Google го одстрани проблемот со надоградба за софтверот на телефонот која автоматски ќе се инсталира на телефоните на корисниците. "Бевме известени за овој проблем и направивме надоградба," изјави портпаролот на Google, "и моментално работиме со нашите партнери да ја испорачаме надоградбата до корисниците."

Корисниците во САД веќе пријавија дека ја примиле надградбата. Од Google изјавија дека корисниците од Велика Британија ќе го добијат надополнувањето најкасно до 12-ти ноември.


Клучни зборови:  G1   Google   Гугл   Gphone   Андроид   Android   Телефон   Мобилен   Грешка   Баг   Reboot   Рестартирање   СМС

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
Гласајте за најдоброто во 2008
RSS канали на it.com.mk

TCP/IP

Transmission Control Protocol/Internet Protocol е комуникациски протокол развиен под договор од американското министерство за одбрана со цел да се поврзат различни системи. Создаден е од Vinton Cerf и Bob Kahn и служи како главен протокол на интернетот.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
YouTube
FriendFeed
LinkedIn
IWM NETWORK - iwmnetwork.com
ИТ Консалтинг, Интерактивен маркетинг, Истражувања и анализи, Веб дизајн...

IT.com.mk на Twitter