Google и Yahoo се придружија на независните организации, корисниците и групите хакери, со цел да ја одвратат австралиската влада од воведување филтри за цензура и блокриање пристап до сајтови за кои властите ќе ги оценат како „сајтови со недолична содржина“.
Интернет гигантите заедно со Aвстралиската библиотека и информатичка асоцијација и Inspire фондацијата објавија писмо до австралиската влада велејќи дека филтрите нема да помогнат во блокирање на порнографијата која „се наоѓа не на јавните веб сајтови, туку во четовите и P2P мрежите и затоа предложениот филтер нема да биде ефективен во заштитата на децата од непристојна содржина.“ Клучни зборови: АвстралијаGoogleYahooцензурагигантиинтернетсодржинадетска порнографијапринципибезбедност
Непознати луѓе кои го снимија со мобилен убиството на Неда Солтан за време на иранските протести се наградени со американска награда за новинарство.
Видеото и 26-годишната Неда стана симбол на иранските протести кои се случува минатото лето. Кога иранската власт се обидуваше да го блокира медиуми и информациите, на сцена стапија друштвените мрежи. Тогаш Twitter, мобилните телефони и YouTube одиграа фантастична улога овозможувајќи им на иранските граѓани да го информираат светот за случувањата во земјата.
Facebook го слави својот 6-ти роденден. Најпопуларната друштвена мрежа стартуваше на денешен ден, 4-ти фебруари, во 2004 години.
Идејата околу друштвената мрежа која, сега има над 350 милиони корисници ширум светот, а околу 550.000 корисници од Македонија, се роди во 2003 година кога студентот од Харвард и основачот на Facebook, Марк Зукенберг блогираше трудејќи се да ја заборави неговата екс-девојка. Според студентскиот весник Harvard Crimson, Зукенберг хакнал во универзитетските компјутери и ги ископирал сликите на студентите по што ги закачил во студентски директориум заедно со основните информации. Тоа негово проектче привлече 450 посети и 22.000 прегледи на слики во првите 4 часа откако се објави на интернет. Многу бргу универзитетските администратори го изгасиле тој сајт бидејќи ја нарушува приватноста и авторските права.
Австралиските интернет корисници ги убедија властите да го тргнат контроверзниот закон кој забранува анонимно коментирање на политички теми на интернет. Доколку австралијците сакаат да дискутираат политички теми мора да остават име и адреса или ќе бидат казнети со 1.250 австралиски долари (800 евра).
На 6-ти јануари државата Јужна Австралија
воведе закон со кој се забранува анонимнo политичко коментирање. Законот не ги опфаќаше магазините и весниците, туку беше свртен кон блогерите и тие што коментираат. Интересно, законот го опфаќа и Twitter на кој австралискиот премиер има профил преку кој „ги споделува своите политички пораки.“ пушува AdelaideNow, веб медиум кој нуди форум за дискусија на дневните вести.
„Дигитална (хипер)реалност: домашен робокап“ е можеби малку хаотично и застрашувачко видео, но е доста интересно видео кое ги рагледува сите секојдневни аспекти каде можеме да ја вклучиме дигиталната реалност која се почесто и почесто се појавува меѓу нас.
„Втората половина од 20-тиот век ја запозна изградената оголлина споена со медиумскиот простор, и архитектурата зеде нова улога поврзана со брендирањето, сликите и конзумеризмот. Дигиталната реалност може да ја реконтекстуализира функцијата на конзумеризмот и архитектурата, и да го промени начино на кој функционираме во неа.“ вели Кеичи Матсуда креаторот на видеото и студент по архитектура на лондонскиот Bartlett School of Architecture.
Од страв дека интернетот во Австралија ќе стане регулиран и цензуриран како во Кина, австралиските корисници започнаа бојкот со гасење на интернетот.
Австралиските власти сакаат да воведат филтри за содржина на сите интернет провајдери во земјата и со тоа да ја блокираат сета незаконска содржина како детска порнографија, пиратерија, насилничка содржина... но internetblackout.com.au вели дека тие филтри нема да ги заштитат децата и дека ова е опасен преседан.
Здраво Твитерверзум. Сега од живо твитаме од Интернационалната Вселенска Станица - првиот твит од вселената, пишува @Астро_TJ, oдносно астронаутот Тимоти Кремер.
Ова е мал твит за астронаутот кој е долго време активен на сервисот за микро-блогирање, но огромен твит за човештвото кое се почесто наоѓа корисна употреба на Twitter. Првото нешто што е забележително за сервисот е што секој корисник, без врска дели регистриран или не на сервисот, може да ги следи твитовите на астронаутот. Второ и поинтересно, Twitter овозможи да споделуваме информации и да комуницираме со астронаут во вселената!
Телескопот Hubble е лансиран од страна на САД на 24 Април, 1990 година а името го добил по астрономерот Едвин Хабл (Edwin Hubble). Hubble е LEO (Low Earth Orbiting) тип на сателит кој е лоциран 600 километри над површината на Земјата. Телескопот завршува цела орбита околу Земјата секои 97 минути.