IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow Свет
Франција и Германија против Internet Explorer
Објавено на: 18.01.2010
Франција и Германија против Internet Explorer Франција се приклучи на Германија во препораката до своите граѓани да престанат да го користат Internet Explorer, прелистувачот на Microsoft кој доаѓа инсталиран со секој Windows. Интересно препораката не е само против IE 6, oзогласениот прелистувач кој има огромен број дупки, туку против IE 7 и најновиот IE 8.

Клучни зборови:  Internet Explorer   Google   Германија   Франција   безбедност   пропуст   прелистувач   Microsoft

 
Надополнето: Кинески цвеќиња за GoogleBye
Објавено на: 14.01.2010
(надополнетиот текст со реакцијата на кинеските корисници и властите, како и повеќе информации за спорот меѓу Кина и Google ќе најдете под првобитниот текст)

Google против Кина Google вели дека ќе го тргне филтерот за цензурирање од својот кинески пребарувач, откако откри информации дека во декември врз нив е извршен „високо софистициран хакерски напад“ кој дошол од Кина. Целта на нападот биле Gmail мејлови на борци за човекови права и слобода на говор.

„Многу бргу стана јасно дека тоа што првин изгледаше како безбедносен инцидент, стана нешто комплетно различно.“ пишува Google на својот блог. Во постот Google избегна да ја обвини кинеската влада дека стои зад нападите.


Клучни зборови:  Google   China   блог   Кина   цензура   пребарувач   Baidu   google.cn   човекови права   gmail   слобода на говор

 
Новиот хрватски претседател има проблеми на Facebook
Објавено на: 14.01.2010
Новиот хрватски претседател има проблеми на Facebook Имам 5.000 пријатели што е максимум на Facebook, а јас имам уште 7.000 кои сакаат да ми станат пријатели, вели новиот хрватски претседател Иво Јосиповиќ кој освои 60% од гласовите во вториот круг на 11 јануари.

Најверојатно тој не сака да ги одбие сите тие пријатели, но Facebook нема намера да го тргне лимитот така да му останува да комуницира со сите пријатели преку неговата фан група која брои над 29.000 фанови. Facebook во Хрватска има близу 1 милион корисници.


Клучни зборови:  Ivo Josipovic   Иво Јосиповиќ   Хрватска   фан група   друштвена мрежа   претседател   опера   избори   facebook профил   Радмила Шекеринска

 
Упс, анти-пиратската агенција пиратира лого
Објавено на: 13.01.2010
Упс, анти-пиратската агенција пиратира лого Француската Hadopi агенција, која е направена да ги лови пиратите и да ги исклучува од интернет, ќе се најде на суд поради прекршување на авторски права, односно крадење на фонт за лого.

За да биде иронијата поголема, при официјалното објавување на логото францускиот министер за култура Фредерик Митеранд рече дека Hadopi „конечно има лице“. Веднаш потоа следеше извинување бидејќи фонтот за логото е авторско дело на графичкиот дизајнер Жан-Франсоис Порчез и е изработено ексклузивно за францускиот Телеком.


Клучни зборови:  HADOPI   телеком   пирати   Франција   фонт   лого

 
Дигитална N зграда во Токио
Објавено на: 12.01.2010
Дигитална N зграда во Токио N зградата во Токио е израбодена во QR код кој може да се чита од мобилните телефони од поновите генерации. Дигиталната зграда прикажува информации во реално време, вклучувајќи и твитови од луѓето кои живеат во неа.

Замислете си ваков хотел. Се што треба да направите е да го отворите мобилниот и да ги дознаете сите информации за хотелот, заедно со предлозите и критиките на корисниците. Или ако е трговски центар. Сите продавници и сите продукте ќе ги прегледате од надвор преку мобилниот телефон. Замислете си место билбоарди и реклами залепени на згради, вие да имате скриени реклами кои ќе ги читате на мобилниот.


Клучни зборови:  N builgidn   дигитална реалност   QR   Teradedesign   зграда   Токио   Qosmo

 
Светска мапа на друштвените мрежи
Објавено на: 21.12.2009
Светска мапа на друштвените мрежи Користејќи ја статистиката од Alexa и Google Trends, италијанскиот блогер Виченцо Косенза состави светска мапа на друштвените мрежи. Мапата ја покажува доминација на Facebook кој со 350 милиони корисници, околу 400.000 македонски корисници, е најпопуларната друштвена мрежа во 127 земји.

Можеби единствените ривали му се кинеската QQ и руската Vkontakte, која е клон на Facebook. Интересно, огромен дел од Vkontaktre.ru е во сопственост на компанијата Digital Sky Technologies кои неодамна купија над 5 отсто од Facebook.


Клучни зборови:  Facebook   друштвени мрежи   мапа   Orkut   Hi5   Myspace   QQ   Vkontekte   Виченцо Косенза

 
Најголемата сферична панорама со 18-гигапиксели
Објавено на: 18.12.2009
Најголемата сферична панорама со 18-гигапиксели 360cities.net, веб сајт со колекции од интерактивни панорами, ја објави најголемата сферична панорама до сега. Панорамата од 18-гигапиксели е 360-степени поглед на чешкиот главен град Прага. Кога би ја испринтале сликата би била долга 16 метри.

Целата панорама можете да ја видите тука. Ќе можете да видите објекти одалечени стотина метри од местото на сликање. Со десното компче на маусот ќе доибиете мени со различен поглед врз панорамата. Повеќе за техничките детали ќе најдете на блогот на 360cities.net.
Клучни зборови:  360cities.net   Прага   Чешка   гигапиксели   панорама   натпреварување

 
Од кратко YouTube видео до Холивуд и 30 мил. долари
Објавено на: 18.12.2009
Од кратко YouTube видео до Холивуд и 30 мил. долари Еве уште една неверојатна приказна која го вклучува YouTube, мал буџет, но голема креативност и огромен успех. Се работи за „Panic Attack" краток филм на уругвајскиот продуцент Феде Алверез. Откако го закачил краткото видео на YouTube, само по неколку дена, холивудските студија започнале да му тропаат на врата и му понудија филмски договор вреден 30 милиони долари!

Клучни зборови:  Panic Attack   Холивуд   30 милиони долари   Феде Алварез   Сам Раими   YouTube

 
Австралија ќе го цензурира интернетот, повторно
Објавено на: 15.12.2009
Австралија ќе го цензурира интернетот, повторно По првичните неуспешни обиди, aвстралиските власти повторно размислуваат за воведување систем за филтрирање на вулгарната, навредувачката и криминалната содржина која се наоѓа на интернетот. Со ова Австралија ќе стане прватаа западна демоктратска земја која го цензурира интернетот, придружувајќи се на Kина и Иран.

Клучни зборови:  Австралија   филтер   цензура   интернет   Australia   filter   сексуална содржина   детска порнографија

 
YouTube дебата во живо за глобалното затоплување
Објавено на: 15.12.2009
YouTube дебата во живо за глобалното затоплување Додека се одржува самитот во Копенхаген каде се зборува за глобалното затоплување, YouTube заедно со CNN стартуваа експеримент за поврзување на луѓето и дебатирање на темата. Глобалното затоплување е проблем на целиот свет. Tокму тука е улогата на YouTube. Иако се работи за CNN, американска телевизија, сепак со видео сервисот им се овозможу на луѓето од целиот свет да дебатираат.

Клучни зборови:  CNN   дебата   глобално затоплување   YouTube   корисници   друштвени мрежи   Twitter   #cop15

 
<< 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 >>
IT.com.mk форум

Hubble

Телескопот Hubble е лансиран од страна на САД на 24 Април, 1990 година а името го добил по астрономерот Едвин Хабл (Edwin Hubble). Hubble е LEO (Low Earth Orbiting) тип на сателит кој е лоциран 600 километри над површината на Земјата. Телескопот завршува цела орбита околу Земјата секои 97 минути.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(140 глас/а)

  • 75.7%
  • 6.4%
  • 6.4%
  • 11.4%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност