|
L2TP ИТ ТВ
Клучни зборовиnvidia web2expony бизнис sql програм ipv6 intel usb друштвени мрежи apple линукс блог exploit blizzard google jooce интервју податоци mejli хакери софтвер хардвер skype комерц ibm facebook web2expo mcafee bill gates маркетинг информатика заштита дизајн интернет компјутери cisco voip macbook youtube windows global voices linux twitter gmail ipv4 asus microsoft yahoo мрежи adobe блогови vista |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||

Интернет на Хималаите? Тоа беше сонот на Махабир Пун (Mahabir Pun), учител од Непал. Откако на локално средно училиште му биле подарени четири компјутери од австралиски ученици, Пун се решил да ги поврзе на интернет. Но тоа било невозможно поради немање телефонска врска во селото.
Главниот извршен директор на Google, Ерик Шмидт (Eric Schmidt) се откажа од можноста да биде Главен службеник за технологија на Обама. "Сакам да работам за Google и среќен сум да останам во Google, така да, одговорот е не", изјави Шмидт во петокот за време на телевизиско интервју за CNBC. Шмидт веднаш потоа ја сменил темата, водејќи го разговорот кон извештаите кои укажуваат на тоа дека Microsoft се обидува да го украде од Google договорот со Verizon.
Panasonic објави дека сака да го купи Sanyo Electric, создавајќи компанија која ќе биде најголемиот Јапонски производител на електроника и навестувајќи ја натамошната консолидација на индустријата погодена од намалената потрошувачка.
Microsoft подготвува две нови закрпи за во вторник. Од компанијата велат дека ноемвриското издание на закрпи вклучува две поправки од кои едната е означена како 'критична' а другата како 'важна'. Критичната закрпа се однесува на ранливост во делот на Microsoft XML Core Services во Windows 2000, XP, Server 2003, 2008 и Windows Vista.
Yahoo! е подготвен да се врати на преговарачка маса со Microsoft околу нова понуда за купопродажба, изјави извршниот директор на Yahoo, Џери Јанг (Jerry Yang). "Моментално, мислам дека најдобро за Microsoft ќе биде да го купи Yahoo!" изјави Јанг на Веб 2.0 самитот во Сан Франциско. Јанг го образложи овој потег откако интернет пребарувачот Google го откажа партнерството со Yahoo!, со цел да ја избегне континуираната правна битка со анти-монополските регулатори.
Во последните два дена, американските власти забележаа активни и бројни напади упатени кон компјутерските системи користени при кампањата на Барак Обама и Џон Мекејн. Дополнително, ФБИ и Тајната служба соопштија и дека е забележан упад во компјутерите користени во Белата куќа во Вашингтон, од кои неовластено се преземени неколку официјални и стриктно службени е-маил разговори.
Навистина звучи како наслов на Џејмс Бонд филм, но за Бисвамохан Пани (Biswamohan Pani) ќе му се суди за кражба на податоци од Intel. 33-годишниот поранешен инжинер на Intel е обвинет дека украл тајни податоци за микро-процесори вредни 1 милијарда долари со намера да ги продаде на AMD, ривалот на Intel, за кого Пани работел од јуни.
Intel најави прес конференција за 17 Ноември во Сан Франциско, каде официјално ќе бидат претставени процесорите Core i7 (кодно име Nehalem). Иако тест-чиповите се веќе кај рецензистите, досега не се знаеше официјалниот датум за претставување на производот.
Microsoft вчера лансираше нова програма наречена BizSpark со цел да ги охрабри новите компании да се приклучат кон нивниот проект. Всушност, се што е потребно za ново формираните компании за да изградат веб сервис (многу од алатките и софтверот му конкурираат на алтернативите на слободниот софтвер како што е MySQL) им се нуди бесплатно во период од три години.
Како резултат на забелешките на анти-монополските регулатори, Google вчера објави дека се повлекува од маркетинг партнерството со Yahoo!. Ова повлекување на Google претставува уште еден чекор назад за Yahoo!, кој сметаше дека со помош на овој договор со Google ќе успее да ги покачи годишните приходи за 800 милиони долари и да ги смири акционерите кои сеуште се гневни на одлуката на менаџментот да ја одбие понудата вредна 47.5 милјарди долари за преземање на компанијата од страна на Microsoft пред неколку месеци.


