Данска стана првата земја во светот која дозволи да се користи интернетот за испитите. Студентите можат да сурфаат каде сакаат, Facebook, YouTube... но не смеат да комуницираат со пријателите, да копираат делови од текстови и да ги пастираат, туку само да ги користат за наоѓање на потребната информација. Поентата е да се научат учениците да користат и процесираат информации. Клучни зборови: DenmarkДанскаинтернетиспитиGrave High SchoolBBCSanne Yde SchmidtBertel HaarderБертел ХардерСане Шмит
Анализа на Nielsen и Council for Research Excellence потврди дека телевизијата се уште е крал на медиумите, но изненади со информација дека радиото се конзумира почесто од интернетот. Aнализата на Nielsen покажала дека скоро 77 отсто од возрасните слушаат радио дневно! Клучни зборови: radiointernetNielsenрадиомедиумконзумацијаmediaистражувањеанализа
После едно годишна истрага, властите во Турција го казнија Google со 32 милиони eвра заради избегнување да платат национaлен данок, пишува TechCrunch.
Google го има најголемиот дел од пазарот на онлајн рекламирањето и интернет пребарување во Tурција. Бидејќи прави пари, турските власти велат дека гигантот мора да плати национален данок. Долгот кој го има Google кон земјата е 32 милиони евра.
Филмскот студио Paramount Pictures ги обвини скоро сите, и пиратските сајтови и интернет пребарувачите и корисниците, затоа што го пиратирале нивниот филм „Star Trek".
Филмот се објави на 9 мај, а истиот ден се појави и руска кино снимка од филмот, вели Paramount. По руската следела филипинска верзија, украинска, шпанска, германска, американската... Потоа во септември се појави верзија со DVD квалитет за која Paramount открил дека преку 5 милиони IP адреси симнале 6 јазични верзии од филмот. Тие 5.3 милиони симнувања се извршиле од преку 73.625 URL адреси.
Читајќи ги вестите на Read Write Web, блог за технологија, наидов на рекламен банер во кој пишуваше: „see.me, fly.me,
web.me, call.me... Why .me? Because .me is you". Знаев дека .me доменот е домен на Црна Гора, како што .mk е домен на Македонија, па кликнав на рекламата да видам за што се работи.
Доменот е доста атрактивен. Kaко што покажува рекламата, игра со зборови може да биде навистина интересна: love.me, share.me drive.me, kiss.me, web.me, see.me, mary.me, lizni.me, bakni.me, sakaj.me, ubi.me ...
Можеби Шведската академија навистина погреши давајќи му Нобелова награда за мир на Барак Обама. Требаше да му ја даде на Facebook.
Зошто?
Facebook го објави peace.facebook.com порталот со статистика и графикони кои покажува дека друштвената мрежа помогна да се преминат одредени национални, географски и религиозни граници, граници кои во реалноста често се бранат со бодликава жица и војници.
Aдминистрацијата на Барак Обама се одлучи за доста храбар потег - да го имплементира и искористи слободниот софтвер за менаџмент на онлајн содржини Drupal и тоа за официјалниот сајт на Белата Куќа. Овој потег на најнапредната американска администрација во поглед на ИТ досега, му дава посебно значење на слободниот софтвер. Клучни зборови: Бела КуќаБарак ОбамаDrupalWhite Housewhitehouse.govopen sourceслободен софтверДрајс БујтаертDries Buytaert
Griffith универзитетот од Австралија го воведе креативното пишување твитови како
задолжителен предмет за своите студенти по новинарство. Студентите го користат Twitter како „вежба за рефлектирање на себе“ вели Жаки Едварт, предавач на универзитетот.
„Твитовите на некои студенти не се толку суштински како што сакаме да бидат. Но не знам дали ако напишат есеј, ќе биде подобро“ вели г-ѓа. Едварт за Sydney Morning Herald.
Во Октомври 2007 година, магазинот Time и официјално прогласи дека друштвените сајтови на интернет се по популарни од сајтовите со порнографски содржини.