IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Побезбеден детски онлајн свет
Побезбеден детски онлајн свет Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 10.12.2008
Побезбеден детски онлајн светЕвропската Унија на 1 Јануари ќе ја започне новата, 55 милиони евра вредна програма за заштита на децата во онлајн светот - Safer Internet. Програмата предвидува зголемување на свеста за опасностите кај родителите и младите, воспоставување на едукативна дата база и борба против штетните и нелегални содржини на мрежата.

ЕУ комесарот за ИКТ, Вивиен Ридинг (Viviane Reading) го поздрави одобрувањето на планот кој беше изгласан од Европскиот парламент во Октомври, по што се адаптираше новата програма за периодот од 2009 до 2013 година.

„Бидејќи овие технологии [интернетот и мобилните телефони] им помагаат на децата во учењето и им пружаат нови интересни начини да се социјализираат, тие се побрзи во користењето на технологијата пред родителите. Ние мора да се осигураме дека децата кога користат онлајн или сервис за мобилен, ќе можат да ги препознаат потенцијалните ризици и да се справат со нив.“ рече г-ѓа. Ридинг.

Побезбеден детски онлајн свет

Новата програма ќе ги распредели 55-те милиони евра на 4 дела:

  • 48% за зголемување на јавната свест
  • 34% за борба против нелегалната и опасна содржина
  • 10% за промовирање на побезбедна онлајн средина и
  • 8% за постаување на едукативна дата база.

Исто така се објави и нова Eurobarometer анкета направена во сите земји-членки на ЕУ Која покажа дека:

  • 75% од децата меѓу 6 и 15 години користат интернет (тренд кој се зголемува)
  • 50% од 10-годишните деца имаат мобилен
  • 60% од родителите се загрижени дека нивното дете може да биде сексуално злоупотребено на интернет
  • 54% од родителите се плашат дека нивните деца можат да бидат излажани на некој начин, малтретирани преку пораки или да им одземат лични податоци
  • 1/2 од родителите зборуваат со децата за тие опасности и тоа воглавно за давање на лични податоци онлајн и да не зборуваат со луѓе што не ги познаваат


Клучни зборови:  Европска Унија   Деца   Детски свет   Онлајн   Заштита   Приватност   Сигурност   Родители   Мрежа   Млади   Интернет

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Bluetooth?

Технологијата Bluetooth го добила своето име по норвешкиот крал Харалд Блутут (Harald Bluetooth), кој бил познат по тоа што ги обединувал завојуваните племиња во Данска и Норвешка. Целта на технологијата исто така е да ги обедини разните технологии.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(104 глас/а)

  • 78.8%
  • 5.8%
  • 5.8%
  • 9.6%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност