Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Надополнето: Руско-Грузиска сајбер војна
Надополнето: Руско-Грузиска сајбер војна Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 12.08.2008
Руско-Грузиска сајбер војнаГрузиската влада ја обвини Русија за неовластено навлегување во компјутерските системи на клучни владини сајтови и нивно исклучување. Грузија тврди дека пристапот до сајтот на нивното Министерство за надворешни работи и други владини сајтови е оневозможен од страна на руски хакери со што се попречува објавувањето на соопштенијата со кои Грузија го известува светот за случувањата за време на војната.

За да продолжи со објавување на соопштенијата за јавност и медиуми, грузиската влада започна да го користи јавниот сервис на Google, Blogspot.com за да создаде свој блог - http://georgiamfa.blogspot.com.

Руско-Грузиска сајбер војна
Блогот на МНР на Грузија на Blogspot.com

"Критичните напади против многубројни грузиски сајтови кои објавуваат вести и соопштенија започнаа преку викендот и продолжија во понеделникот. Забележуваме масовни напади против клучните сајтови Apsny.ge и News.ge." - изјави Хосе Назарио, сигурносен истражувач на компанијата Arbor Networks, за весникот Њујорк Тајмс.

Од другата страна, владата на Русија официјално сеуште се нема произнесено во врска со овие обвинувања, но новинските агенции како RIA Novosti и Lenta.ru потврдија дека постојат силни сајбер напади и против нивни и руски владини сајтови и дека досега руски информативни сајтови како osinform.ru, osradio.ru и други биле хакирани и нивната содржина била сменета.

Според изјавите и на други експерти за компјутерска сигурност, главно станува збор за DoS/DDoS напади чија главна цел е оневозможување на пристап до сајтовите. DoS/DDoS (Denial of Service/Distributed Denial of Service) се вид на компјутерски напади кои се извршуваат со практично "бомбардирање" со разни барања за пристап до сајтот, при што сајтот, неможејќи да ги изврши сите барања и да ги оствари сите конекции, паѓа и станува недостапен.

Руско-Грузиска сајбер војна
Traceroute до сајтот на МНР на Грузија

На интернет кружат гласини дека нападите спрема грузиските сајтови потекнуваат од сервери лоцирани во руска телекомуникациска компанија, а одат и до таму каде што се шпекулира дека искористениот ботнет од руската страна има од 10,000-20,000 нодови, и е воглавно составен од AMD машини, како и дека е во сопственост на руската армија.

Судејќи според досегашните сајбер напади, руската страна несомнено доминира во оваа сајбер војна, а својата доминација ја поткрепува и со забрана за пристап до грузиски сајтови од руска територија како и прекинување на главните интернет линкови на Грузија.

Глобалната интернет конекцијата на Грузија зависи од два главни телекомуникациски линкови кои доаѓаат од Турција и Русија. Рускиот линк постојано е под прекини, а во последно време и турскиот, па затоа со асистенција на САД, Грузија поставува нов фибер-оптички линк преку Црното море кон Бугарија, преку грузиското пристаниште Поти и бугарскиот град Варна. Според најавите линкот треба да биде активен уште од Септември.

Надополнување 13.08.2008:
Руските сајбер напади над грузиските сајтови сеуште го имаат истиот интензитет како оној од изминатиот викенд. Многу грузиски сајтови, вклучувајќи го и сајтот на грузиската новинска агенција Civil.ge се под постојани напади. Сопствениците на нападнатите сајтови со цел да продолжат со објавување на информации, слично на Министерството за надворешни работи на Грузија, решија "заштитата" да ја бараат во сервисот Blogspot па започнаа со извршување на своите дејности преку блог сервисот.

Во сајбер војната, од страна на Грузија се вклучи и Естонија, земја која во минатото (последен пат во Мај, 2007 година) исто така има водено сајбер војна со руските хакери и која на својата територија поседува сајбер-безбедносен бункер на НАТО, лоциран во Талин. Естонците направија невиден чин досега во светската историја и испратија експерти за сајбер одбрана во Грузија, а и го хостираа сајтот на грузиското МНР на нивни сервери. Се верува дека вклучувањето на Естонија во овие сајбер случувања само ќе ја ескалира Руско-Грузиската сајбер војна.

Дополнително на овие сајбер напади се случуваат и руски бомбардирања врз телекомуникациската инфраструктура на Грузија.


Клучни зборови:  Русија   Грузија   Сајбер војна   Руско-грузиска војна   Хакери   Интернет   Компјутерски напади   Владини сајтови   Сајбер напади

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум
RSS канали на it.com.mk

WWW2,WWW3...

Обични префикси користени од некои организации за да ги оделат своите содржини од веќе стандардизираниот WWW. Не станува збор за нова конекција, нов глобален стандард или пак Интернет 2.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
Last.fm
FriendFeed
LinkedIn
MKHOST - www.mkhost.com.mk
Веб хостинг, регистрација на домени, аудио стриминг, дизајн на веб страни

IT.com.mk на Twitter