Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Samsung со загуби од 44% во третиот квартал
Samsung со загуби од 44% во третиот квартал Испечати Е-пошта
Автор: Митко Стојановски   
Објавено на: 28.10.2008
SamsungОд Samsung Electronics Co., светски најпознатиот производител на компјутерски мемориски чипови, во петокот изјавија дека нивната заработка за време на третиот квартал од годинава опаднала за 44% споредено со податоците од пред една година, а исто така и цените на мемориските чипови и мониторите значајно се намалени, како резултат на економската криза.

"Пазарната средина во третиот квартал се покажа како голем предизвик во поглед на зголемувањето на трошоците и падот на светската економија," велат од компанијата, објаснувајќи ги нивните негативни резултати.

Samsung со загуби од 44% во третиот квартал

За време на периодот Јули - Септември, нето профитот достигна 1.220 милијарди корејски вони (873.3 милиони US долари), значително помалку во однос на 2.190 милјарди корејски вони (1.56 милиони долари) нето профит кој беше остварен за време на истиот период пред една година.

Иако продажбата се зголеми за 15.4% на годишно ниво достигнувајќи 19.200 милијарди корејски вони (13.7 милиони долари), оперативната заработка падна на 1.020 милјарди (0.72 милиони долари), велат од компанијата.

Во меѓувреме, од компанијата најавуваат дека инвестициите на Samsung во наредната година ќе останат "во иста мерка агресивни спрема конкуренцијата", иако влошувањето на глобалните економски услови може да ја присилат компанијата да биде поконзервативна.


Клучни зборови:  Samsung   Сaмсунг   Електроника   Компјутерски чипови   Мемориски чипови   Монитори   Мобилни   Економска криза   Профит

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
Гласајте за најдоброто во 2008
RSS канали на it.com.mk

LOL

LOL е кратенка на терминот "Laughing Out Loud" или "се смеам на глас". Најчесто се користи во комуникацијата преку инстант месенџери за да се избегне непотребно пишување, а во последно време се повеќе популарна станува и во СМС пораките.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
YouTube
FriendFeed
LinkedIn
IWM NETWORK - iwmnetwork.com
ИТ Консалтинг, Интерактивен маркетинг, Истражувања и анализи, Веб дизајн...

IT.com.mk на Twitter