Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Sinowal - тројанец кој краде податоци
Sinowal - тројанец кој краде податоци Испечати Е-пошта
Автор: Митко Стојановски   
Објавено на: 01.11.2008
Sinowal - тројанец кој краде податоциДетални податоци од околу 500.000 онлајн банкарски сметки, кредитни и дебитни картички се украдени од тројанец кој е опишан како "еден од најнапредните примероци на криминален софтвер кој воопшто е создаден". Тројанецот Sinowal беше откриен од сигурносниот сектор на компанијата RSA, која помага во обезбедувањето на мрежите на најдобрите 500 компании во САД.

Според RSA, тројанецот заразил компјутери ширум целиот свет. "Ефектот е навистина глобален со повеќе од 2000 компромитирани домени," вели Sean Brady од сигурносниот сектор на RSA. Според него, вирусот кој датира од 2006 година, украл повеќе од половина милион лични податоци и опфатил повеќе од 2.700 финансиски домени ширум целиот свет. Околу 270.000 банкарски податоци за логирање, односно кориснички имиња и лозинки, се украдени ширум светот. Исто така биле украдени околу 240.000 броеви на кредитни и дебитни картички како и датумот на важење на истите.

Само во последните шест месеци, Sinowal украл кориснички имиња и лозинки од преку 100,000 онлајн банкарски сметки. Графикот ја покажува стапката со која Sinowal крадел податоци од банкарските сметки:

Sinowal - тројанец кој краде податоци

Од RSA велат дека првенствено тројанецот бил поврзан со озлогласената Руска бизнис мрежа (RBN), но тоа повеќе не е случај сега.

Brady не открива кои финансиски институции се погодени, но вели дека повеќето биле големи финансиски сервисни компании од различни места. Нападнати биле сметки во Северна Америка, Полска, Шпанија, Чешка, Германија, Холандија, Италија, Азиско-пацифичкиот регион и Латинска Америка.

Тројанецот е софистициран и ги напаѓа жртвите преку drive-by download експлоити. Едноставно само посетувањето на заразената веб страница ќе го активира вирусот. Тројанецот инсталира код на Master Boot Record-от на компјутерот, и на тој начин го прави тешко откривањето и одстранувањето на тројанецот.

Кога корисникот ќе го посети доменот кодиран како иницијатор на тројанецот, тој започнува да се извршува, вметнувајќи HTML содржина на компјутерот на жртвата. Се појавува нова веб страница со нови информациски полиња, прашувајќи го корисникот да ги внесе личните податоци. Побарувањето на некои податоци, како на пример матичниот број, може да го откријат тројанецот, бидејќи повеќето од банките никогаш не бараат ваков податок.

Командниот центар против компјутерски измами на RSA веќе ги известил законските институции како и финансиските институции кои се погодени од тројанецот.


Клучни зборови:  Sinowal   Тројанец   Заштита   Сигурност   Безбедност   Компјутери   Податоци   Сајбер криминал   Мрежи   Софтвер   RSA   Кредитни картички   Дебитни картички

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
Гласајте за најдоброто во 2008
RSS канали на it.com.mk

Гејминг

Гејминг(Gaming) е фраза која го опишува играњето на електронски игри на компјутер или пак на некоја друга конзола. Во последните неколку години особено популарни станаа игрите кои се играат преку LAN или интернет, кои почнаа да добиваат статус на спорт.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
YouTube
FriendFeed
LinkedIn
IWM NETWORK - iwmnetwork.com
ИТ Консалтинг, Интерактивен маркетинг, Истражувања и анализи, Веб дизајн...

IT.com.mk на Twitter