Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Сите со слободен софтвер до 2010
Сите со слободен софтвер до 2010 Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 19.11.2008
Сите со слободен софтвер до 2010Дури 85% од фирмите користат слободен софтвер, покажало истражувањето на Gartner, и се очекува во 2010 сите компании да го следат трендот. Истражувањето било извршено во Мај и Јуни, пред економскиот колапс, со вкупно 274 компании од Aзија, Европа и Северна Америка.

Истражувањето на Gartner, фирма за ИТ анализи, покажало дека во просек само 3 од 10 компании имале формална полиса за користење на слободниот софтвер што, според Gartner, би ги штитела од проблеми со интелектуалната сопственост што би можеле да се случат во иднина.

Според истражувачите недостигот на формални полиси во една компанија при користење на слободен софтвер може сериозно да наштети на компанијата на многу полиња.

"Од причина што нешто е бесплатно немора да значи дека нема трошоци." - изјави директорот на истражувањето, Лаури Вурстер (Laurie Wurster). "Компаниите мора да развијат полиси и треба да знаат кои апликации можат да ги користат како слободен софтвер, како и да научат да ги идентификуваат потенцијалните ризици за нарушување на компаниската интелектуална сопственост. Кога еднаш ќе се усвои полиса, тогаш мора да има континуиран надзорен процес за да успее истата."

Сите со слободен софтвер до 2010

Врустер исто така додаде дека и разните видови на лиценци и форми на слободниот софтвер можат да го олеснат процесот за имплементација на СС во "фрустрирачките процеси."

Најголемата причина за користење на овој софтвер се трошоците. Слободниот софтверот, според Wikipedia "е софтвер што може да се користи, проучува и изменува без ограничувања, и што може да се копира и редистрибуира во изменета или неизменета форма без или со минимални ограничувања, само за да може првичниот автор да биде сигурен дека понатамошните корисници исто така ќе можат да ги прават сите тие работи."


Клучни зборови:  Слободен софтвер   Open-Source   Истражување   Gartner   Софтвер   Економија   Компании   Интелектуална сопственост

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
Гласајте за најдоброто во 2008
RSS канали на it.com.mk

PDA

PDA е кратенка за Personal Digital Assistant (персонален дигитален асистент) и претставува рачен компјутер за организирање на контакти, состаноци и работни задачи. Обично содржи календар, уредувач на текст, е-маил и др.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
YouTube
FriendFeed
LinkedIn
IWM NETWORK - iwmnetwork.com
ИТ Консалтинг, Интерактивен маркетинг, Истражувања и анализи, Веб дизајн...

IT.com.mk на Twitter