IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Смртта на Мајкл Џексон го сруши интернетот
Смртта на Мајкл Џексон го сруши интернетот Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 26.06.2009
mjmosИако беше надвор од сцената повеќе од 10 години, смртта на Мајкл Џексон предизвика феномен што сруши неколку сајтови, a интересот за неговата смрт го натера Google да се уплаши поради огромниот број посетители бидејќи „верувавме дека се работи за хакерски напад“, изјави Google за BBC.

„Вистина е дека вчера околу 3 часот пацифичко време (11 часот македонски) некои посетители на Google News имаа проблеми со пристапување на резултати од пребарувањата поврзани со Мајкл Џексон и добиваа грешка“ изјави Габриел Стрикер, портпаролот на Google.

googleerror
Кога пребарувачот има проблем.

TMZ, сајт со вести од Холивуд кои први објавија дека Џексон е во болница се сруши од бројот на посетителите. Фановите во потрага по информации го срушија и популарниот трачерски блог Perez Hilton.

Истото му се случи и на Twitter, кој забележа 65.000 твита со името „Мichael Jackson" пред да се сруши. Потоа сервисот за микро-блогирање забележува 100.000 твита на час за Мајкл Џексон, што е иста бројка со твитови поврзани со иранската револуција.

Facebook забележа три пати повеќе објавувања на статус на профилите по смртта на популарниот пејач, додека на Wikipedia се случи уредничко препукување меѓу фановите кои велеа дека е мртов и други кои го негираа тоа.

Спамерите, исто така, ја искористија и оваа ситуација како и сите популарни теми на интернетот и започнаа да спамираат со е-маилови кои наводно нудат повеќе информации за смртта на Џексон, вели безбедносната компанија Sophos.

Ова покажува 2 работи. Дека прво место каде што луѓето бараат информации е интернетот. И второ, дека сервисите и популарните сајтови треба да бидат поиздржливи во случај да има моменти на поголема посетеност, што сé почесто и почесто се случува.



Клучни зборови:  Michael Jackson   Мајкл Џексон   Google Error   Twitter   TMZ   Perez Hilton   Facebook   Sophos

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

ENIAC

ENIAC е првиот електронски компјутер, објавен во 1946, кој тежел 30 тони, имал над 17.000 цевки и бил долг 25 метри. Денешниот десктоп компјутер во просек може да сними милион пати повеќе информации отколку ENIAC и истото да го направи 50.000 пати побрзо.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(141 глас/а)

  • 75.2%
  • 6.4%
  • 7.1%
  • 11.3%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност