Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Србија под лупа?
Србија под лупа? Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 25.07.2008
RATELСекоја телекомункациска услуга во Србија ќе биде архивирана и под мониторинг во реално време од страна на надлежните органи за електронски надзор, се наведува во новиот правилник на Српската агенција за телекомуникации (РАТЕЛ). Според блогот Internodium ова е невкусно и го руши принципот на приватност.

- Под маската на наводни "технички услови за интернет мрежи" во Србија се воведува досега незабележан масовен и неограничен надзор и архивирање на сите облици на електронска комуникација за потребите на службите за безбедност. Дури ни во најлошите времиња на теророт за време на режимот на Милошевиќ немаше ваква регулатива.* - пишува на блогот.

Иако овој документ стапил во сила на 11 јули, тој дури денеска е објавен на официјалниот сајт на РАТЕЛ. Правилникот, насловен "Технички услови за подсистеми, уреди, опремa и инсталации на интернет мрежи", составен од само неколку точки, ги обврзува сите јавни телекомуникациски оператори да создаваат бази на податоци на сите понудени услуги и корисници и да овозможат директен пристап до нив на надлежните органи.

Овој документ исто така ги обврзува сите телекомуникациски провајдери на свој трошок да овозможат на државниот орган аутономен мониторинг во реално време, да доставуваат извештаи до органите без криптографската заштита и да обезбедат хардвер и софтвер за пасивен мониторинг помеѓу претплатникот и било кој интернет провајдер.

Бараниот хардвер и софтвер, треба да овозможува надгледување на интернет активности, ИМ, е-маил вклучувајќи преглед на вклучени фајлови, ИП телефонски и видео сообраќај, и peer-to-peer (p2p) мрежи. Ова е прецизирано во претпоследниот пасус на точката 2 од документот:

"Хардверот и софтверот, кој е обезбеден од доставувачот на интернет услуги, треба да овозможува:
а) пасивен мониторинг на интернет активности во реално време;
б) собирање и анализа на статистика за интернет активности;
в) пресретнување на електронска пошта, придружни содржини (attachment) и обработка на веб маил-и;
г) пресретнување на ИП телефонски сообраќај, факсови и ИП видео сообраќај;
д) пресретнување на ИМ (instant messenger) сообраќај;
ѓ) пресеретнување на сообраќај на peer-to-peer мрежи."*

Дополнително на ова, хардверот и софтверот треба да овозможуваат реконструкција и филтрирање по кориснички имиња или броеви, е-маил адреси, ИП адреси или опсег, MAC адреси и ИМ кориснички имиња.

*слободен превод


Клучни зборови:  Србија   Надзор   Мониторинг   Приватност   RATEL   РАТЕЛ   Srbija   Privatnost   Monitoring   Телекомуникации   Провајдери   Заштита   Реално-време   Блог   Internodium

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум
RSS канали на it.com.mk

LOL

LOL е кратенка на терминот "Laughing Out Loud" или "се смеам на глас". Најчесто се користи во комуникацијата преку инстант месенџери за да се избегне непотребно пишување, а во последно време се повеќе популарна станува и во СМС пораките.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
Last.fm
FriendFeed
LinkedIn
MKHOST - www.mkhost.com.mk
Веб хостинг, регистрација на домени, аудио стриминг, дизајн на веб страни

IT.com.mk на Twitter