Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Технологијата ги зближува семејствата
Технологијата ги зближува семејствата Испечати Е-пошта
Автор: Митко Стојановски   
Објавено на: 21.10.2008
Технологијата ги зближува семејстватаИнтернетот и мобилните телефони станаа главна компонента на современиот семеен живот. Помеѓу сите типови на домаќинства, традиционалните семејства имаат највисок степен на употреба и поседување на технологија. Технологијата помага во зближување на семејствата. Ова се вели во извештајот на Pew Internet - компанија која се занимава со проучување на влијанието на интернетот врз децата, заедниците, работните места, грижата за здравјето и опшествено политичкиот живот.

Наместо да ги разделуваат луѓето, мобилните телефони и интернетот придонесуваат за одржување на социјалните врски. Истражувањето спроведено на 2.252 американци, покажува дека семејствата се најголемите ентузијасти во поглед на користење на современата технологија. Исто така, истражувањето покажува дека користењето на интернетот е социјална активност во рамките на семејството. 51% од родителите велат дека пребарувањето на веб страници го прават заедно со своите деца.

"Некои аналитичари изразија загриженост дека новите технологии ја повредуваат семејната заедница, но ние гледаме дека технологијата овозможува нови начини на поврзаност, со мобилните телефони и интернетот" вели Tracy Kennedy од Универзитетот во Торонто кој помагаше во изработката на извештајот именуван како "Networked Families".

Технологијата ги зближува семејствата

Истражувањето беше насочено кон воочување на разликите во поглед на употребата на технологијата помеѓу семејства со деца и само возрасни, парови без деца и возрасни кои делат заеднички дом но сепак не се роднински поврзани. Се покажа дека традиционалните семејства поседуваат повеќе hi-tech направи во своите домови, повеќе отколку било која друга група која била испитувана. Кај 89% од традиционалните семејства е утврдено дека поседуваат повеќе од еден мобилен телефон, а 66% од нив поседувале интернет конекција. Кај 58% од овие семејства е утврдено дека поседуваат повеќе од два компјутери дома.

53% од испитаниците велат дека новите технологии го подобриле квалитетот на нивната комуникација со оддалечените членови на семејството, а  47% велат дека им се подобрила интеракцијата со тие со кои живеат заедно.

Поголемата употреба на мобилните телефони, компјутерите и интернетот доведе до тоа семејствата веќе да не се собираат пред телевизорот, но ова не значи дека тие семејни моменти исчезнаа. Напротив, се покажа дека 52% од интернет корисниците кои живеат со својот сопружник и имаат деца, се приклучуваат онлајн во друштво со некој друг, неколку пати неделно.

Според многумина, зголеменото користење на интернетот произлезе од се поскапата телевизија. 25% од испитаниците велат дека се помалку гледаат телевизија. Само 58% од 18-29 годишните велат дека гледаат телевизија секој ден.


Клучни зборови:  Интернет   Технологија   Комуникација   Информатичко општество   Семејства   Деца   Семеен живот   Заедница   Култура   Домови

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
Гласајте за најдоброто во 2008
RSS канали на it.com.mk

Web 2.0

Web 2.0 не е нова технологија, туку обичен термин кој стана популарен благодарение на медиумите. Web 2.0 е описен збор за "новиот интернет" кој се базира на корисничка интерактивност и подобрени веб искуства. Web 2.0 дизајн вклучува користење на интензивни сенки, рефлексии, наклонети бои и др.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
YouTube
FriendFeed
LinkedIn
IWM NETWORK - iwmnetwork.com
ИТ Консалтинг, Интерактивен маркетинг, Истражувања и анализи, Веб дизајн...

IT.com.mk на Twitter