Соочена со 90 студенти во училница, атмосфера која е тешко за секој професор да ги вклучи сите студенти да придонесат во наставата, професорката Моника Ранкин од Универзитетот на Тексас во Далас, САД, се одлучи со технологија да го привлече вниманието на студентите. Професорката по историја знаејќи дека не секој студент има лаптоп, но повеќе од нив имаат мобилен, се решила да го искористи Twitter како платформа, иако и таа самата била почетник во микро-блогинг друштвената мрежа.
„Повеќето предавачи ќе се согласат дека големите класови во училници налик на аудиториуми/слушални ги ограничуваат опциите за професорите само на предавање, предавања и уште предавање. Повеќето предавачи ќе се согласат дека ова не е ефективен начин за предавање. Јас сакав да најдам начин да влесам повеќе студентско ориентирани техники за предавања и да ги вклучам студентите во наставата" пишува г-ѓа. Ранкин.
Со помош на тагови, професорката ги организирала студентските пораки од Twitter во коментари, прашања и одговори. Кога ќе ги добие коментарите т.е твитовите од студентите таа проектира слика од Twitter на таблата зад неа и продолжува да ги дискутира сите пораки кои биле претходно постирани или кои се постираат во текот на настава.,
До сега резултатите од овој „Тwitter експеримент" се одлични. Сите од 90-те студенти се вклучиле во дебатирањето на предавањата на @ushistoryII. Дискусиите продолжувале и преку викендите и дури кога професорката била во друг град на кратко патување, со Twitter и кратките пораки таа успеала да ги одржи студентите активни во наставата. Професорката вели дека најголемиот проблем со Twitter е тоа што е само ограничен на 140 карактери и тоа што Twitter не е платформа да ги сочувува пораките, туку повеќе е платформа за моментално што се случува.
Во САД се почесто се појавуваат вести за професори од средни училишта и универзитети кои ги користат друштвените платформи како алатка да ги вклучат студентите во наставата. Минатиот месец беше објавена вест за професорот Кол В. Камплес од Државниот универзитет на Пенсилванија кој на своите предавања исто така го проектира Twitter со пораки од студентите на еден екран, а на друг неговото предавање. Пред исто месец, беше објавено и за професорката Линда Менк која предава маркетинг на Маркет универзитетот во Милвоки, и која ги охрабрува студентите да ги користат друштвените мрежи за маркетинг кампањи за клиентите.
Во Британија пак во март беше предложен нов наставен план со кој се предлага средношколците да учат за Twitter, блоговите, Wikipedia, Facebook и други друштвени мрежи.
За крај еве кратка презентација како да се искористи Twitter за предавањата.
Телескопот Hubble е лансиран од страна на САД на 24 Април, 1990 година а името го добил по астрономерот Едвин Хабл (Edwin Hubble). Hubble е LEO (Low Earth Orbiting) тип на сателит кој е лоциран 600 километри над површината на Земјата. Телескопот завршува цела орбита околу Земјата секои 97 минути.