IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Надополнето: Ватикан 2.0
Надополнето: Ватикан 2.0 Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 23.05.2009
Ватикан 2.0Официјално стартуваше YouTube каналот на Ватикан. „Новите технологии имаат неверојатен потенцијал, ги подржуваат разбирањето и човековата солидарност. Овие технологии се вистински подароци за човештвото: затоа мора да се потрудиме придобиките кои тие ги нудат да бидат ставени во служба на сите луѓе и општества“. Ова се зборовите на папата Бенедикт XVI.

Можеби не се првите, англиската кралица Елизабета има свој канал на популарниот видео сајт уште од 2007, но сепак Ватикан го знае потенцијалот на интернетот. Имаат своја веб страна уште од 1995, а од видеото од нивниот канал може да се види дека Ватикан е сериозен и разбира дека интернетот е алатката што ќе ги зближи со верниците и можеби уште поважно за нив, ќе им донесе нова и помлада публика.

Ватикан 2.0

Во истиот ден кога се објави каналот на Ватикан на YouTube, во текст објавен на страницата на Ватикан, за престојниот 43 Светски ден на комуникациите, папата Бенедикт XVI напиша „Новите технологии исто така ја отворија вратата на дијалогот меѓу луѓето од различни земји, култури и религии. Новата дигитална арена, наречена сајбер простор, им овозможува да се сретнат и да си ги разберат еден на друг традициите и вредностите“, но додаде и дека интернетот може да ги изолира луѓето од реалниот свет.

Сепак, како што ја знаат комуникациската вредност (читај: ширење на пораки) на интернетот, така Ватикан ги знае и опасностите. Ватикан се надева дека Google ќе им помогне да ја контролираат содржината - каде се појавува и како се користи - со цел на зачувување на имиџот на папата. Но тоа најверојатно ќе биде ограничено само на нивниот канал на YouTube.

Надополнување 23.05.2009:
Со нов сајт Ватикан понуди апликација „Сретнете се со папата на Facebook“ и уште една со која католиците ќе можат да ги следат говорите на папата на iPhone и iPod.

Доколку сте на Facebook нема да добиете порака „Папата сака да ви биде пријател“ но преку апликациите ќе можете да комуницирате со него. Односно ќе може да се следат неговите говори, пораки, да се гледаат слики... се што се прави на Facebook.

„Разбираме дека црква која не комуницира, престанува да биде црква“ рече Паул Тиге, секретар на ватиканскиот одел за комуникација. „Младите денес не ги користат традиционалните медиуми како весниците и магазините за информации и забава. Тие се насочени кон друга медиумска култура, и ова е нашиот потег да се осигураме дека црквата е присутна во таа комуникациска култура“ вели г-дин. Тиге.

Претходно напишавме за YouTube каналот на папата, но со Pope2you.net, доста интересно дизајниран сајт, се организирани сите Веб 2.0 сервиси кои папата ги користи. Дури има и Wiki.



Клучни зборови:  Ватикан   Папа   Бенедикт   YouTube   Јутуб   Google   Технологија   Религија   Верници   Кралица   Канал   Веб сајт   Видео   Пропаганда   Публика

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Twitter посетеност

Бројот на посетители на Twitter.com се зголемил двојно во Март, 2009, од 4.3 милиони во Февруари на 9.3 милиони. Порастот на популарноста на сервисот за микро-блогирање се должи на неговата присутност во традиционалните медиуми, како и отворање на профили од страна на популарните холивудски ѕвезди.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(89 глас/а)

  • 76.4%
  • 6.7%
  • 5.6%
  • 11.2%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност