Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Во Србија објавен P2P пребарувач
Во Србија објавен P2P пребарувач Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 13.10.2008
Во Србија објавен P2P пребарувачДеновиве во соседна Србија беше објавен Edgios, модерен интернет пребарувач кој не се базира на централизирана технологија на пребарување и софтверски создадени роботи и пајаци кои го создаваат индексот. Наспроти ова, Edgios работи на принцип на поврзување на голем број на корисници кои создаваат еден вид peer-2-peer (P2P) мрежа која го создава пребарувачот.

Создавач на пребарувачот е Борислав Агапијев, електро инжинер кој во своето искуство има и завидна кариера во гигантот Intel и чиј прв проект на полето на интернет пребарување е Vast, веб пребарувач за мали огласи базиран во Сан Франциско.

Мотото на P2P пребарувачот е "Моќ на милиони" и на почетната страна од нивниот сајт може да се пронајде една интересна изјава која претпоставувам е и главната цел на проектот:

"Да го ослободиме пребарувањето на интернет од влијанието на големите корпорации и да отвориме пристап на огромни количини на информации до кои тие неможат или не сакаат да пристапат"

Во Србија објавен P2P пребарувач
Сајтот на Edgios

Бидејќи Edgios користи дистрибутивен индекс кој го создаваат самите корисниците со меѓусебно споделување на информации, успехот и квалитетот на резултатите на пребарувачот директно ќе зависи од бројот на членови кои ќе контрибуираат.

Edgios од бара посетителите да инсталираат посебен клиент, што засега делува одбивно за многу интернет корисници со што се отежнува процесот на создавање на голема база на корисници кои ќе го создадат пребарувачкиот индекс побрзо. Клиентот кој треба да се инсталира исто така воопшто и не е "скромен" и неговите минимални хардверски побарувања се процесор од класа Pentium 4 или понов, минимална меморија од 512 МБ, препорачливо 1 ГБ и минимум 1 ГБ од слободен простор на хард дискот. Добрата вест е што работи и на Windows и на Linux оперативни системи.

Во досегашниот развој на пребарувачот, Draper Fisher Jurvetson, инвеститорската фирма која има импресивно портфолио кое го вклучува и Skype, има инвестирано над 1 милион US долари. Се чини дека претставувањето на проектот првично во Србија е искористување на домашниот пазар за тестирање на продуктот кој подоцна (земајќи ги во предвид големите инвестиции) ќе се пласира глобално.


Клучни зборови:  Edgios   Едгиос   Србија   Пребарувач   Peer-2-peer   Интернет   Корисници   Централизирана технологија   Децентрализиран систем   Веб 2.0

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
Гласајте за најдоброто во 2008
RSS канали на it.com.mk

Гејминг

Гејминг(Gaming) е фраза која го опишува играњето на електронски игри на компјутер или пак на некоја друга конзола. Во последните неколку години особено популарни станаа игрите кои се играат преку LAN или интернет, кои почнаа да добиваат статус на спорт.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
YouTube
FriendFeed
LinkedIn
IWM NETWORK - iwmnetwork.com
ИТ Консалтинг, Интерактивен маркетинг, Истражувања и анализи, Веб дизајн...

IT.com.mk на Twitter