Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Yahoo отпушта 1.400 вработени
Yahoo отпушта 1.400 вработени Испечати Е-пошта
Автор: Митко Стојановски   
Објавено на: 22.10.2008
Yahoo отпушта 1.400 вработениПад на профитот на Yahoo! од 64% во третиот квартал на 2008, од компанијата велат дека ова влијаело на одлуката да се отпуштат околу 10% од работната сила најдоцна до крајот на годината. Во третиот квартал од оваа година, Yahoo! заработи 54,3 милиони долари, или четири центи по акција, што е пад од 64 проценти во однос на минатогодишните 151,3 милиони долари.

"Откако го увидовме падот на онлајн маркетингот во последниот квартал, одлучив дека Yahoo! мора да го забрза процесот во трансформација во поефикасна и поконкурентна компанија," вели главниот извршен директор Jerry Yang, човекот кој ја одби понудата на Steve Ballmer и Microsoft вредна 47.5 милијарди долари за преземање на Yahoo!. "Верувам дека заздравувањето на Yahoo! во овој момент ќе обезбеди повеќе флексибилност за управувањето во моменталните услови и ќе ја зајакне нашата позиција во иднина."

Jerry Yang
Jerry Yang

Целта на Yang е да скрати околу 400 милиони долари годишни трошоци.  "Бидејќи поголемиот дел од нашите трошоци се поврзани со бројот на вработени, ние одлучивме да ја редуцираме глобалната работна сила за најмалку 10% до крајот на годинава. Ова е првиот чекор како дел од напорите на подолг период кои ќе продолжат во 2009 година па и понатаму."

Како резултат на ова, компанијата планира да отпушти околу 1.430 од своите 14.300 вработени. Со ова се бележи втората рунда на отпуштање на вработени на Yahoo! во период од една година. Претходно во Јануари, како резултат на намалениот профит во последниот квартал на 2007, Yahoo! отпушти 1.000 вработени.

Неколку месеци претходно, во Мај, Steve Ballmer му понуди на Jerry Yang 33 долари по акција за неговата компанија, и Yang ја одби понудата, инсистирајќи дека понудата не ја одразува вистинската вредност на Yahoo. За помалку од шест месеци Yahoo тргува со 12.07 долари по акција. Како резултат на најавените рестрикции во поглед на бројот на вработени, акциите на компанијата паднаа за повеќе од 6% во часовите после најавата.

Како и да е, Jerry Yang е сигурен дека Yahoo е подобар од било кој друг интернет маркетинг огласувач - барем кога станува збор за прикажувачки реклами. "Наспроти тешкото опкружување, голем оптимист сум во врска со иднината на нашата компанија. Додека многу маркетинг компании ги чуваат буџетите внимателно, јас сум охрабрен бидејќи повеќето од клиентите кои натаму трошат во овие услови, трошат кај Yahoo!"

Во меѓувреме, профитот на Google скокна за 31% за време на третиот квартал, благодарение на монополот во бизнисот на рекламирање преку пребарување.


Клучни зборови:  Yahoo   Jerry Yang   Јаху   Џери Јанг   Економска криза   Отпуштања   Вработени   Финансиски резултати   Профит   Бизнис   Економија

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
Гласајте за најдоброто во 2008
RSS канали на it.com.mk

Ј2ЕЕ

Java 2 Platform, Enterprise Edition е платформа од Sun за создавање на дистрибуирани корпоративни апликации. J2EE дејствува помеѓу корисникот и датабазите и информациските системи. Во 2005, Sun ја преименуваше платформата во Java EE.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
YouTube
FriendFeed
LinkedIn
IWM NETWORK - iwmnetwork.com
ИТ Консалтинг, Интерактивен маркетинг, Истражувања и анализи, Веб дизајн...

IT.com.mk на Twitter