IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow Свет arrow Зарем 1 песна вреди повеќе од човечки живот?
Зарем 1 песна вреди повеќе од човечки живот? Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 20.06.2009
Зарем 1 песна вреди повеќе од човечки живот?Џејми Томас-Расет е казнета со 1.92 милиони долари казна бидејќи споделувала 24 песни заштитени со авторски права преку сервисот Kazaa. Таа е првиот индивидуалец кој што е суден и казнет за споделување на фајлови. Г-ѓа. Томас-Расет прв пат беше казнета 2007 година кога судот ја осуди за виновна и ѝ нареди да плати казна од 220.000 долари. Таа потоа бараше ново судење и ауч... Сега наместо 200.000 долари таа треба да плати скоро 2 милиони долари за 24 песни, по 80.000 од песна.

80.000 по песна е многу повеќе од 24.000 долари кои Air France ќе им ги даде на фамилиите на жртвите од Air France летот 447 кој се сруши меѓу Рио де Женеиро и Парис. Зарем 1 песна вреди повеќе од човечки живот, па ако треба да е песна од Бритни Спирс? :|

Зарем 1 песна вреди повеќе од човечки живот?

Oваа сума е дури поголема и од сумата на трите основачи на The Pirate Bay, кои беа казнети со по 1 милион долари и година дена затвор.

„Нема шанси да ја платам казната“ рече г-ѓа. Томас-Расет, 32-годишната самохрана мајка од Минесота, САД.

Таа е првата од 30.000 индивидуалци кои ќе бидат тужени од RIAA за прекршување на авторските права и нелегално споделување музика онлајн. RIAA е американскта асоцијација на музичката индустрија. Тие изјавија дека се задоволни од исходот на судењето.

„Задоволни сме од судската одлука и бидејќи судот се согласи со доказите и го означи обвинетата како одговорна“ рече Кара Дукворт, портпаролот на RIAA.

Приказната не застанува тука. Следниот кој треба да се појави на суд е Џоел Тенебаум, 25-годишнен студент од Бостон. Тој прв пат беше осуден во 2003 година за нелегално споделување на 7 песни преку Кazaa. Toгаш г-дин. Тенебаум, се уште тинејџер, требаше да плати 5.250 долари казна за тие 7 песни. Тој рече дека нема толкава сума и се понуди да плати 500 долари.

RIAA ја одби понудата и сега следува второто судење каде се очекува студентот да биде казнет со 1 милион долари обештетување за нелегално споделување на само 7 песни.



Клучни зборови:  RIAA   Пиратерија   Пирати   казна   Pirate Bay   Kazaa   Преземање   Download   Аir France   Жртви   Човечки живот   Песна   Нелегални содржини   Авторски права

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

.mk онлајн

Според Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2008 година повеќе од 45% од домаќинствата во Македонија користеле компјутер а околу 78% од нив имале широкопојасен интернет пристап - најзастапена била ADSL технологијата кај 39.5% од домаќинствата.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(144 глас/а)

  • 75%
  • 6.3%
  • 6.9%
  • 11.8%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност