Главната цел на порталот IT.com.mk е да овозможи на своите посетители: - да бидат секојдневно информирани со најновите ИТ вести од светот и Македонија - да превземаат софтвер, музика и игри - да пристапат до едукативен материјал на разни теми - да прегледуваат видеа за технологијата и нејзиниот развој - да објавуваат сопствени мислења на разни ИТ теми - да научат како да ги користат ИТ производите и да ги одберат вистинските за своите потреби
IT.com.mk е македонски портал за информатичка и комуникациска технологија, кој со својот концепт на работа и дизајн се разликува од другите портали на македонскиот веб простор. ИТ порталот секојдневно објавува најнови вести поврзани со ИТ индустријата, рецензии на производи, мислења и ставови на разни теми, а исто така содржи голем број на интерактивни сервиси, како што се првиот македонски ИТ форум, ИТ блогови, ИТ ТВ и многу други....
ИТ порталот дневно е посетуван од илјадници посетители, а ИТ форумот регистрира повеќе од 2,000 члена. На посетителите на IT.com.mk порталот им се овозможува преку информации, алатки и совети да си го збогатат знаењето во примена на денешната технологија.
Дали сте само почетник или имате големо познавање за ИТ технологијата, Вие сте добродојден на IT.com.mk. Вашето мислење ќе биде ценето на форумот и блоговите, а истовремено ќе добиете соодветни совети и информации за најновото и најдоброто во дигиталниот свет. Преку комбинација на мислења на посетителите и авторите се овозможува создавање на објективни информации и нови идеи.
Нашата главна цел е да го поддржуваме, едуцираме и промовираме македонскиот ИТ потенцијал и значајно да придонесуваме за развојот на ИТ индустријата во Македонија.
Содржините на ИТ порталот се пишувани од автори кои имаат искуство на разни полиња од дигиталниот свет.
Порталот започна со работа на 25 Март, 2008 година, додека првиот македонски ИТ форум беше започнат на 21 Март, 2007 година.
IT.com.mk е во целосна сопственост на компанијата IWM Network.