Почетна arrow Блог arrow Хардверманија arrow СВОЕТО НЕ ГО ДАВАМ!....ама кој воопшто ме прашува... (2)
 
 
Хардверманија
Дигитални фотоапарати, ИТ новости, Софтвер, Хардвер
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Зоран Ивановски
 
СВОЕТО НЕ ГО ДАВАМ!....ама кој воопшто ме прашува... (2) Испечати Е-пошта
Автор: Зоран Ивановски   
Објавено на: 04.10.2008

Да долеам малку масло на претходниот напис кој, ете, излезе дека е прв дел а не целосна приказна. Искрено, очекував реакции од “телекомовци”, но тие изостанаа. Молчењето е знак одобрување, што би рекле старите? Или пак можеби колумната воопшто не е стигната до нив? Не би се кладел, со оглед на реакциите на мој познаник, кој знае за форумот и порталот и кој е вработен таму. Пријателска реакција пропратена со шега, но сепак знак дека е прочитана. Вероватно пренесена некому, на некој колега. А тој сигурно покажал на друг и започнало орото.
Нејсе. Сеедно ми е дали ќе реагираат, но сепак...

Со намера подетално да се информирам во врска со злоупотребата на линиите, поарчив неколку литра од “ефтиниот” бензин и прошетав низ неколку салони на ОнНет, да видам што имаат да изјават во “самоодбрана”.

Дисциплината на испраниот мозок
Пред да минам на главното, да наведам една интересна работа, која се повтори во сите салони. Наведувајќи го фактот дека користам WADSL и дека договорот ми истекува, чинам, Февруари (ме мрзи да го барам каде е и да проверам), се заинтересирав за можноста за продолжување на договорот. Одговорот беше дека WADSL повеќе не е во понуда, “discounted” опција. ОК, дајте тогаш друга понуда. Типично за некој со “испран” мозок, одговорот секаде беше како под конец – ЗЕМЕТЕ DUO EXTREME ПАКЕТ!

“Зошто баш DUO EXTREME, имам фиксен телефон?”, прашувам, а го насетувам одговорот.
“Па зошто да плаќате на Т-Home (доскорешен “Телеком”, однеодамна ребрендиран, прим. ав.) поскапо, кога кај нас имате неограничен бесплатен разговор со сите корисници на ОНТЕЛ и гратис 300 минути разговор кон Т-Home, плус поевтини тарифи, бла,бла, дрн, дрн...”.

Секоја чест, така треба! Одлична “дресура”, одлично програмирање! Од се срце му посакувам на ОнНет успех во работата! Најискрено!

Тогаш минував на главното. Како ќе се среди префрлувањето, треба ли сам да одам во Телеком (T-Home, де) да раскинам договор, го спомнав “пошумувањето” со бандери, акробациите со кабли и сл.
Нема бандерашење и каблирање, туку користење на инфраструктурата на T-Home, во тоа беа едногласни.
Одговорите варираа околу користењето на инфраструктурата.  Откупени линии, “највероватно закупени или изнајмени” и еден одговор – не располагаме со точна информација.

А договорот се раскинува автоматски, со потпишување на договор со ОНТЕЛ. Тогаш ОНТЕЛ ја завршува сета работа, во тоа беа како навиени. Но, никој не знаеше да одговори на најбитното прашање – “откако ќе измине година дена, колку што трае договорот со ОНТЕЛ, ако од било која причина не сакам да го обновам договорот со ОНТЕЛ, дали линијата од Т-Home која сум ја поседувал пред склучувањето договор со ОНТЕЛ ја добивам назад?” Тука веќе не знаеја како и што да одговорат, но се понудија да се информираат и да ми достават информација. Се заблагодарив, но не оставав контакт, освен во еден салон.

Остана сето горенаведено да се провери во Инфоцентарот. Љубезната личност (не е битно името и полот) беше децидна дека линиите ниту се “рентаат”, ниту се откупени од Телеком. Линиите се “преземале” од Телеком, во чија сопственост биле, и се давале на користење. Односно, со самото склучување на договорот корисникот се откажувал од постојната линија и таа се предавала на ОНТЕЛ. Значи, со самото склучување на договорот корисникот ВЕЌЕ ЈА НЕМА линијата со Телеком! По завршувањето на договорот со ОНТЕЛ, корисникот може да склучи нов договор со било кој расположлив фиксен оператор.

Маме му е**м! Ајде бре, па кој е тука луд а кој збунет? Кој кого тука “штанца”, или барем се обидува за такво нешто?
Се разбира, за да не остане еднострано, ја потпрашав и другата страна (Инфоцентарот на Телеком, тел. Број 171) во врска со линиите. Тука го добив одговорот кој го очекував. Со потпишувањето на договорот со ОНТЕЛ автоматски се раскинува договорот со Телеком – единствена “бенефиција” (јака ми ти бенефиција!) е што се задржува актуелниот број.
Многу благодарам! Навистина сте дарежливи!

И, ако после една година, колку што трае договорот со ОНТЕЛ, би сакал да се вратам на Телеком, морам повторно да склучам договор со нив, а тоа во моментов чини 1240,оо денари + ДДВ.
А парите што сум ги дал за сегашнава линија, 500 ДМ на времето? Ништо, вели љубезната операторка, тие пропаѓаат, освен ако немате договор со кој може да се оствари повраќај на средства. Искрено, немам поим какви се тие договори, кои се условите за склучување на такви, со повраќај на средства, но 200% сум сигурен дека тоа не се обичните, граѓански договори, каков што имам јас. Го прегледав 5-6 пати, и не видов таква ставка.

Што смрди тука?
Смрдат неколку работи.
Прво и основно – целата таа работа околу “преземањето” на линиите и нивното користење не е до крај јасна. Одговорот на личноста од техничка поддршка е неубедлив и недоискажан. Никако не може да се свати преземањето, префрлувањето, предавањето или што и да е. Односно, фалат детали. Или јас сум до толку глуп па не можам да сватам?
Ако сум глуп за тоа, не сум до толку глуп па да не разберам една друга работа.

Од линијата која јас ја користам Телеком (Т-Home) има приходи. Просечно, плаќам 20 Е месечно (некој денар плус-минус), тука некаде. Јас можам да го раскинам договорот, тоа е мое неотповикливо право. Во тој случај, од таа линија секнува приходот (каков-таков, сепак е приход). Инфраструктурата преку која се остварува таа линија е сопственост на Телеком – дали?

За нејзината изградба се вложени парични средства, од кои голем дел се обезбедени (го признале тоа или не) од склучените договори со корисниците. На времето во договорите стоеше “здружување на средства”. Значи, секој кој склучил договор со Телеком на некој начин е акционер. А тоа знаеме што повлекува. Е сега, дали по тој основ и за раскинувањето на договорот следи некаков повраток на средствата (процентуален/делумен)?
Значи, со предавањето на линијата која сум ја платил Телеком манипулира со нешто што е И МОЈА СОПСТВЕНОСТ.
Трето. Што има Т-Home од тоа што ќе ја предаде линијата на ОНТЕЛ? Го прави ли тоа бесплатно? Не би рекол дека туку-така ќе се откажат од приход. Дали постои некаков интерен договор помеѓу ОнНет и Т-Home?
Или фрлаат вода в очи во стилот- “еве, линијата е ваша, вие располагате со неа како сакате, склучувате договор со кој фиксен оператор по ваш избор....”.

Смрдливата златна кокошка
Ама што е со самата инфраструктура? Дали и колку им наплаќа Т-Home на другите фиксни оператори за користење на истата? На ова прашање би сакал да добијам одговор, но се сомневам дека некој ќе има...ај, “три чисти” да одговори, да не бидам вулгарен... Премногу недоречености. Договорите кои се склучуваат со ОНТЕЛ ги немало во куцана форма (барем така ми изјавија во еден салон) за да ги погледнам, туку податоците се внесувале преку компјутер и тогаш се печател за потпис. Како да не...

Не гледам ништо негативно кај ОнНет/ОНТЕЛ. Си нашле начин да работат. Проблемот лежи во had-to-be “златната кокошка”, како што своевремено се нарекуваше Т-Home, а која не снесе ниту едно златно јајце. Се што добивме од таа кокошка е изметот...а кокошкиниот измет најгадно....хм...мириса!


Клучни зборови:  Хардвер   Телеком   Телекомуникации   Телеком   Он.нет   WADSL   T-home   ОНТЕЛ   Он.нет   Телефони   Инфраструктура

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl

Twitter сервиси

Повеќе од 50% од сите твитови на Twitter се објавени користејќи мобилни и веб-базирани алатки, а не платформата на Twitter.com. Најпопуларен сервис е TweetDeck со 19.7% искористеност. (Мај, 2009)
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Од каде се информирате?

(116 глас/а)

  • 22.4%
  • 19.8%
  • 35.3%
  • 13.8%
  • 8.6%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
IWM NETWORK - iwmnetwork.com
ИТ Консалтинг, Интерактивен маркетинг, Истражувања и анализи, Веб дизајн...

IT.com.mk маркетинг