Почетна arrow Зоран Ивановски arrow ИТ новости arrow Чекајќи го ИНФОКОМ...
 
 
Хардверманија
Дигитални фотоапарати, ИТ новости, Софтвер, Хардвер
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Зоран Ивановски
 
Чекајќи го ИНФОКОМ... Испечати Е-пошта
Автор: Зоран Ивановски   
Објавено на: 10.11.2008
 

Во пресрет на овогодинешниот, 14-ти по ред ИНФОКОМ, се наметнуваат две прашања - што се случува со ИНФОКОМ – на што се должи константниот пад и тонењето на единствената манифестација од ваков вид кај нас? Дали овогодинешниот ИНФОКОМ ќе блесне со некогашниот сјај или ќе се загуби во сивилото на последните четири?

Воопшто не е лесно да се одговори на овие прашања. Причините се многубројни, а дискусиите за оправданоста или неоправданоста на истите непродуктивни. ИНФОКОМ го следам од неговите почетоци. Најнапред како обичен посетител, потоа и во својство на учесник и рецензент на истиот (со ПЦ ИНФО + и ЕНТЕР). На некој начин сум се соживеал со него. Затоа и неговиот константен пад го доживувам лично.

Се сеќавам на 2006 година. Уводниот говор на отварањето на саемот го имаше Претседателот на Република Македонија, господинот Бранко Црвенковски. Во своето излагање изјави дека му е драго што оваа манифестација секоја година бележи се поголем и поголем пораст?!?!

Со сета должна почит кон господинот Црвенковски и функцијата Претседател на државата, но оваа изјава во оваа ситуација звучеше....односно ќе звучеше смешно доколку ситуацијата не беше токму трагична! Тоа беше најлошиот ИНФОКОМ дотогаш! Знам дека уводниот говор на Претседателот беше про форма, и 100% сум сигурен дека говорот го има напишано некој од неговиот кабинет, со оглед на заузетоста на Претседателот со државничките работи.

Минатата година за прв пат не присуствував. Откако го видов официјалниот попис на изложувачи. И откако мој добар пријател, кој знае каква пасија ми е ИНФОКОМ, ми се јави и ми рече подобро да не одам, ако воопшто сакам да сочувам каков-таков убав спомен за него. Затоа што тој длабоко се разочарал кога влегол внатре.

Чекајќи го ИНФОКОМ...

А што видел внатре?
Па....да не се одржуваше во исто време и ФИНЕКСПО (Меѓународен саем на финансии, деловни можности и економски развој), тешко дека ИНФОКОМ воопшто и ќе се одржеше. Ова е мое лично мислење, кое не мора да биде точно, но го поткрепувам со фактот дека во рамките на првата хала од вкупно 17 изложувачи (значи, и толку штандови) имаше 14 фирми изложувачи кои имаат било каква допирна точка со ИТ и едно списание – ЕМИТЕР.

Можеби бројките 17 или 14 звучат солидно, барем во рамките на едната хала. Но споредена со минатите години, звучи во најмала рака – смешно. И трагично. Со оглед на големината на првата хала, недоволно да се пополни просторот и елиминира чувството на празнина, недореченост, штурост....Без карактеристичната живост и раздвиженот, а ниту бројот на посетители не беше како порано.

Не се каам што не отидов. Но, истовремено и ми е криво баш поради тој гест.

На што се должи падот на ИНФОКОМ?
Проблемот лежи во неколку грмушки. Првата е – раководството на Саемот. Во најмала рака е непрофесионално да се седи со скрстени раце и да не се реагира кога една од најголемите манифестации во годината се повеќе и повеќе пропаѓа. Кога бројот на посетители константно се намалува. Кога бројот на фирми изложувачи се повеќе се намалува. Од каде сум сигурен дека не се презема ништо? Од тоа што падот е константен. Нешто да било превземено верувам дека ќе имаше некаков ефект.

На прво место, во поглед на инвентарот со кој располага саемот а од кој се изведуваат штандовите. Набавени уште далечната 1972 година за шаховската олимпијада, одамна го отслужиле своето. Да не речам не личат на ништо. А за поставувањето на тие е такви паравани за оградување и формирање изложбен простор наплатуваат (според годинешниот официјален ценовник, кој може да се види на http://www.skopjefair.com.mk/manifestacii/infokom/infokom_prijavi.htm) минимум 45 Е по метар квадратен (без ДДВ). Со напомена дека цената се зголемува за 15% доколку штандот е во првата хала.

Најмал простор кој може да се закупи е 16 квадрати. Значи, за старудија од инвентар за најмалиот можен простор изнесува 16 х 45 = 720 Е + 18% = 850 Е. И додајте кон тоа 15% за “привилегијата” штандот да е во првата хала, сумата изнесува 977,5 Е (со ДДВ).

Тука е и задолжителната регистрација на фирма, што подразбира упис во каталогот за актуелната година, бесплатен примерок од истиот, бесплатни карти за влез и паркинг и сл., а која изнесува дополнителни 70 Е.

Едно само не ми е јасно – дали цениве се за ден или за сите денови додека трае саемот?
Ако е дневна, а верувам дека е (имам такво сознание), тогаш сумата која треба да се плати за цело времетраење не е занемарлива, со оглед што се добива за возврат. Тоа е вториот момент – цената за закуп на простор. На овој момент се пожалија голем број наши фирми.

Понатаму, отсуство на концепција и мешање на “баби и жаби”. Со оглед на драстично намалениот број на изложувачи, во последните неколку години раководството на саемот овозможуваше присуство на саемот и на фирми кои немаат допирни точки со природата на саемот. Книжарници, фирми за разна галантерија (со понекој ИТ детал), се “перчеа” покрај гиганти како НЕОКОМ. Ајде замислете ја оваа слика – НЕОКОМ со своите сервери и останати солуции и книжарницата “Малиот Принц” со своите сликовници, ножички, селотејпи (и останати артикли својствени за субјект од ваков вид) сместени едни до други?!

Немам ништо против “Малиот Принц”, во својата бранша важи за ценето име, но не му е место на ИНФОКОМ. Ниту на EXIMA, и слични фирми. Куп “џиџимиџарници” кои покрај останатото продаваа и цедиња беа дел од изложувачите минативе неколку години, и тоа не во пасажите (каде што според логиката на нештата и им е местото) туку по халите.
Некој ќе рече – не може или зошто да им се забрани присуство на овие и вакви фирми на ИНФОКОМ?

Поентата ми е дека грото такви фирми не се вклопуваат во концепцијата на саемот. Или ако веќе им се дозволува присуство, тоа треба да бидат токму пасажите.

Чекајќи го ИНФОКОМ...

Ова мое видување ми е потврдено од неколку наши реномирани компјутерски фирми, кога сме разговарале за нивното (не)присуство на ИНФОКОМ. Меѓу другите проблеми (кои ќе ги изнесам во продолжение на текстов) со кои се сретнувале е и токму ваквото нарушување на концепцијата на саемот. Не пресуден момент, далеку од тоа, но сепак – битен.

Какофонијата од звуци исто така е еден од проблемите на излагачите. Ја памтам 2003 година, РИВЕРСОФТ и АМЦ едни покрај други. Гигантски штандови, двокатни, богато опремени и одлично конципирани. Кај да отидеш попрво? Или, чија музика попрво да ја слушаш? Силни озвучувања, добра музика, актуелни хитови. Но, не и иста музика во исто време. Невообичаени миксови. :-)

И наредната година исто. Силни озвучувања беа заштитен знак на некои штандови, како и видео проекции на спотовите кои се слушаа истовремено. Една единствена мелодија не можеше да се слушне асално. Можеби посетителите тоа не го забележуваа, но некои излагачи – да, и тоа како. Од силната какофонија не можеа да одржат ниту еден деловен состанок во рамките на својот штанд.

Знам за една пријава мотивирана токму од тоа. Приговарачот има мал штанд, но секојдневно одржуваше деловни состаноци. Спроти него, видео проекции и силно озвучување. Ама и двокатен штанд, голема квадратура. “Тужибабата” не постигна богзнае што, а “узурпаторите” беа љубезно замолени од страна на менаџментот да ја намалат малку музиката. Колку тоа траеше, можете да замислите. Патем, “тужибабата” е мој добар пријател, па оваа информација е од прва рака.

Нееднаков третман? Да, ама и нееднакво закупена квадратура. Според логиката на нештата....знаете на што мислам. Друг сличен случај. Поради дискотеката на тркала во рамките на еден штанд во втората хала, комшијата од  соседниот штанд реши да не настапува на ИНФОКОМ, чинам, две наредни години. Едноставно, човекот се изнервира поради несоодветното (или никакво, не е познато) реагирање на раководството на огромниот број децибели кои излегуваа од тој автомобил.

И ред други проблеми, но да забегувам премногу. Што е превземено да се санираат овие проблеми? Дали се наметнати некои стандарди во поглед на гласноста на музиката, дали цените се доведени на некое ниво прифатливо за сите, кога ќе се замени инвентарот....?!?

Премногу отворени прашања. Одговори....што беа тоа одговори?

Дали само саемот е виновен?
Никако. Ајде малку да ги подбереме и нашите фирми. Неколку од нив воопшто не излегле на ИНФОКОМ. Никогаш досега. Или барем тоа го направиле во првите неколку сезони. Во ред, нивно право е дали ќе се појават или не. Но ќе запрашам – дали сметаат дека се до толку етаблирани па да “им се може” да ја игнорираат оваа манифестација? Малку препотентен став, се сложувале или не.

Секоја година се повеќе е изразен панаѓурскиот карактер на ИНФОКОМ (или барем така беше последните 3-4 сезони, до 2006). Тоа е врзано со цените на закуп на простор, бездруго. Ефектот од саемот се мереше според остварениот профит од продажба на конфигурации и/ или делови.

Не би требало и не би смеело тоа да биде така. Филозофијата на саемите како ИНФОКОМ е промоција, претставување, демонстрација. Бизнис зделки сосема различни од продажба. За жал, од сето тоа речиси ништо. Понекоја бизнис зделка и ќе паднела од состаноците, во тоа сум убеден, но промоции и демонстрации – ништо. Последна година која можеше да се пофали со такво нешто беше 2003. Од тогаш наваму - слабо, речиси ништо и на крајот апсолутно ништо. Единствено хостесите се убави како и порано. А го нема ниту бесплатното пиво....

Најчести одговори кои ги добивав на прашањето зошто не учествувавте на ИНФОКОМ годинава (или дали ќе учествувате) беше дека не се исплати, нема резон, високи цени а релативно слаби услови... Верувам дека гледаат и едни од други. Во стилот – и овој и оној нема да одат, што па да одам и јас....

Можеби е лесно да се мудрува од страна, но сепак ќе си дадам за право да ги критикувам ваквите ставови. Саемот е еден вид реклама. Саемот е маркетинг. Прилика да се промовираат себе си, својот асортиман, да направат демонстрација, да донесат некој од најновите, актуелни производи. Нека донесат Core i7 процесор, нека направат конфигурација со него и две Radeon 4870 X2 картички во CrossFire, па нека седнат посетителите да поиграат на неа некој актуелен наслов. Нека демонстрираат како се оверклокува тој процесор, како се оверклокуваат картичките.....Ефектот од продажба да го остават настрана, или барем во втор план. Презентации, мини семинари, демонстрации....тоа е суштината.

Што би можело да се стори да се мрднат работите?
Одамна овој саем требаше да се одвои од Саемот на Книгата, кој се одржува паралелно со ИНФОКОМ. На тој начин ќе се видеше колкава е посетеноста и измереше рејтингот на ИНФОКОМ. И вероватно од многу порано ќе беше јасно дека треба да се реагира и превземат мерки.

На пример, еден вид конференција на која би биле поканети сите менаџери на компјутерските фирми. Еден ваков собир сигурно би бил корисен, од аспект на согледување на проблемите со кои се соочуваат фирмите изложувачи, нивните видувања, да се продискутира што да се преземе да се одржи ИНФОКОМ...

Таков чекор предложив на една забава во рамките на ИНФОКОМ уште 2004 година, во еден разговор со тогашната менаџерка на Скопски Саем (не се сеќавам на името). Дали е дојдено до тоа – не сум сигурен. Неофицијално – не.
Очајничкиот потег за спас на ИНФОКОМ беше повлечен лани, со негово спојување со ФИНЕКСПО. Потег кој ја продолжи агонијата барем за година дена. До оваа година

Има ли шанси за спас?
Има, ако работите радикално се променат. А како стојат работите сега – не верувам дека и годинава нештo ќе се смени.
Секако, тоа допрва треба да се види. ИНФОКМ стартува на 14 Ноември, и ќе трае до 19-ти. Заедно со ФИНЕКСПО. Кој се ќе изложува? Ќе видиме. Имав идеја за анкета во врска со тоа, но откажувањата или премислувањата и накнадни пријавувања се можни, така да се воздржав од тоа. И од прогнози. Да причекаме и видиме.

Да не биде следниот напис на тема ИНФОКОМ – IN MEMORIAM.


Клучни зборови:  Infokom   Инфоком   Скопски саем   Информатичка технологија   ФИНЕКСПО   Саем на Книгата   Неоком   АМЦ   Риверсофт   Neocom   AMC   RiverSoft   Настани   Конференции


   

Коментари  RSS feed comment
 
 


Напиши коментар
Само регистрираните корисници можат да коментираат.

Нема коментари

Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
Гласајте за најдоброто во 2008
RSS канали на it.com.mk

Гејминг

Гејминг(Gaming) е фраза која го опишува играњето на електронски игри на компјутер или пак на некоја друга конзола. Во последните неколку години особено популарни станаа игрите кои се играат преку LAN или интернет, кои почнаа да добиваат статус на спорт.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
YouTube
FriendFeed
LinkedIn
IWM NETWORK - iwmnetwork.com
ИТ Консалтинг, Интерактивен маркетинг, Истражувања и анализи, Веб дизајн...

IT.com.mk на Twitter