IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Зоран Ивановски arrow Софтвер arrow Пиратеријата - наша реалност!?
 
 
Хардверманија
Дигитални фотоапарати, ИТ новости, Софтвер, Хардвер
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Зоран Ивановски
 
Пиратеријата - наша реалност!? Испечати Е-пошта
Автор: Зоран Ивановски   
Објавено на: 26.03.2008
Потегнувањето дискусија за оваа тема како по правило ми предизвикува вознемиреност.Без разлика дали се работи за најобичен муабет, вест во весник, телевизија, “дремење” на Skype или MSN... Има и добри причини зошто е тоа така. Многу од причините имаат своја предисторија – датираат уште од едни секако поубави времиња. Од самите зачетоци на нашето информатичко  воспитување...едуцирање...воздигнување... Актуелноста на оваа тема е неспорна...како и фактот дека тоа уште долго време ќе остане така како е. За жал?!? Ќе видиме...

Да не го “тупам” многу. Моите видувања за оваа тема се јасни, во што ќе се уверите во продолжение на текстот. Како ќе ги сватите моите ставови и размислувања е ваша работа. Јас ќе си кажам што мислам, како и многупати досега.

Во една прилика, во рамките на едно наше списание, дадов свое видување за пиратеријата и нејзиното значење за развојот на ИТ културата и образованието кај нас. Реакциите по мејловите ми се доволен показател дека размислувањата ми се ОК. Ма колку и да ги оспоруваат истите некои надобудни пуританци и квази борци за почитување на интелектуалната сопственост, авторски права и т.н., и т.н.
Слободно нека ме дочекаат “на нож” гореспомнатите персони. Подготвен сум со нив да полемизирам на оваа тема во секое време. И не само тоа – ги повикувам да ми докажат дека не сум во право. И тоа со аргументи...ако имаат вистински. Јас сметам дека имам, и тоа силни.

Е ајде де, искажи се...

Слушам вести деновиве, запленети 3.000 дискови во Дебар. Машала! Јака работа! Очигледно, организаторите на оваа акција ќе си пришијат уште некој орден или ќе добијат уште некоја “чварка” на нарамениците, кои ќе означат повисок чин. И ќе се шепурат со нив, како и со епитетот дека, ете, дале свој придонес во борбата против пиратеријата во државава. Ќе бидат воздигнати во очите на малиот број истомисленици, на дволичните особи кои го носат синдромот на доктор Џекил. Личностите кои пред камерите и микрофоните на цел глас блебетаат за заштита на интелектуалната сопственост и сузбивањето на пиратеријата (Доктор Џекил), а дома на своите полици и во своите компјутери имаат цел куп нелегален софтвер, дискови со филмови и игрици (Мистер Хајд). Нема теорија некој да ме увери дека за три компјутерски игри од типот на Crysis, Bioshock или World of Warcraft: The Burning Crusade одвоиле 4-5 илјади денари. Зошто, кога кај локалниот дилер (читај: ПИРАТ) истите ќе ги набават за 300-400 денарчиња.

Кај истиот тој дилер, чии “колеги” висат по автопазари и слични “културни манифестации” со цел да преку продажбата на ЦД/ДВД заработат понекој денар за живеачка!

Се сеќавам на една спектакуларна, грандиозна...море, типично холивудска акција на Скопскиот авто пазар од страна на нашата полиција...или пак беа некакви инспектори...како и да е.
Зад параванот на овластувањата која им ги дала државата и поради кои не е паметно да им се мрчи многу, собраа импозантна количина на културен материјал од сите жанрови – музика, филмови (стандардни и порки), игри, софтвер, разни видови мултимедијални ЦД/ДВД-а. Каде завршија тие дискови никој не ми положил сметка, ниту верувам дека тоа ќе се случи. Ниту пак е положена сметка на јавноста. Наводно, дисковите биле уништени. Вероватно со истиот багер од пред неколку години. Дали бил направен записник, во кој би било наведено колку дискови, какви, со каква содржина, по колку примероци од ист вид и содржина се одземени, и дали уништените дискови според сите овие наведени параметри одговараат на записниците – тоа никој не знае. Како што не се знае и дали по некое парче било бендисано и земено за домашна колекција од страна на борците против пиратеријата и заштитниците на авторските права. Без разлика дали е во прашање игра, софтвер, обичен филм за забава или некој од “оние” филмови, кој би требало да внесат нов момент и нова свежина во нивните бајати и лабави “онакво-таквоечки” животи, нова идеја за...знаете на што мислам.

Зошто мора да биде така?
Ајде де, навистина, зошто? Чии авторски права ги штитиме?
Потполно се сложувам дека треба да се заштитат авторските права на домашните музичари, режисери, актери и сите медиуми со содржини чии автори се наши државјани. Тоа бездруго.
Во тој случај, кој фактор е, на пример, некојси таму Брус Вилис кој веќе четири пати умира машки и никако конечно да “рикне”, и за кого не верувам дека ќе знае на картата на светот да покаже каде е Македонија, ниту да ги каже барем најосновните податоци за нашата држава? Зошто тогаш мора некој кај нас да ги штити авторските права на “Умри машки”?
И кој ги штити?

Да не е тоа онаа квази компанија која увезува ѓубре во вид на шпански серии кои го преплавија етерот, кои ги окупираа термините на локалните и националните ТВ станици до таа мерка да нема ништо попаметно да се гледа на ниту една телевизија? Серии без никаква уметничка вредност, кои се добри единствено за лечење запек? Ама ајде. Да не познавате случајно некоја будала која истите серии ги продава на ДВД? Или некоја уште поголема будала која истите ги купува?

Како држава не добиваме апсолутно ништо со тоа што на некое сиромашно суштество ќе му се одземат 20-30 ДВД-а со филмови или софтвери. Конечно, зошто воопшто и да се одземаат дисковите со софтвери од компании со кои нашата држава не потпишала договор/памфлет за заштита на “држгомарогајтанот”?
Договор има со Microsoft. Каков и да е, сепак е договор и можам да разберам да се штити истиот. Факт е и дека како држава имавме потпишано некаков памфлет со кој се обврзуваме на крстоносна војна против пиратеријата и “нарушувањата на авторските права” како што милуваат да кажат кога се лигават пред микрофоните и камерите.

Блазе си нас со такви крстоносци. Да сме барем половина така агилни кога треба да се бранат сопствените интереси. Т.е., да видиме како ќе заврши крстоносната војна со јужниот дел на некогашната голема македонска држава. Тоа секако е побитно од Microsoft и вујче Били. Тој има доволно милијарди на своето конто за задникот да го избрише со понекое доларче – зошто да ризикува да добива хемороиди од неквалитетна тоалетна хартија? И зошто притоа да се грижи за Македонија?

Можам да го разберам и адвокатот Валентин Пепељуговски. Овластен застапник е на една странска информатичка компанија која е ексклузивен застапник за производите на ADOBE (вива фотошоп, бај д’ уеј). Праќа опомени за користење нелегални копии, ги плаши фирмите како баба рога деца и упатува каде да се набават легалните копии на софтверите на ADOBE. Ако за првото и е во право, за второто секако дека не е. Изборот од каде ќе се купи фотошопчето е на крајниот корисник. Ако на тој му се исплати да ака до Софија или што знам, до Хелсинки, тоа е негов избор. За свои пари човек ќе прави што сака и ќе ги арчи каде сака.

Што има ова врска со диносаурусите?

Баш ништо во суштина, но секако има со развојот на ИТ културата и нивото на ИТ едуцираност во нашата држава. Ако се навратиме наназад едно 5 до 10 години, ќе се потсетиме на леснотијата на достапност на софтверите. ОК, и филмовите и музиката. Развојот на интернетот само ја зголеми таа достапност, до таа мерка да денеска се доволни неколку кликнувања со глувчето и да се дојде до саканиот софтвер. Но, што ќе се случуваше ако софтверот уште од времето не ни беше лесно достапен? Или, да постоеше закон за пиратерија уште од времето? Како ќе се образувавме информатички?

Дури и денеска, кога компјутерите се полесно достапни за секого како никогаш досега, не е лесно да се издвои потребната сума пари за набавка на сиот потребен (најнеопходен) софтвер. Ќе рече некој – има бесплатни алтернативи. ОК, има, но не во толкава мерка. Ниту со Линуксот не е подобра ситуацијата. А тука се традиционалните навики на народот – “Џамчиња” и Ворд. Кој ќе ги учи алтернативите? А и пријателите му се на “Икс Пе и Офис 2007”. Зошто тој да биде поинаков?

Но, тоа е така сега.
Пред десетина години, па и повеќе, не беше баш така. Бесплатни алтернативи немаше, или пак нивниот број беше занемарлив. Се се сведуваше на веќе испробаните алатки и на “Чирајтерот” за пишување на кирилица. Но, и тие не беа бесплатни ниту тогаш. А тогаш чинеа и неспоредливо повеќе.
Како тогаш просечниот македонец да го набави сиот неопходен софтвер, со своите “европски” примања? Со тие и такви примања да плати светски цени, кои повеќекратно го надминуваат стандардот кој одвај достигнува за леб, гравче и сува пиперка? Се разбира – НИКАКО.
Тука пиратеријата одигра клучна улога.

Достапноста на сиот тој софтвер на тој и таков начин овозможи да се описмениме, драги мои крстоносци, надобудни душегрижници, ситни чиновници со ситни душички!!!

Колку и да звучи парадоксално или грубо – тоа е вистината. Таа не треба никого да боли; треба да и се погледне во очи. Да не беше пиратеријата, ќе останевме во канџите на информатичкото слепило и неукост. Не е без причина изјавата дека во 21 век информатички неписмените ќе имаат третман како и неписмените по завршувањето на втората светска војна.

Можам да шпекулирам како било во сите тогашни фирми – не верувам дека сите се претргнале од купување на фотошопови, вордови, корели, виндовси и што ти ја знам. Повелете, исправете ме ако грешам. И ќе се извинам ако треба, нема проблем.

Конечно, нека изнесат податок сите – и судови, и МВР, и војска, и Јавни препријатија, и АД компании, телевизии, радија – дали во изминатите години (пред памфлетите и договорот со Бил Гејтс) користеле легален софтвер, кога го набавиле, за која сума, под кои околности, доказ за легалноста на набавката, фактура....Баш ме интересира, дали моиве размислувања ќе бидат поткрепени или уништени. Но, не верувам дека резултатите од овој апел ќе бидат импозантни. Да ги прашам сите актуелни видео монтажери, аудио монтажери, кои користат софтвери за таа намена – дали софтверот кој го користеле во минатите години им бил легален? Сите веб-дизајнери, било како поединци, било како фирми – дали секогаш, ама баш секогаш користеле легален софтвер? Сите новинари? Сите печатници, сите графичари?

Да не набројувам, би одзел (непотребно) преголем простор за тоа. Едно е јасно, само треба да се биде искрен. Нема, не постои некој кој никогаш не користел нелегален софтвер, или да го наречеме пиратски. И многумина кои во тоа време си го испекле занаетот немале да ја имаат таа можност ако морале сами, од свој џеб, да го платат сиот тој софтвер. Не беа само цените на софтверите во прашање. Тука повремено се појавуваше и проблем на достапност на одредени софтвери. Интернетот го реши тој проблем со тек на времето.

Затоа, сметам дека према пиратеријата треба да се има нешто пофлексибилен пристап. Без обзир на повелбите/памфлетите за борба и заштита и дрн, дрн. Како што реков, нека се заштитат правата на македонските автори. Нека се заштитат, ако треба, правата и на оние фирми со кои постојат склучени договори, макар тие биле и под извесен знак прашање. Но, баталете го останатото. Фарсите со затварње ДВД-теки нема да ја спречат пиратеријата. Истиот софтвер пак ќе кружи наоколу. И постојано ќе се дополнува! Од каде? Еве неколку примери.

Softarchive и DDL – рајски сајбер градини
Не се единствени, но се најпознати. Нема што нема. И што е најинтересно – никој не ги попречува во работата. А и зошто би? Немам сознанија за статусот на овие два сајта во нивните матични држави, но со оглед дека постојано опстојуваат, верувам дека никој не ги закача. А тука има се што може да затреба – од најобична десктоп алатка до ДВД филм. Не верувам дека во нивните матични земји не знаат за нивното постоење – вероватно има нешто чим сеуште се присутни, вероватно некој смета дека од интерес е нивниот опстанок. Тука сум чест гостин. Па, зошто да не кажам и дека се чувствувам како дома!

“Свети Демоноид Великомаченик”
Виртуелна реалност, виртуелни оперативни системи, технологија на виртуелизација кај најновите модели на процесори, виртуелен свет....па зошто да не и виртуелен, сајбер светец?
Demonoid секако го заслужува епитетот светец....макар и виртуелен...сајбер светец. Торентите од неговите архиви сторија безбројни корисни нешта, направија безброј услуги, завршија огромни работи на многумина. Не милуваа како сонце. Ни ги грееја душите, ни пружаа радост и утеха, верба во подобро утре...(ај, не зајдувај, е*аго)... Затоа, како бомба одекна и веста дека Demonoid е down. И така е веќе втор месец, ако не се лажам? И нема најави дека нешто ќе се смени во иднина. (За среќа, тука е Torrentz да ја вади работата. Колку може...а може. Пукнете душмани!!!) Чувањето на толкава масивна архива е несомнено тешко бреме. Мачење. Затоа, сметам дека мојот предлог е на место и треба да се усвои – Demonoid да се прогласи за светец! Великомаченик!

Rapidshare за претседател!?!
Премногу добро да би било вистинито...но, навистина, колку гласови би добил овој најпознат uploader/downloader на некои избори? Обидете се да го замислите секојдневието без него. Megaupload и сличните на него не можат да бидат достојна замена. Зголемувањето на бројот на земјите (тука е и соседна Србија) каде може да се извади Premium акаунт постојано расте, потврдувајќи ја репутацијата на Rapidshare! Ако не се лажам, Rapidshare е со седиште во Германија. Дали работи инкогнито?  Не верувам. Дали секој софтвер е легален? Проверете! Дали германските власти го затвориле? Проверете!!
Сметам дека ви е јасно што сакам да кажам...

Ајде, доста веќе...
ОК, тука ќе завршам. Се надевам дека некому ќе му стане јасно што и кого штити, и дека од тоа нема ништо. Дека пиратеријата ќе продолжи да опстојува. На било кој начин. Дек апроблемите треба да се решаваат на поинаков начин. Да се пронајде некаков модус тоа да стане неисплатлива работа. Апсењето, шиканирањето и финансиското сакатење на автопазарските мушички секако дека не е вистинското решение. Тоа е опашката. Треба да се свати и дека со македонски стандард не може да се плаќаат светски или европски цени. Треба да се свати дека под параванот прием во ЕУ другите си ги штитат првенствено нивните интереси. Колку им е стало до нас гледаме секојдневно. Ние и покрај тоа ги штитиме нивните интереси – зошто? Што имаме од тоа? Влез во ЕУ? Муахахахахаааа!!!!!

Дали јас ја поддржувам пиратеријата?
Сметам дека мојот став е јасен. Не поддржувам повреда на авторски права на домашни артисти, изведувачи и т.н. Се што е домашно, наше, треба да се заштити. Безусловно. За странското – ме заболе уво! Барем додека не станеме дел од фукарата наречена ЕВРОПА. И додека не се здобиеме со европски стандард. Верувам дека тогаш ќе си ја купам и најновата верзија на Фотошоп. Легална, се рабира. Нека кошта што кошта!

А што мислите вие, драги мои на сето ова?
Имате долу линк, па повелете, плукајте, фалите, додавајте, одземајте....

Клучни зборови:  Зоран Ивановски   Пиратерија   Авторски права   Индустриска сопственост   Rapidshare   Demonoid

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Првиот сајт

Првиот веб сајт е создаден со HTML код на 6 Август, 1991 од страна на Тим Бернерс-Ли. На сајтот биле објавени информации за тоа што е WWW и како се користи. Сајтот изгледал нешто слично на ова.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(187 глас/а)

  • 73.8%
  • 6.4%
  • 6.4%
  • 13.4%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност