Почетна arrow Настани
Испечати
Трибина за приватноста во Македонијa
вторник, 26.08.2008 10:00 - 17:00
На 26 август 2008 година со почеток во 10 часот во просториите на Стопанска комора на РМ ќе се одржи трибина посветена на приватноста во Македонија во периодот 1 јуни, 2007 до 1 јуни, 2008 г.

Трибината ја организира фондацијата Метаморфозис како дел од подготвувањето на македонскиот дел за глобалниот извештај „Приватност и човекови права“. Фондацијата Метаморфозис, во соработка со Правната програма на ФИООМ и Дирекцијата за заштита на личните податоци, по трет пат го организира составувањето на овој извештај, со учество на видни експерти од сите сродни области. Целта на трибината е разгледување на претходно подготвениот нацрт-извештај и овозможување на учесниците да придонесат со свои забелешки и дополнителни информации.

Глобалниот извештај „Приватност и човекови права: Меѓународен преглед на законите и случувањата поврзани со приватноста“ го издаваат ЕПИЦ од Вашингтон, САД и Прајваси интернешнл од Лондон, Велика Британија, во соработка со организации од скоро осумдесет други земји. Освен во вид на книга, целиот текст е бесплатно достапен и во дигитална форма . Извештаите за секоја држава содржат информации за законските рамки и значајни случувања поврзани со заштитата на лични податоци во дадениот период.

Настанот ќе биде отворен за јавноста.
Контакт
Е-пошта: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Интернет адреса: http://www.metamorphosis.org.mk/content/view/1217/26/lang,mk/
IT.com.mk форум
RSS канали на it.com.mk

ANSI

American National Standards Institute, членска организација основана во 1918 година, која го координира развојот на американски национални стандарди како во приватниот така и во јавниот сектор. Стандардите за ИТ се однесуваат на програмските јазици, EDI, телекомуникации и физичка сопственост на дискети, кертриџи и магнетни ленти.

Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
Last.fm
FriendFeed
LinkedIn
MKHOST - www.mkhost.com.mk
Веб хостинг, регистрација на домени, аудио стриминг, дизајн на веб страни

IT.com.mk на Twitter