JPEG
Joint Photographic Experts Group е ISO/ITU стандард за компресирање на слики. JPEG форматот е популарен поради неговиот голем опсег на разновидна компресија. Сликите кои се во форматот JPEG се сочувуваат со квалитет по Ваш избор.
Нема настани во наредните денови.
Гејмерите се Сајбер ѕверов
Од: Gonzich на 11 сеп 2008 во 01:07ч
Искрено, сега веќе не ме интересираат игрите, иако голем дел од детството сум го оставил по играчници и слично, ама сакам да преведам (во кратки црти) еден дел од еден интересен коментар на еден блог на кој што налетав деновиве.
Коментарот има наслов „Игрите нè заслепуваат со наука“.
Муабетот во статијата е ...
Некој си научници прават истражување што се случува со децата додека играат. Како пример надгледуваат WOW група на играчи што пробуваат да убијат некој boss.. и не успеваат од прв пат и почнуваат да смислуваат стратегии, прават excel табели, пишуваат енергии и прават пресметки која стратегија е најдобра во кој момент...
Сето тоа кога ке се спореди со некоја наука претставува истражување што би се вршело за некоја лабараториска вежба... и така натака... Целиот муебат во статијата е дека тие деца се надарени за наука... само што треба на прав јазик да им се пренесе...
Така што мислам дека има многу интелигентни деца по играчниците и дека не треба да се споредуваат тие со некои ѕверови и слични зборови.
Зашто еднаш не напишат новинарите за некои деца кои постигнале успех во Cyber Sport-от кај нас.. а имавме некои добри резултати... демек тие новинарите кога биле деца сите биле спортисти и сега децава се „дебили и ѕверови“ зашто имаат друг вид на спорт...
Како и да е ... еве го линкот подоле од целосната статија. Би ја препорачал да ја прочитате.
Link Text
» Пријави коментар