Twitter е сервис за микро-блогирање, односно објавување на постови до 140 карактери. Пораките можат да
бидат објавени директно од веб прелистувач, ИМ клиент, СМС, е-маил или пак некоја десктоп апликација
наменета за тоа. На исти начини може да одберете и да ги добивате постовите на луѓето, кои според јазикот
на овој сервис, "ги следите". Првично наменет за полесна и побрза комуникација, Twitter се покажа како доста
корисен сервис за брзо информирање, по што беше прифатен од многу интернет корисници, но и од големи
медиумски имиња, холивудски ѕвезди и компании.
Овој водич е составен од претходно објавувани текстови, статии и совети на IT.com.mk. Сите тие се додадени
во овој водич со цел да го објаснат овој феномен.
За повеќето претпријатија, владини институции и финансиски организации, неизбежно е
да се има некој вид на заштита на нивните приватни мрежи и комуникациски центри. Дополнително, многу организации имаат апликативни и финансиски побарувања за кои е потребен и интернетот или некој вид на друга мрежа од големи размери која не е заштитена од непожелни напади.
Паметната картичка, е пластична картичка со големина на кредитна картичка, со вграден чип со интегрирано коло. Self-containment на паметната картичка ја прави отпорна на напади. Поради оваа особина, паметните картички често се користат во различни апликации кои бараат јака безбедносна заштита и автентикација.
Идејата на овој труд е да понуди, како на обичниот граѓанин, така и на фирмите, ажурен и брз пристап до сите вести или објави, кои се појавуваат во целокупниот печат на одредено географско подрачје. Со реализацијата на овој труд е добиен информациски систем кој е интернет ориентиран, и преку кој се одвива целокупната интеракција помеѓу корисникот и печатот.
Говорни технологии - Автоматско препознавање на говор
Објавено на: 15.06.2008
Говорот е најприродниот начин за комуникација помеѓу луѓето и се користи за најразлични цели - од пренесување на пораки за меѓусебно разбирањео до изразување на чувства и емоции. Во следниов едукативен материјал, доц. д-р Иван Краљевски од Факултетот за Информациски и комуникациски технологии при ФОН универзитетот подетално зборува за системите за автоматско препознавање на говор и досегашниот развој на овие системи.
Со цел да се заштитат внатрешните и надворешните мрежи на компаниите, системските администратори се зависни од користење на голем број на сигурносни системи кои можат значајно да им помогнат и да го оневозможат пристапот до доверливи информации од страна на хакерите. Едни од клучните сигурносни системи кои се користат во сигурносна инфраструктура на големите компании се огнените ѕидови (firewalls) и системите за детекција на наметнувања (Intrusion Detection System.) Во овој документ, Ѓоко Крстиќ зборува за разните видови на IDS системи и како тие функционираат.
Според добиените статистики од Facebook во април, 2009 скоро 143.000 жители на Македонија (околу 7% од популацијата) имале свој профил на оваа друштвена мрежа. Истиот месец, 10% од србите биле Facebook корисници, додека само 3.4% од бугарите а 13.4% од хрватите биле FB членови.