IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Едуцентар
Тројански коњи - Проклетство на дигиталниот свет
Објавено на: 12.02.2010

По релативно долгата работа и посветеност дојде време да се заокружи во целина материјата која беше цел на едно конзистентно истражување. Објавувањето на овој труд е резултат на мојата повеќегодишна преокупираност со проблемите од компјутерската безбедност. Следејќи ја заинтересираноста за статиите Веб експлоатација и Преоптоварување на стекот, како и посетеноста на блогот кој го водев низ средношколските денови, бев поттикнат мојот ангажман да продолжи со едно поголемо дело од општ интерес.

Преземи PDF (8.28 мб). 

 
Twitter: Целосен водич
Објавено на: 02.07.2009

Twitter е сервис за микро-блогирање, односно објавување на постови до 140 карактери. Пораките можат да бидат објавени директно од веб прелистувач, ИМ клиент, СМС, е-маил или пак некоја десктоп апликација наменета за тоа. На исти начини може да одберете и да ги добивате постовите на луѓето, кои според јазикот на овој сервис, "ги следите". Првично наменет за полесна и побрза комуникација, Twitter се покажа како доста корисен сервис за брзо информирање, по што беше прифатен од многу интернет корисници, но и од големи медиумски имиња, холивудски ѕвезди и компании.

Овој водич е составен од претходно објавувани текстови, статии и совети на IT.com.mk. Сите тие се додадени во овој водич со цел да го објаснат овој феномен.

Преземи PDF - Twitter: Целосен Водич (1.47 мб). 

 
Firewall (Огнен ѕид)
Објавено на: 08.11.2008

За повеќето претпријатија, владини институции и финансиски организации, неизбежно е да се има некој вид на заштита на нивните приватни мрежи и комуникациски центри. Дополнително, многу организации имаат апликативни и финансиски побарувања за кои е потребен и интернетот или некој вид на друга мрежа од големи размери која не е заштитена од непожелни напади.

Преземи PDF (590 кб). 

 
Smart Card (Паметна картичка)
Објавено на: 21.09.2008

Паметната картичка, е пластична картичка со големина на кредитна картичка, со вграден чип со интегрирано коло. Self-containment на паметната картичка ја прави отпорна на напади. Поради оваа особина, паметните картички често се користат во различни апликации кои бараат јака безбедносна заштита и автентикација.

Преземи PDF (600 кб). 

 
Информациски систем за клипување на весници
Објавено на: 15.08.2008

Идејата на овој труд е да понуди, како на обичниот граѓанин, така и на фирмите, ажурен и брз пристап до сите вести или објави, кои се појавуваат во целокупниот печат на одредено географско подрачје. Со реализацијата на овој труд е добиен информациски систем кој е интернет ориентиран, и преку кој се одвива целокупната интеракција помеѓу корисникот и печатот.

Преземи PDF (1.2 MB). 

 
Говорни технологии - Автоматско препознавање на говор
Објавено на: 15.06.2008

Говорот е најприродниот начин за комуникација помеѓу луѓето и се користи за најразлични цели - од пренесување на пораки за меѓусебно разбирањео до изразување на чувства и емоции. Во следниов едукативен материјал, доц. д-р Иван Краљевски од Факултетот за Информациски и комуникациски технологии при ФОН универзитетот подетално зборува за системите за автоматско препознавање на говор и досегашниот развој на овие системи.

Преземи PDF (660 кб). 

 
Видови системи за детекција на наметнувањa
Објавено на: 21.03.2008

Со цел да се заштитат внатрешните и надворешните мрежи на компаниите, системските администратори се зависни од користење на голем број на сигурносни системи кои можат значајно да им помогнат и да го оневозможат пристапот до доверливи информации од страна на хакерите. Едни од клучните сигурносни системи кои се користат во сигурносна инфраструктура на големите компании се огнените ѕидови (firewalls) и системите за детекција на наметнувања (Intrusion Detection System.) Во овој документ, Ѓоко Крстиќ зборува за разните видови на IDS системи и како тие функционираат.

Преземи PDF (460 кб). 

 
IT.com.mk форум

Bluetooth?

Технологијата Bluetooth го добила своето име по норвешкиот крал Харалд Блутут (Harald Bluetooth), кој бил познат по тоа што ги обединувал завојуваните племиња во Данска и Норвешка. Целта на технологијата исто така е да ги обедини разните технологии.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(160 глас/а)

  • 75%
  • 7.5%
  • 6.3%
  • 11.3%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност