Jas.mk е лесен за користење корисен сајт за креирање на резиме (CV) за многу кратко време кое потоа можете да го симнете во .pdf или .word формат или да го споделите на друштвените мрежи. Moжеби не е LinkedIn, но е .mk сервис!
Регистрирајте се, пополнете ги полињата и voila имате спремно CV. Доколку не сакате резимето да биде јавно имате опција да го заштитите со код. Кодот потоа споделете го со вашиот иден работодавач и тој ќе го разгледа CV-то.
Harmony e веб базирана алатка за цртање која настанала како експеримент на Рикардо Кабело.
Алатката е направена во HTML5 не во Flesh и е навистина креативна алатка за цртање.Доколку имате трпение и вештина ќе можете да направите навистина интересни цртежи, пример како овој цртеж. Клучни зборови: Harmonyпроцедурално цртањесоветHTML5цртежРикардо Кабело
ICANN, интернационалната организација за имиња на
домени, размислува да воведе посебни домени за порно сајтовите. Порно сајтовите моментално ги користат комерцијалните .com домени. Воведувањето на посебен домен ќе им овозможи на родителите полесно да ги блокираат порно сајтовите, филтрирајќи го само .xxx доменот.
Интересно што иако звучи како добра идеја, сепак овој предлог претходно беше одбиван, прво во 2000 година, па во 2006, па во 2007.
Twitter стартуваше опција за споделување локација. Oпцијата „Твитај ја локацијата“ по зададено е исклучена, што е добро за приватноста пред се на новите корисници, но и одлична опција за користење на геолокацијата да се означи местото на настаните.
Апликацијата ги користи Google Maps и се појавува како мала зелена игличка во најдолниот дел покрај името на апликацијата од каде е испратен твитот. Twitter нуди контрола врз секој поединечен твит дали да ја сподели локацијата, како и опција да ги избришете сите информации поврзани со локацијата од сите претходни твитови. Се чини дека опцијата не е достапна за геолоцирање преку прелистувач, иако е најавено, но ја има на неколку мобилни апликации.
Google Apps Marketplace е место за девелоперите директно да ги продаваат своите апликации на клиентите на Google. На самиот почеток околу 50 софтверски компании се заинтересираa да ги закачат своите бизнис апликации на „облакот“. Апликациите ќе бидат интегрирани во веб базираните Google Apps како на пример Google Docs. Клучни зборови: GoogleAppsGoogle Apps Marketplaceпазароблакcloud computingапликациисофтвер
WTFJeans
се комплетно дизајнирани да бидат „компатибилни со iPоd и iPhone“. Задните џебови се со посебно тенки-влакна направени да го зашитат уредот и да ги исчистат екранот кога го вадите телефонот. Фармерките имаат скриен „безбедносен“ џеб за USB стик. Прави фармерки за гикови, вели српскиот блогер Пеѓа Пушеље - Блоговски кој заедно со блогерката Сања Растовач - Аурора го стартуваа овој интересен проект. Клучни зборови: WTFJeansПеѓа Пушеље - БлоговскиСања Растовач - АурораблогфармеркиiPodIPhoneпопуларностхардвер
Нервозни сте, лути на некој, нешто ве мучи? Тогаш Испразни се! Овој сајт е интересна идеја. Не само што можете слободно да се испукате на интернет, без некој да ви се налути или да има последици, туку преставува и интересен сајт за забава. Има навистина интересни коментари од секојдневието.
Едноставно кликнете на „Тука“, одберете си псевдоним, категорија и напишете што ве мачи во 350 букви. Потоа оставете на посетителите да се сочуствуваат со вашата мака и да ја рангираат вашата порака.
На Twitter се појавија лавина критики за МАРНет, македонскиот регистар за интернет поддомени како .mk, .com.mk, .org.mk домен...Критиките од корисниците се многу и разновидни. Се чини проблеми со МАРНет има многу и се чини дека сега за сега нема да се решат. Од регистарот рекоа дека МАРНет, кој сега е воден од Универзитетот „Кирил и Методиј“, наскоро ќе биде превземен од Министерството за информатичко општество (МИО). Се чека на официјалната процедура и закон најавени за „првиот квартал од оваа година“. Клучни зборови: МАРНетрегистардоменподдомениМинистерсво за информатичко општествоМИОуниверзитеткритикиTwitter.me.mk.com.mk.org.mkИТ.мк
Што би правеле без интернет? Дали интернетот е најголемата моќ што сте ја имале вие како индивидуа? Овие прашања ги поставуваме само 20 години од постојањето на интернетот. За само 20 години над 1.7 милијарди луѓе се онлајн. 79 отсто од нив веруваат дека интернетот е основно човеково право. Преку мрежата влијаеме на секојдневието. Стануваме свесни за нови информации и искуства и отворено комуницираме со други култури. Затоа, славејќи ги дигиталната револуција, BBC започна интересен дво-неделен серијал соодветно крстен „Супер Моќ“, кој преку радио, телевизијата и онлајн сајтови ќе ја објасни и документира моќта на интернетот. Клучни зборови: BBCинтернетсупер моќКомуникацииАрхеоблогГолемата сликасеријалБиБиСикомуникацијаинтеракција#danemasheinternetSuper PowerSouth Park
CopyPasteCharacter е едноставен сајт кој ви нуди избор на знаци - ☃ ✌ ☝ ☂ .... Користејќи ги знаците можеби ќе направите посоодветна комуникација со некој на друштвените мрежи, Facebook или Twitter. Доволно е само да кликнете на знакот кој сакате да го пастирате и тој веќе е ископиран на вашиот клипборд. Потоа само пастирајте го каде сакате. Сајтот нуди и HTML код до знакот дололку сакате да го вметнете во дел од вашата страница, можеби блог... А можете и да ископирате и повеќе знаци држејќи го копчето „alt“ додека кликате на знаците. (via @Twibi) Клучни зборови: copypastecharacterкопипастирајкарактеризнациклипбордзакачивметнисовет